Посвојување vs. Суругат мајка

V

Vollstandig

Гостин
Тотално си во право,еве мачето мое обожава да ми седи на рамо,мене прво ми беше чудно, ама сега сфатив дека сигурно сурогат мајката му била папагалка, па наследило некои особини од неа,тоа дека примало антитела од неа нели. :ROFLMAO:
Па ако мачката твоја се исквачила од јајце...можно е.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Да, може, не сум се доизјаснила дека мислев на класично сурогатство. Инаку, така ако гледаш, исто е и со донор јајце клетка, за бебе што си го носи мајката што го раѓа и што ќе го воспитува, а друга (знајна ил незнајна) е мајка по генетика. Дали и тоа треба да се забрани или е ненормално??
Се шо е неприродно во некоја мерка е ненормално... не џабе рекле само најсилните преживуваат. Како се развило човештвото и останатите животински светови без оваа денешна модерна медицина? Само, за кеш се ќе смислат. Ти само посакај. Една жена ќе ти роди дете кое уствари не е нејзино.

Баш ме интересира што се дешава со доењето кога ќе се роди детето? Или и тука нема влијание сурогат мајката...
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Се шо е неприродно во некоја мерка е ненормално... не џабе рекле само најсилните преживуваат. Како се развило човештвото и останатите животински светови без оваа денешна модерна медицина? Само, за кеш се ќе смислат. Ти само посакај. Една жена ќе ти роди дете кое уствари не е нејзино....
Арно си велиш, само силните треба да опстојат. На пр. Stephen Hawking требало да го фрлат на буниште...... не за друго туку да ни се рои глупоста, на сметка на силата. :)

Баш ме интересира што се дешава со доењето кога ќе се роди детето? Или и тука нема влијание сурогат мајката...
Ако те интересира треба прво да се информираш, па потоа да стекнеш мислење. Возможно е за една жена, и без да роди, да иницира процес на лактација. Што значи дека не мора да го роди, за да може да го дои.

Инаку, не знаете како е, затоа така зборувате. Емпатија - под нула. :)
Сум имала прилика на мои блиски да видам што значи борба за дете, каков пат се поминува, каква храброст и челичност треба човек да поседува за да го истера до крај.

Инаку, вака зборување на бафтана и на слепо секој полноглавец може да има празноглаво мислење (без навреда, не е лично напишано). :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Да, може, не сум се доизјаснила дека мислев на класично сурогатство. Инаку, така ако гледаш, исто е и со донор јајце клетка, за бебе што си го носи мајката што го раѓа и што ќе го воспитува, а друга (знајна ил незнајна) е мајка по генетика. Дали и тоа треба да се забрани или е ненормално??
Го допишав и овој дел за плацентата и развојот
Еве нешто за плацентата
Many factors affect fetal growth, including the nutritional state and social habits (e.g., smoking, drug use) of the mother, the state of placental function, and the genetic makeup of the fetus.
The placenta is an extremely complex piece of biological equipment. It is a little bit like an artificial kidney, it allows your blood and the baby's to come into very close contact - but without ever mixing. The placenta also performs the important function of protecting your baby for possible infection
Ако не ве мрзи да читате, мајката сурогат според овие информации има големо влијание врз иднината на фетусот и детето
http://www.embryology.ch/anglais/jfetalperiod/gestalt02.html
Various hormones influence intrauterine growth. Initially they are mainly maternal hormones passing through the placenta, but later, in the fetal period, hormones produced by the fetus itself are also responsible for the weight increase.
The following hormones are responsible for the intrauterine growth of the child:
  • Growth hormone (somatotropin), produced in the adenohypophysis, and insulin-like factors from the liver stimulate the growth and metabolism of cartilage, bones and muscles.·
  • Glucocorticoid (e.g. ACTH), produced in the adrenal cortex, accelerates fetal maturation.
  • Thyroid hormones (T3 and T4) released by the thyroid gland have an influence on fetal growth.
  • Insulin is an endocrine regulator of prenatal growth(12, 13).
  • Local growth factors influence tissue growth and development.
  • Placental hormones have a large influence on the child's growth. The placenta produces factors that are partly protective and partly stimulating (14-17).
Expression of insulin-like growth factor in the placenta of intrauterine growth-retarded human fetuses.
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Луртз, се` е тоа во ред што го напиша. Токму од тие причини, не може секоја да биде сурогат. Мора да биде здрава, права и поасолна дури и од капетан на Боинг 747. :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Арно си велиш, само силните треба да опстојат. На пр. Stephen Hawking требало да го фрлат на буниште...... не за друго туку да ни се рои глупоста, на сметка на силата. :)
Ако пратиш тро појќе... Стивен не е роден со болеста, туку болеста го зафаќа некаде на 23-25 години. Што нема врска нити со роење глупост нити сила. И да, ако беше обичен смртник или роден со болеста, никој немаше нити да го погледне, нити да го знае. Баш како илјадниците луѓе низ светот што боледуваат од ALS.

Инаку, не знаете како е, затоа така зборувате. Емпатија - под нула. :)
Сум имала прилика на мои блиски да видам што значи борба за дете, каков пат се поминува, каква храброст и челичност треба човек да поседува за да го истера до крај.

Инаку, вака зборување на бафтана и на слепо секој полноглавец може да има празноглаво мислење (без навреда, не е лично напишано). :)
За болдот: Дека незнаеме, во право си. Така е. И дека секој полноглавец има празноглаво мислење, и за тоа си во право. Демократија, јебига...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Луртз, се` е тоа во ред што го напиша. Токму од тие причини, не може секоја да биде сурогат. Мора да биде здрава, права и поасолна дури и од капетан на Боинг 747. :)
значи дури и тогаш мајката влијае врз фетусот.
Ме збуни што велите сурогатот нема никакво влијание.
Токму од тие причини, не може секоја да биде сурогат. Мора да биде здрава, права и поасолна дури и од капетан на Боинг 747. :)
ниту корисник на тие услуги. сепак збориме за постапка која ретко кој може овде да си ја приушти. Збориме за "купување" на здрав носител, плус оптимални исхрана и начин на живот кои би чинеле голема количина пари неделно. Во случајот со посвојување е далеку поефтино и е наменето за просечни бездетни семејства кои сакаат да имаат деца.
 

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
во овој ненормален свет - се е нормално ..
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
значи дури и тогаш мајката влијае врз фетусот.
Ме збуни што велите сурогатот нема никакво влијание.
Се вели дека нема никакво влијание врз плодот поради тоа што сурогатот мора да подлегне на медицински испитувања уште пред самата постапка, за да се утврди позитивна здравствена состојба како би можела да биде избрана за сурогат. Ако сакаме да цепидлачиме, секогаш можеме. Јас можам да кажам, што правиме со мајките што забременуваат спонтано без помош од медицината, а кои имаат некоја состојба која е негативна за бебето (имено хормоните погоре), а која се регулира со медикаменти. Зарем тоа значи дека не смеат да бидат мајки, бидејќи организмот не им е доволно по наши критериуми подобен?? Дали тоа значи дека здрава/права сурогат е подобро од (да ја кажеме) "природна" мајка???
Некоја средина на муабетот, има сурогатот влијание, но тоа е позитивно со самото тоа што е здрава единка.

ниту корисник на тие услуги. сепак збориме за постапка која ретко кој може овде да си ја приушти. Збориме за "купување" на здрав носител, плус оптимални исхрана и начин на живот кои би чинеле голема количина пари неделно. Во случајот со посвојување е далеку поефтино и е наменето за просечни бездетни семејства кои сакаат да имаат деца.
Ако сакаме да гледаме така на работите, секогаш и за се` во животот може да се вметне материјална трансакција. Како паралела на болдот, што станува на пример за ситуација каде родителите можат да си дозволат приватна дадилка и се одлучуваат за таа опција, наместо да го пратат детето во државна градинка? Збориме за "купување" на здрав (во умот) воспитувач, кој би чинел голема количина пари неделно. Ќе ги бесиме бидејќи сакаат и можат да си дозволат??

Животот не е фер, особено за оние кои се борат со ваков животен предизвик. И најискрено, аплаудирам на медицинските достигнувања што и на овие парови им дава можност да си ги остварат соништата. Немам апсолутно никакви предрасуди било да се одлучат за сурогат или посвојување.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
каде родителите можат да си дозволат приватна дадилка и се одлучуваат за таа опција, наместо да го пратат детето во државна градинка?
може фирмата да купи и асфалтерка ама запослила работници да фрлаат асфалт со лопата.
Но да, богатите и побогатите имаат многу предности -од воспитувачка, хигиеничарка, до сурогат (не е некоја предност, но према сиромасите...) и приватни шофер.

Животот не е фер, особено за оние кои се борат со ваков животен предизвик. И најискрено, аплаудирам на медицинските достигнувања што и на овие парови им дава можност да си ги остварат соништата. Немам апсолутно никакви предрасуди било да се одлучат за сурогат или посвојување.
Ах, воинствената Перла :)...нигде не споменав дека сум против ваквиот начин туку се вмешав во муабетот за влијанието врз плодот, многу можната комерцијализација и скапотијата која на просечно семејство овој начин му е мисловна именка.
Воопшто нешто и немам досега размислувано дали е океј во смисол на вистинската мајка и емоциите во текот на бременост. Не сум ни фактор да осудувам некого кој е веќе осуден да не може да добие дете на вообичаен начин.
Едино за осуда се луѓе како што споменав селебритис кои имаат можност, но од бес или заради изглед купуваат свои робови да им родат (Мајкл Џексон, мислам и Џенифер Анистон).
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Ах, воинствената Перла :)...нигде не споменав дека сум против ваквиот начин туку се вмешав во муабетот за влијанието врз плодот, многу можната комерцијализација и скапотијата која на просечно семејство овој начин му е мисловна именка.
Воопшто нешто и немам досега размислувано дали е океј во смисол на вистинската мајка и емоциите во текот на бременост. Не сум ни фактор да осудувам некого кој е веќе осуден да не може да добие дете на вообичаен начин.
Едино за осуда се луѓе како што споменав селебритис кои имаат можност, но од бес или заради изглед купуваат свои робови да им родат (Мајкл Џексон, мислам и Џенифер Анистон).
Ниту пак јас со коментарот алудирав дека ти си против, генерално беше напишан, бидејќи имаше многу себични коментари како е тоа будалаштина. Во крајна линија, има ситуации каде сестра/братучетка/блиска пријателка е сурогат мајка и тоа од хумани причини. Зарем и за тоа ќе кажеме дека не е во ред, ако генерализираме дека сурогатот е фрики тхинг?? :)

Тоа дека е искомерцијализирано е впечаток бидејќи сме бомбардирани со вести само за познатите. Она што се обидувам да го доловам е дека тие мал број случаи каде жеМЦката не сака да се пренапрега, не треба да ни биде патоказ за генерализација против сурогатство. Односно, да не ни избега поголемата слика за првичниот, оригиналниот и единствен оправдан мотив за сурогат.
 

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
требаше да ја напраам анкета ..damn it!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
требаше да ја напраам анкета ..damn it!
можеш ваљда, прашај ги админите.

Тоа дека е искомерцијализирано е впечаток бидејќи сме бомбардирани со вести само за познатите. Она што се обидувам да го доловам е дека тие мал број случаи каде жеМЦката не сака да се пренапрега, не треба да ни биде патоказ за генерализација против сурогатство. Односно, да не ни избега поголемата слика за првичниот, оригиналниот и единствен оправдан мотив за сурогат.
Не е само од познатите. Кина рентаат мајки, Индија цвета бизнис, Украина е исто позната по овие услуги...Сиромашните држави (а ние мислам сме испод украинците) вакви бизниси се доста вносни, како за изнајмените мајки, така и за здравствените установи, а во крајна линија и за буџетот...затоа и се форсира овој начин на добивање дете, наместо со посвојување.
"Рент-а-мајки" за 10.000 евра!
СУРОГАТ МАЈЧИНСТВОТО СЕ ПОВНОСЕН БИЗНИС Украинки раѓаат Хрватчиња!
Индиски бизнис со сурогат мајки

а зад вакви навидум за нас хумани активности, стојат доста црни бизниси
Ширум Кина се развиени илегални болници, агенти за пронаоѓање на сурогат мајки и лекари кои ја следат нивната бременост во скриени станови, бидејќи расте бројот на Кинезите кои не можат да имаат деца.
Во некои сојузни држави во САД, сурогатството е забрането, но, на пример во Калифорнија, тоа прашање е правно решено на многу лош начин, па жените се речиси на удар на бескрупулозните агенти.
Што вели Фани Давидова, правен експерт во невладината „Програма за пристап до информации“, граѓанска советодавна служба,
предупредува дека не треба да се брза со промените.
Давидова, која пишува во врска со прашањата за посвојување и самата посвоила момче во 2006 година, вели дека родителите без деца прво би требало да побараат други алтернативи, како што се посвојување и удомување деца.
што со нив?
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Од ова што го имаш цитирано, кој е заклучокот?
Што е погрешно во ваквите случаи?

Корупцијата/сиромаштијата/човековата алчност или....
......сурогатството/посвојувањето како такво?

Се надевам ме разбираш. :)
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
зошто неприродно?
истиот т.е сличен случај е со ИнВитро-то ..тогаш и тоа треба да се забрани? ( пошто и кај него се земаат од таму, се ставаат ваму ) ??

искрено сакам да ми одговориш на ова:
неможете ти и сопругата да имате дете ..од нејзина причина ..
е сега: ќе се мачите ли со години и години по домови во обид да посвоите дете што веќе е на "залиха" (извинете за глупио пристап) или ќе мечтаете за ваше?
IN VITRO оплодувањето е исклучиво помеѓу брачните партнери и исклучиво со нивен генетски материјал, за разлика кај сурогат мајчинството имаме трето лице - сурогат мајка чии јајце клетки се оплодуваат
Во Р.Македонија Ин Витро оплодување се врши исклучиво помеѓу брачни партнери се друго е нелегално.
И мене сурогат мајчинството ми личи на пазарање и затоа сум против
 

Kajgana Shop

На врв Bottom