pearl
..~..~..~..~..~..~..
- Член од
- 20 август 2005
- Мислења
- 2.651
- Поени од реакции
- 1.962
IVF процесот е оплодување на јајце клетка и сперматозоид, и тие самите не разликуваат од кои мајка/татко доаѓаат. Се спојуваат и настанува оплодување, независно чии се. Самото носење на плодот во утробата е исто така независно од генетскиот материјал на ембрионот. Иако сум женско, односно не ми прави ќејф како ќе го наречам, но ќе го кажам пластично за да може да се разграничи. Матката е само инструмент за растење на бебето. Тоа и` е единствената функција зошто е таму. Овариумите од друга страна се органите кои го даваат генетскиот материјал. Затоа е возможно жена која нема матка, а има здрави овариуми, да стане мајка (со сурогат) на свое генетско бебе. И обратно, жена која нема овариуми, со донор јајце клетка, да си износи во своето тело, свое дете и да го роди, но нема да биде нејзина генетика. Што значи, може клетката да биде од една жена, сперм од некој друг татко, а да го носи бебето сосема трета личност.IN VITRO оплодувањето е исклучиво помеѓу брачните партнери и исклучиво со нивен генетски материјал, за разлика кај сурогат мајчинството имаме трето лице - сурогат мајка чии јајце клетки се оплодуваат
Во Р.Македонија Ин Витро оплодување се врши исклучиво помеѓу брачни партнери се друго е нелегално.
И мене сурогат мајчинството ми личи на пазарање и затоа сум против
Во МК, не сум сигурна ама мислам дека донор јајце клетка е дозволено, но веројатно патот е пеколен за тие што се на мака. За сурогат не знам.