Посвојување vs. Суругат мајка

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
IN VITRO оплодувањето е исклучиво помеѓу брачните партнери и исклучиво со нивен генетски материјал, за разлика кај сурогат мајчинството имаме трето лице - сурогат мајка чии јајце клетки се оплодуваат
Во Р.Македонија Ин Витро оплодување се врши исклучиво помеѓу брачни партнери се друго е нелегално.
И мене сурогат мајчинството ми личи на пазарање и затоа сум против
IVF процесот е оплодување на јајце клетка и сперматозоид, и тие самите не разликуваат од кои мајка/татко доаѓаат. Се спојуваат и настанува оплодување, независно чии се. Самото носење на плодот во утробата е исто така независно од генетскиот материјал на ембрионот. Иако сум женско, односно не ми прави ќејф како ќе го наречам, но ќе го кажам пластично за да може да се разграничи. Матката е само инструмент за растење на бебето. Тоа и` е единствената функција зошто е таму. Овариумите од друга страна се органите кои го даваат генетскиот материјал. Затоа е возможно жена која нема матка, а има здрави овариуми, да стане мајка (со сурогат) на свое генетско бебе. И обратно, жена која нема овариуми, со донор јајце клетка, да си износи во своето тело, свое дете и да го роди, но нема да биде нејзина генетика. Што значи, може клетката да биде од една жена, сперм од некој друг татко, а да го носи бебето сосема трета личност.

Во МК, не сум сигурна ама мислам дека донор јајце клетка е дозволено, но веројатно патот е пеколен за тие што се на мака. За сурогат не знам.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Ако може да се смени насловот во Сурогат
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Ме заинтригира, па проверив.
Сурогат во МК е забрането.
Додека донирање на полов материјал (јајце клетка или сперма) е дозволено и мора да е бесплатно. Со тоа што жени кои се крвно поврзани не можат да си донираат една на друга (пр. сестра на сестра).

Има уште една одредба што ми падна во очи, а тоа е дека жени кои не се во брак или вонбрачна заедница е дозволено да подлегнат на IVF. Што ќе рече, ако жената е сама и нема партнер, може да оди на IVF и да си забремени. За жал, со забраната за сурогат мајка, ваквата можност кај машките е ускратена.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Сум имал колешка која не можеше да забремени повеќе години и знам колку беше очајна во обидите да добие дете на сите можни и неможни начини. Така да за тие парови кои пробале се друго безуспешно, сурогатството е една од последните алтернативи за свој наследник, практично веќе нема друг избор ако сакаш детето да носи твои гени што верувам на 99% им е многу битно (мене би ми било).

Би додал дека и посвојувањето треба да се поедностави и да се популаризира како хуман чин кај сите двојки кои имаат доволно финансии па така со гледањето на свое биолошко дете да се земе и едно без родители како и тоа би осетило родителска љубов.

Сурогат мајката има влијание врз растот на детето но не генетско туку здравствено во однос какво е нејзиното здравје како и кои материи ги внесува во организмот за време на бременоста. Тука иако навлегуваме во граничните подрачја на науката никогаш не би дозоволил жена психопат или ментално пореметена да биде сурогат мајка затоа што постои можност на психички пренос на податоци од клетка на клетка што би требало да се избегне по секоја цена (знам дека звучи нереално но не би ризикувал).

Со други зборови многу а важно сурогат мајката да е што поздрава физички како и психички што е веќе прифатен факт кај сите кои сакаат да добијат дете на овој начин.
 
G

galaxy

Гостин
Не гледам како некој аргументирано би бил против сурогат мајка или против посвојување. Ова не треба да е дискусија. Никој не избира помеѓу посвојување или сурогат. Има скалила на опции, ако некоја опција не е возможна се оди на следната.

1. Природно оплодување
2. Вештачко оплодување
2.1. Инвитро оплодување
3. Сурогат
5. Посвојување
 

LGBT

Weird
Член од
20 јули 2011
Мислења
329
Поени од реакции
157
Не се мешам во туѓи животи, но јас не би се нафатила да бидам сурогат на некој.Исто и за мене, повеке сакам да посвојам веке родено дете.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom