Порта Македонија

Дали ви се допаѓа Портата ?

  • Да,супер е !

    Гласови: 29 26,6%
  • Не и Не !

    Гласови: 44 40,4%
  • Кога ќе се средат и фасадите поубава ќе биде..;)

    Гласови: 16 14,7%
  • И кога ќе се среди целата околина,пак нема да ми се допаѓа :@

    Гласови: 20 18,3%

  • Вкупно гласачи
    109
  • Гласањето е завршено на .
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.576
Значи ти колку што можам да те сватам не си против проектот/портата , туку си против стилот во кој се гради..да беше од стакло портата може и ќе ти се свиѓаше а ?
Да, нека има порта ама тоа нека биде што знам со некоја своја форма, органска, зошто да мора толку многу да личи на портата во париз?
Нека биде порта на П Р И М Е Р со облик на виножито, со некаква интересна брановидна текстура и кога некој спортски тим ке победи во некое првенство, да помине под виножитото. Сите ние знаеме каква симболика има виножитото. Дека ако поминеш под него ќе имаш среќа здравје и сл. Значи виножитото ке симболизира некое убаво чувство.Исто така бидејки има многу бои симболизира различните националности, култури итрадиции. Единствено што ми е смешно а морам да го пишам, е тоа дека виножитото е знакот на педерите. Значи и на некој начин ке симболизира некакви слободи права и сл.
Може портата например да биде како од ветерот кога ке се разлета прамен од женската долга коса да формираат некаков неправилен лак органски лак и тоа да биде порта, и од таа почетна идеја да се развие цела приказна и да се изгради скулптурата и тн.
Ова сега давам идеи на брзина што ми доаѓаат на памет, инако тоа треба поубаво да се истражи, но сепак да биде нешто необично, свое.
Цело време зборам за креативност, на тоа мислам, убаво е да се гради, но тоа да биде креативно, не комбинација од повеќе стилови склопени во едно. Треба да биде нешто ново уникатно.
--- надополнето: 8 јануари 2012 во 18:25 ---
Мене повише ми личи како на Париз :pos: абе смешки си ...
Ок, јас нека сум смешен ама ти си слеп/а.
 
Pallatino

Батулец
Член од
29 декември 2011
Мислења
63
Поени од реакции
21

Уште ко виножито да ја направеа и ќе не прогласеа за педерска држава:drk:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.626
Поени од реакции
18.108
Пред да се презема некоја мерка се прави едно вакво.
И направете си калкулација, која била целта и кои се резултатите.

Очекувани позитивни резултати ако се изгради - очекувани негативни резултати ако се изгради vs. очекувани позитивни резултати ако не се изгради - очекувани негативни резултати ако не се изгради

Мое мислење, дека не била неопходна ниту потребна и не знам која е позитивната цел и употреба на портата за Македонија.

Нејзината очигледна неупотребливост е доказ дека целта можеби била некоја политичка малверзација.
На пример да се направи политички јаз и дискусија меѓу двете спротивни закоравени исполитизирани страни. Едната страна би се бунела против ова зашто логиката им кажува дека не е потребна и за џабе парите, а друга страна бранејќи ја својата политичка опција повеќе се приврзува со нив.
Твоето мислење не го дели Премиерот, кој во својот говор на отварањето тврдеше дека оваа Порта ќе била предмет на константна дискусија и воодушевување во меѓународната јавност, па и пошироко. :icon_lol: А да, изгледа дека нашиот премиер има и моќи на јасновидец, па целиов проект за Скопје 2014 е всушност одговор на светската економска криза каква што светот не видел од 1930 та година, па ете која била целта на проектот, да се спасат македонските градежни фирми. Имено Премиерот во еден разговор што го имал со директорите на градежните претпријатија ги прашал дали овој проект им помогнал, на што тие му одговориле дека не само што им помогнал, туку и ги спасил. Така да никако да се плука по овој проект затоа што тој е неопходен и сега кога ќе го стават тркалото панорама кај мостот Гоце Делчев јас мислам дека ќе ја ставиме црешата на шлагот, и да се молиме за уште една криза за да не израдуваат со вакви проекти.

Инаку покрај визионерството на Премиерот, постои и уште една битна причина која се вика земање на провизии и која стана актуелна со проектов. Порано додека не одеше се на тендер правеа далавери со ставање на стара или ефтина опрема. Па така да речеме ако осветлувањето на еден од објектите кошта 250 000 евра, една фирма за да ја добие работата и за да биде ставена нејзината опрема мора да си плати провизија од 10% на таа цена. Па затоа немојте да се изненадувате од каде владеачката партија има предизборна кампања од 20 000 000 евра.
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 00:14 ---
Барем и фасадите на околните згради да ги направат во ист стил, па да заличи на нешто ама пак глупо е затоа што касниме едно 300 години со стилов.
Наместо да си смислиме ние наш стил како Гауди што во своето време смислил стил за Барселона и токму поради него Барселона е една од најпривлечните туристички дестинации неколку векови наназад, ние одбравме да бидеме бледа копија на некојси австроунгарски римскоегипетски Моцарт стил.
Или некој сака да лапка парички или нашите македонски Гаудиевци т.н "дипломирани градежни архитекти" немаат грам иновативност а се платени бајаги многу парички.
Е па да ми извините ама и дете од 7 години може да отвори некоја страна на интернет и да ги прецрта на лист хартија неколку века старите капии, споменици и судови од Европските градови.
На крај ние ке ги прашаме нив, вие сте придонеле нешто кон усовршување на архитектонските дела во Македонија или на факултет само сте научиле да копирате?
А можда и нив ги научиле само да пресметуваат колку лопати цемент, песок и вода се потребни да се добие квалитетна смеса.
Е затоа ке ни се смеат странци, ке доаѓаат овде не за да видат колку убави градби сме направиле туку за да ни пукаат сеир колку ние сме заостанати во времето, просторот и умот.
Значи дајте бре напрајте нешто ваше, нека биде и грдо ама нека си ваше, па да знаеме кои се вашите интелектуални способности и дали тие дипломи што сте ги стекнале на факултет ви се доказ за вашето знаење т.е незнаење.
Јас еве завршувам на Машински, и имав идеа по еден предмет во третата година од струдирањето, дизајнирав концепт на превозно средство кое спаѓа во некоја меѓугрупа на автомобил-моторцикл. Сликата од возилото ја имам прикачено на аватар и не ми е срам да ја покажам. Некој ке рече грдо е некој ке рече ми се допаѓа некој ке се замисли за идејата па ке му текне нешто друго, ама без разлика тоа е мое и јас сум горд на тоа што сум го сработил.
Имам и други проекти правено, и имам разни идеи од разни полиња, и секогаш сум се трудел да не копирам, да бидам што пооригинален.
Што ВАШЕ (настрана копиите од Скопје 2014) имате вие студенти и дипломирани градежни инженери направено, поготово вие што сте учествувале директно или индиректно во проектирањето на Скопје 2014?
И уште едно да не должам, никако не треба верски објект на плоштад од било која вероисповед. Барем таму кога ке се шетаме со нашите сограѓани од различни вери (или атеисти) да не се чувствуваме поделени, бидејки верата прави поделба и не оддалечува нас луѓето. Едни се православни други католици трети муслимани четврти протестанти, и ако идеме по логиката: онаа религија која има најголема бројност во верници ке добие храм на плоштад, тогаш единствено што ке докажеме со тоа е, дека ние сме едни себични нечувствителни и нецивилизирани суштества кои доколку не се променат ке живеат во поделеност уште многу години.
Барем на плоштад да можеме слободно да шетаме без верски притисок, барем таму да не се делиме на вакви и такви.
Не си многу далеку од вистината. :)
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Мојот заклучок сега кога е готова портата е следниот, колку и да имаш глупава идеја, колку и да е локацијата несоодветна довери ја задачата на Валентина и ќе се увериш дека чуда се можни.
Со други зборови бев голем скептик уште кога излезе идеата за портата, најмногу поради локацијата. Сега кога портата е готова мислам дека ќе биде еден од најубавите објекти во Скопје дури и кога Скопје 2014 ќе биде готово.
На крај останува што поврзо да се среди и околината т.е. околните фасади и да се надеваме дека административната зграда која е планирана помеѓу портата и споменикот на Александар нема да е како во урбанистичкиот план туку сепак нема да го покрие погледот од портата кон споменикот.

Што се однесува до оргиналноста во светот има Х порти и логично е да личат една на друга но сепак нашата е една од најубавите.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.731
Поени од реакции
9.840

За кога е планирано да почне да се гради,имаш ли таква информација ?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Немам информации за кога е планирано да се гради но како што стои во урбанистичкиот план зградата целосно ќе го покрие погледот, а и влезот од портата.

Еве како сето тоа би изгледало грубо скицирано.

Инаку скицата ја земав од форумот http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=132&PN=29
Таму во тек е иницијатива за промена на оваа налудничава идеа и евентуано градење на помал објект кој со своите динензии нема да го угуши погледот кон портата и влезот кон плоштадот.
Во склоп на оваа иницијатива се обидуваме да најдеме контакт од Валентина авторката на портата.
Ако некој случајно има било каков контакт од нејзе би било убаво да ми го прати по ЛП.

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.731
Поени од реакции
9.840
Колку знам не се планира лепенка со сити галери.. или може грешам.. и да штета ќе биде ако се покрие видикот кон споменикот, а плус и ќе се наруши и пешачкиот коридор,нема во никаква лининја да биде.. иначе ја гледав на билд иницијативата и целосно ја поддржувам,се надевам дека накрај ќе има разбирање од надлежните и барем малце ќе проработи свеста..
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Затоа и беше идеата за контакт со Валентина мислам дека она може да помогне да се излобира разумно решение.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.576
Мојот заклучок сега кога е готова портата е следниот, колку и да имаш глупава идеја, колку и да е локацијата несоодветна довери ја задачата на Валентина и ќе се увериш дека чуда се можни.
Со други зборови бев голем скептик уште кога излезе идеата за портата, најмногу поради локацијата. Сега кога портата е готова мислам дека ќе биде еден од најубавите објекти во Скопје дури и кога Скопје 2014 ќе биде готово.
На крај останува што поврзо да се среди и околината т.е. околните фасади и да се надеваме дека административната зграда која е планирана помеѓу портата и споменикот на Александар нема да е како во урбанистичкиот план туку сепак нема да го покрие погледот од портата кон споменикот.

Што се однесува до оргиналноста во светот има Х порти и логично е да личат една на друга но сепак нашата е една од најубавите.
Зависи за кого е логично да личат портите една на друга. За мене не е.
За мене е логично секој архитект да биде научен и склон кон креативност, да бара и пронајде иновативни решенија, во градбите да предвиди технолошки нови современи материјали и техники на изградба, да бара инспирација од природата,од живите суштества и да изгради дела со поглед кон иднината кои луѓето ке ги сметаат за уметност уште многу години по комплетирањето на проектот (уметничкото дело).
Ајде отворете сликички од Барселона и кажете ми Гауди од кој копирал, т.е пошто е логично да личат градбите една на друга, на кои градби личат неговите градби?
Во градбите од нашиот проект Скопје 2014 единствено што е креативно е комбинирањето на стиловите од минатото,и единствено за тоа можам да им честитам на проектантите и градителите, друго ништо, што значи дека нема оригиналност, постои само комбинирана копија.
Уствари во превод, ти кажуваш дека првата порта која била изградена во светот, била оригинална (пошто нели е прва, немало претходно таква, морал некој да ја измисли) а сите други се копии, кои по твоја логика би требало да личат на првата порта, и сето тоа било добро и оправдано да се фрлаат пари на такви "логични копии"?
Значи ако тоа е логика, јас сум најнелогичниот човек што може да постои, и сум многу горд што имам различно мислење од повеќето од вас.
Немојте ни да помислите да ми внесете политички акцент во постовите за тоа што сум против ваквиот стил на проектот Скопје 2014, бидејки мрзам политика и политичари, што значи дека не припаѓам на ниту една политичка партија, а не ни планирам да го направам тоа.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.731
Поени од реакции
9.840
Darmon според тебе,белата куќа во Вашингтон копија ли е или оригинал замисла?
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.576
Затоа и беше идеата за контакт со Валентина мислам дека она може да помогне да се излобира разумно решение.
Да пак некое разумно решение, 5 века старо... топ, само така, луѓе, само давајте им поддршка бидејки убаво и ЛОГИЧНО е во 21ви век да се гради стил од 18ти век.
Плус така ке можеме побрзо и подлабоко да пенетрираме во Европа, бидејки на нив им се допаѓа тоа што им го копираме стариот стил.
Едноставно предиграта со улизавање им годи.
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 16:29 ---
Darmon според тебе,белата куќа во Вашингтон копија ли е или оригинал замисла?
Копија од римски стил (а коренот на римскиот стил е грчкиот). Оригинална е комбинацијата на поставеност на елементите и геометриските форми (триаголниците, кружниците, правоаголниците и коцките). Тоа уствари го проектирале,комбинаториката, стилот не е уникатен.
Потсетува на нешто старо, кое во своето време било елитно т.е дипломатско, репрезентативно, ама никако не е современо или пак може да се нарече уметничко дело.
Пример имаш готови делови веке постоечки, како на пример врати, прозори, столбови, зидови со фасада некаква и тн само треба да ги искомбинираш и да ја составиш градбата. Како 3д сложувалка. Значи не си генијалец за произведување на нешто ново туку си генијалец за комбинаторика или логика.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.731
Поени од реакции
9.840
Копија од римски стил (а коренот на римскиот стил е грчкиот). Оригинална е комбинацијата на поставеност на елементите и геометриските форми (триаголниците, кружниците, правоаголниците и коцките). Тоа уствари го проектирале,комбинаториката, стилот не е уникатен.
Потсетува на нешто старо, кое во своето време било елитно т.е дипломатско, репрезентативно, ама никако не е современо или пак може да се нарече уметничко дело.
Значи и Америте толку им сече, немаат креативност нити па идеја па најрепрезентативниот објект го изградиле во грчко-римски стил (антички) сеедно.. според твоите ставови тоа така излегува.. И што можеме да заклучиме сега, дека белата куќа е копија на некој Римски објект ? А според тебе ние требавме да измислиме нов правен во архитектурата (која е таа и се знае,постојат неколку правци) и да бидеме оригинални ? Можеби целта ти е да докажеш дека теребаше да се гради од стакло и железо,нешто налик како зградата на ЕВН или Соравиа.. Во реде и тоа е издржано,можеби и можеше , ама според мене таквиот стил не е соодветен,ниту пак ме нешто премногу воодушевува..има уште многу други локации низ Скопје за такви објекти,но во центарот не им беше место! Нити ние копираме од некого , нити барокот или неокласицизмот е својствен само за една држава,ако е така тогаш цела западна Европа се има ископирано меѓу себе..Ако центарот на барокот е Италија или Франција,тогаш Германија,Швајцарија и другите западни земји им го украле стилот..феил,тотално погрешно.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Дефинирај Грчки Стил?
На територијата на етничка Македонија има повеќе антички градови градени 4 па и повеќе века пред исус. Тоа што Грците многу итро го присвоиа сето она што некогаш се градело за нивно незначи дека сите треба да веруваме во нивната пропаганда.
Ако можело во Германија , Франција , Италија и други држави да се употребува овој стил на градба , зошто тогаш неможе во нашата архитектура да се вметнуват вакви елементи особено ако се знае дека во Македонија врие од Антички градови каде што се сретнуват слични стубови.
Или и тие биле Грчки?
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Вака што ас идам у центар се осеќам ко да не сум во скопје ко да сум во Виена, што значи нема оригиналност градот.
Ако досега архитектурата беше катастрофа, зборам после земјотресот, отсега ке биде убава бледа копија.
Одлично.Подобро да личи на Виена,отколку на Кабул.Јас кога шетав по главната улица во Белград се осеќав како да сум во Виена.Не знам што е толку страшно да те споредуваат со преубав град како Виена.
Еве на пр.Санкт Петерсбург некои го нарекуваат "Венеција на северот".Страшно ли е тоа???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom