The Perks of Being a Wallflower
Многу ретко пишувам на темава. Кога пишувам, значи некој филм навистина ме допрел. Последен пат мислам дека пишував за Midnight in Paris. Е толку време помина. Не знам ни како да почнам. Прв филм по којзнае колку време што ме трогна, ме расплака, толку многу емоции, толку убаво напишан, толку убави мисли, толку убаво доловени ликови и одглумени.
Не сум најголемиот обожавател на филмови и ретко гледам. Повеќе сум по серииве. Ама кога ќе се приврзам за филм, можам да го гледам 25 пати. Филмов не заслужува рецензија, филмов заслужува поклонување до земја. Оригинално направен во истоимената книга, но писателот е во исто време и сценарист на филмот така да не се сомневам дека одлично е направена адаптацијата. (Книга која ќе ја прочитам во најкус можен рок)
За циниците, ова ќе биде навидум уште еден средношколски филм за срамежливо момче кое нема пријатели и кое сосема случајно запознава група тинејџери од неговото школо, но малку постари т.е матуранти. Но, овој филм е многу повеќе од тоа. Позадинската приказна, која се открива малку подоцна во филмот носи многу тежина со себе, но е на многу емотивен начин прикажана и претставена.
Ова е филм за емоции, филм за индивидуалноста, за внатрешните борби кои сите ги имаме, особено кога сме најкршливи и нежни. Филм за тоа како може да ги победиме нашите демони, да се избориме за себе и за она што го сакаме. Се покажува комплицираноста на човековите емоции.
Истовремено тажен, меланхоличен, но и инспиративен филм. Филм кој секој тинејџер треба да го погледне, но и луѓе кои се далеку од тинејџери. Филм кој ретко кого ќе остави рамнодушен.
Плус поени носи и фактот што има одличен саундтрак и одлични песни во текот на целиот филм.
Можам да пишувам на долго и широко за филмов, но ќе застанам тука, затоа што уште имам измешани емоции.
Само ќе завршам со следниот цитат, со кој неверојатно многу се согласувам: