Последен гледан филм со кратка рецензија

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246


Trees lounge (1996)

Еден од мојот тип на филмови... транзиција, љубов, разговори, но, not too much of any of the above.:)
Убав опис има "A story about one man's search... for who knows what.".
Steve Buscemi - director, writer, star :)
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Одамна се канев да ги погледнам со редослед Iron Man (1,2,3), Thor и The Avengers.
Ќе почнам со Iron Man од третиот и најновиот дел па преку Тор ќе стигнам до соединувањето на трите лика плус зеленото горило и капетанот.

Iron Man (3)



Убаво напумпано тројче за третиот дел. Пред се` морам да кажам дека никогаш не сум била љубител на вакви железарии, ниту каверот ниту приказната неможеа долг период да ме натераат да седнам пред пц и да си посветам еден долг маратон за да добијам една слика за тоа што всушност изминативе години се зборуваше за оваа трилогија. Сепак, тоа не ми дава за право да речам дека првите два дела на Iron Man не чинеа, туку баш напротив, покажаа дека третиот дел е едно исфорсирано сценарио и крајно досадно кое прстите постојано ми ги водеше кон стрелките за мотање.

Што (не) му фалеше на третиот дел?

Во третиот дел се чуствуваше потребата да се престави реалистично железниот човек преку сцените на неносење на оклопот како и умешно да се пласира една добра приказна која претходно сме ја виделе и генерално сме ја величеле - Бетмен. Меѓутоа оваа вторава е класично клише, шиткање срање запокавано со добри ефекти и ужасен крај.

Мислам дај :pos:

Тешко е да се избегне впечатокот дека овој филм се обиде да направи нешто во стилот на Кристофер Нолан, но очигледно е дека утна. Тотален промашај кој го доведе до граница значењето на овој херој.

Добрата страна на филмот е истата што и во претходните два дела. Iron Man 3 понуди добра доза на специјални ефекти чии апетити на верните обожаватели ќе бидат пристојно задоволени. Со оглед дека имаше сјајни глумци се поставува прашањето зошто филмот испадна тотално промашување.

За останатите утре. :icon_lol:
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Escape Plan

Снимката слаба, но филмот добар.Уставри не добар, предобар е :)

9/10
 
H

HoT IcE

Гостин
Adore
По постот на wot решив да го симнам и да го изгледам. Не зажалив. Се што пиша тој е вистина. Фантастична драма со преубави пејсажи и приказна.
Како и самиот што рече, Наоми и Робин се одлични во филмот, страшна глума и емоција, ама и двајцава дечки кои досега ги немам видено во филм, одглумија одлично, особено Иан, овај другиов ми е Бен Афлек тип на глумец.
Си има своја карактеристична атмофсера и симболика филмчево кои ќе ги приметите уште од почетокот.
Како и да е, мене ќе ми остане едно од подобри филмови што имам гледано у последно време, и го препорачувам на сите.
Оценка: 8.5/10 :)
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
We're the Millers

Спротивно од моето мислење, филмот беше супер. Приказната иако најобично клише со по некоја мала измена, успеа да ми изнуди брзо издишување преку носот, со по некоја смешка на глас.
Актерската екипа е убаво склопена, и навистина бев пријатно изненаден од хемијата меѓу сите 4ца. Имаш еден дилер на дрога на кој сарказмот му е подобра страна, неговата лажна жена - стриптизерка (btw сцената каде игра стриптиз беше скроз нереална, ама филмот е заебанција затоа и така ја прифатив), синот лузер на кој му се случуваат најлошите работи и ќерката која е несфатена од општеството и постојано бега од дома. (осеќам дека слуша Radiohead).

Супер за со девојка/друштво. 7/10.
 
H

HoT IcE

Гостин
The Iceman
Солидно филмче. Интересна приказна и прејака глума од Шенон. Појма немам кој е овој Куклински in real life, ама интересен лик за филм, плус глумава на Шенон низ целиот филм е страшна, нешто што го прави целиот филм добар толку добар.
Костимографијата и атмосферата беше доловена прилично добро за годините, можеби можеше некој добар саундтрак да се искористи за да се долови уште подобро атмосферата, али како и да е, задоволен сум од филмов.
7/10.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Adore (2013)

Ужасен филм , еден од најлошите кои ги имам гледано , како тапа сценарио , жити драмата безвезе. Не кажувам што ве очекува во овој филм но ќе ви кажам дека гледајќи како се редат дебилни сцени една по една , си реков на крај ќе завршат в кревет перфектните мајки заедно , а и глупите синови заедно.

6.1 дале на IMDb , јас му давам 5.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Adore (2013)
Филмов го гледав стриктно ради рецензијата која ја имаше напишано @wot и имајќи предвид дека јас сум голем обожавател на квалитетни драми ова очекував да биде нешто невидено, филм што толку ќе ме трогне што со денови и недели ќе мислам на него, ама јако се излажав...Емоционалниот набој во филмов беше некаде на минимум, значи според мене зборам...​
Глумата беше сосема солидна, заедно со сценографијата која изобилуваше со прекрасни пејсажи и кадри - тука се сложувам со wot...И толку...​
Сценариото беше доста глупо, фалеше уште само некоја MILF оргија да видиме за да биде комплетно и тука не се работи за либералност и предрасуди, едноставно можело на друг начин да се прикаже сето тоа...Поготово крајот - не ми остави никаков впечаток...Покушавам од неколку аспекти да ја сфатам и прифатам приказната, но тешко ми успева, освен од еден аспект- дека овие четворицава главни ликови, се толку блиски и поврзани меѓу себе, што се затворени во некој свој идиличен свет, кадешто си се еден со друг доволни и не сакаат никој од страна да го наруши нивниот спокој и уживање и еден со друг кристално јасно се разбираат...​
Од мене оцена 6.5 од 10...​
Очекував многу повеќе...​
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.711
Поени од реакции
12.710
Captain Phillips(2013)

Обично филмовите базирани на вистинска приказна или се :гомце: или masterpiece. Во овој случај е второто.

Се работи за пиратските напади близу брегот на Сомалија во 2009 година и потезите на Капетан на трговски брод, кој на секој можен начин пробува да го најде најдоброто решение за него и неговиот екипаж. На почеток делува дека можеби Капетанот е малку параноичен и не се сложува најдобро со неговиот екипаж, кој во поголем дел е нов, но, неговите стравови стануваат реалност кога пирати неколку пати го напаѓаат бродот.

Том Хенкс во главна улога како Капетан Филипс. Иако е базирано на вистинска приказна, пак ти треба добро сценаријо, што во случајов е одлично. Бонус, Сомалијците зборуваат Сомалиски :D

Ретко давам 10/10 за филм али во овој случај морам. Филмот не остава да здивнеш од почеток до крај, и со право е голем конкурент на Оскарите. Том Хенкс - само последните 15-20 минути од филмот се доволни за да ги збрише сите останати во конкуренција за најдобра машка улога, а камо ли пак цел филм. Лесно, една од неговите најдобри улоги. Дефинитивно мора да се гледа !!!
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.711
Поени од реакции
12.710
Ај пак ја...не дека ми е колоквиумска недела :D

Prisoners (2013)

Обично кога филм има добар трејлер, се навикнав да не очекувам многу од филмот. Мило ми е што тек тук ме порекнуваат некои филмови, филмови како овој.

Филмот започнува кога Келер Довер ( Hugh Jackman )- обичен татко од предградието - и неговата фамилија го прославуваат денот на благодарноста во куќата на Френклин Бирч ( Terrence Howard ). Кога ќерките на Довер и Бирч тргнуваат назад во куќата на Доверови, никој не ни помислува дека тоа е последен пат што ќе ги видат. Детективот Локи ( Jake Gyllenhaal ) кој има 100% учинок на решени исчезнати случаеви е водечкито детектив на оваа истрага. Главниот осомничен е ослободен поради не доволни докази и ниво на интелегенција на 10 годишен што го отпишува од луѓето доволно свесни за да извршат такво дело. Довер и Бирч ги земаат работите во свои раце.

Еден од подобрите крими трилери што излегле последниве години. Искрено не знам за лоша улога на Теренс Хауард, па така е и во овој филм. Можеби нема многу време на екранот, но тоа што го има го глуми перфектно. Помеѓу Гиленхол и Џекман искрено ми е тешко да одлучам кој даде подобра глума. Дефинитивно ќе го видите Гиленхол во непрепознатливо светло, додека за Џекман, добар начин да ја продолжи кариерата после Оскарот, што според мене заслужува да добие номинација и за оваа улога :)

Филмот си има оцена 8.1/10 на IMDB и комплетно се согласувам со неа. Не е чиста 10ка поради глумата на остатокот од екипата ( со чесни исклучоци ). Ќе видете ликови што сте навикнале да ги гледате во такви улоги, што мене искрено ме нервира. Оние со подобра интуиција и перцепција можеби ќе претпостават за негативецот, меѓутоа и покрај тоа филмот ќе ве држи во неизвеснот ;) Завршетокот иако според многумина е лош, за мене е на место и можам да сватам зошто е избран тој, но тоа не значи дека морам да го сакам :)

Overall дефинитивно вредни 2 часа и 30 минути. Лесно би го ставил на рамниште со " Mystic River ".
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Paid in Full
Филм базиран на вистинска приказна во oсумдесетите за дете од гето во Харлем што му доага преку глава да работи во локал за перење алишта и се префрла на дилање дрога.
Едноставен филм за последиците од пуштање во овој тип на бизнис,филмов не е нешто невидено поради тоа што последиците на сите ни се познати и исходот никогаш неможе да биде позитивен,но дефинитивно вреди да се погледне бидејки филмов си е сосема солидно сработен и све си е на место,има оцена 7/10 од мене
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Fruitvale Station


Филмов имаше многу висока оценка, ама на почеток - гледам како паѓа деновиве. Вистинита приказна е, па помислив дека има добра идеја. Мое многу кратко видување. Тупење едно саат време, за последните петнаесет минути да се прикаже прв го гледам на форумот па зашо да не напишам спојлер, нели, онака..


Генерално досаден филм со некаква „анти“ порака....1,5-2/10 од мене....
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Филмов имаше многу висока оценка, ама на почеток - гледам како паѓа деновиве. Вистинита приказна е, па помислив дека има добра идеја. Мое многу кратко видување. Тупење едно саат време, за последните петнаесет минути да се прикаже прв го гледам на форумот па зашо да не напишам спојлер, нели, онака..


Генерално досаден филм со некаква „анти“ порака....1,5-2/10 од мене....
Го гледав и јас денес, филмот е краток и времето брзо ми летна. Добро филмче, има некоја длабока емотивност во него, Октавија Спенсер е одлична како и секаде, приказната е таква каква што е, целата таа случка се случува малку и нормално е дека нема да ја прикажуваат цел саат само неа. Во сосем доволно време ги прикажаа поединечно односите на главниот лик Оскар со неговите најблиски. Последната сцена со неговата ќерка:(. Јас му давам солидно седмиче, само поради тоа што очекував повеќе затоа што имаше рецензии кои мислам дека се малце претерани. Но далеку од тоа дека е слаб филмот.
 
Член од
20 декември 2013
Мислења
203
Поени од реакции
110
http://www.imdb.com/title/tt1170358/
По успешното бегство од Магловитата планина, Торин и дружината се присилени да бараат помош од непознати, но моќни шумски жители кои ќе им помогнат да ја поминат Мрачната шума без Гандалф. Ако стигнат до населеното место Лејктаун, ќе му купат време на Билбо да го исполни договорот со џуџињата. Дружината мора да го заврши патувањето до Осамената планина и Билбо мора да ја пронајде тајната врата која ќе им овозможи пристап до златото на Смауг.
Само што го гледав во кино во 3Д проекција,филмот е многу добро осмислен како и првиот дел,но сеуште не е завршено би требало да има 3 дел
во кој ќе биде спасено местото кое ќе биде нападнато од "Смауг" змејот кој ќе биде пронајден од хобитите.
Оценка според мене чиста 10ка.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Го изгледав вечерва Mulholland Drive, и затоа што сум под огромни импресии од ремек-делото, без размислување му давам 10/10. А во меѓувреме читам рецензии, теории и објаснувња на ИМДБ и тука на форумот што претдохно се пишувало.

Можеби кога ќе ми спласнат импресиите ќе му дадам и помала оцена.

Така, во последните неколку месеци дружење со Линч, од неговиот опус на играни филмови ми останаа уште Eraserhead и Inland Empire.Твин пикс ќе ја изгледам наредната година заедно со играниот филм за истата, имам од серијата изгледано некоја епизода на времето кога ја даваа на некои локални тв, но тоа не е вистински гледање


Кога беше оваа сцена и јас како и прекрасната Наоми се стресов, неповторливо:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom