Порта Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓа Портата ?

  • Да,супер е !

    Гласови: 29 26,6%
  • Не и Не !

    Гласови: 44 40,4%
  • Кога ќе се средат и фасадите поубава ќе биде..;)

    Гласови: 16 14,7%
  • И кога ќе се среди целата околина,пак нема да ми се допаѓа :@

    Гласови: 20 18,3%

  • Вкупно гласачи
    109
  • Гласањето е завршено на .
Јаооо моментот со знамето и Македонија чкртнато врз него.:facepalm:
 
Барем и фасадите на околните згради да ги направат во ист стил, па да заличи на нешто ама пак глупо е затоа што касниме едно 300 години со стилов.
Наместо да си смислиме ние наш стил како Гауди што во своето време смислил стил за Барселона и токму поради него Барселона е една од најпривлечните туристички дестинации неколку векови наназад, ние одбравме да бидеме бледа копија на некојси австроунгарски римскоегипетски Моцарт стил.
Или некој сака да лапка парички или нашите македонски Гаудиевци т.н "дипломирани градежни архитекти" немаат грам иновативност а се платени бајаги многу парички.
Е па да ми извините ама и дете од 7 години може да отвори некоја страна на интернет и да ги прецрта на лист хартија неколку века старите капии, споменици и судови од Европските градови.
На крај ние ке ги прашаме нив, вие сте придонеле нешто кон усовршување на архитектонските дела во Македонија или на факултет само сте научиле да копирате?
А можда и нив ги научиле само да пресметуваат колку лопати цемент, песок и вода се потребни да се добие квалитетна смеса.
Е затоа ке ни се смеат странци, ке доаѓаат овде не за да видат колку убави градби сме направиле туку за да ни пукаат сеир колку ние сме заостанати во времето, просторот и умот.
Значи дајте бре напрајте нешто ваше, нека биде и грдо ама нека си ваше, па да знаеме кои се вашите интелектуални способности и дали тие дипломи што сте ги стекнале на факултет ви се доказ за вашето знаење т.е незнаење.
Јас еве завршувам на Машински, и имав идеа по еден предмет во третата година од струдирањето, дизајнирав концепт на превозно средство кое спаѓа во некоја меѓугрупа на автомобил-моторцикл. Сликата од возилото ја имам прикачено на аватар и не ми е срам да ја покажам. Некој ке рече грдо е некој ке рече ми се допаѓа некој ке се замисли за идејата па ке му текне нешто друго, ама без разлика тоа е мое и јас сум горд на тоа што сум го сработил.
Имам и други проекти правено, и имам разни идеи од разни полиња, и секогаш сум се трудел да не копирам, да бидам што пооригинален.
Што ВАШЕ (настрана копиите од Скопје 2014) имате вие студенти и дипломирани градежни инженери направено, поготово вие што сте учествувале директно или индиректно во проектирањето на Скопје 2014?
И уште едно да не должам, никако не треба верски објект на плоштад од било која вероисповед. Барем таму кога ке се шетаме со нашите сограѓани од различни вери (или атеисти) да не се чувствуваме поделени, бидејки верата прави поделба и не оддалечува нас луѓето. Едни се православни други католици трети муслимани четврти протестанти, и ако идеме по логиката: онаа религија која има најголема бројност во верници ке добие храм на плоштад, тогаш единствено што ке докажеме со тоа е, дека ние сме едни себични нечувствителни и нецивилизирани суштества кои доколку не се променат ке живеат во поделеност уште многу години.
Барем на плоштад да можеме слободно да шетаме без верски притисок, барем таму да не се делиме на вакви и такви.
 
Портава е супер. Уште подобро ќе дојде кога ќе се довршат фасадите на зградите. Убаво би било некои скалички да има до врвот на портата да се качат луѓето. А може и има, ако знае некој нека каже дали има или не. ;)
 
Портава е супер. Уште подобро ќе дојде кога ќе се довршат фасадите на зградите. Убаво би било некои скалички да има до врвот на портата да се качат луѓето. А може и има, ако знае некој нека каже дали има или не. ;)
Има има. Горната платформа е видиковец.
 
379139_10150507907902716_10642907715_8657154_1674679392_n.jpg



406625_10150507908952716_10642907715_8657163_463050741_n.jpg



395908_10150507907607716_10642907715_8657152_1843160754_n.jpg
 
Ептен беше ладно надвор ама успеав да го проследам отварањето на овој објект. Одлично! Само потсетување да се облагороди просторот околу и дај овие сендвичариве нека се дислоцираат веќе еднаш.
 
Дршката од знаменцето на последната слика искривена исто ко и кичмата на Македонецот на кој му градат порти.
 
Ако зборуваме за кичмата на Македонецот кој седи на интернет и шири зајадливост и злоба тогаш се согласувам. За секој обичен Македонец тоа е знаме развиорено од ветер кој дуваше бајаги прееска.
 
Дршката од знаменцето на последната слика искривена исто ко и кичмата на Македонецот на кој му градат порти.


Исправи се делфина..не се виткај и не давај друг да ти ја витка кичмата,само на безкичмењак може да му ја виткаат.
 
Кога ќе ја видам портава, просто ми се трошат пари на две работи:

1. да купам (каде и да има) комплет оклоп од римски војник, па да дефилирам секој работен ден од дома на работа и назад..

2. да купам џамбо тоалетна хартија од Палома, па кога ќе ми се присере, слободно да си какнам, онака римски и антички, на било кое ќоше од портава, а на видиковецот од портата особено!
 
После ќе имало должничка криза, па ќе се справуваме со неа, струјата ќе рипне, греењето, нафтата. Важо е патриотски и одговорно.
 
Кога ќе ја видам портава, просто ми се трошат пари на две работи:

1. да купам (каде и да има) комплет оклоп од римски војник, па да дефилирам секој работен ден од дома на работа и назад..

2. да купам џамбо тоалетна хартија од Палома, па кога ќе ми се присере, слободно да си какнам, онака римски и антички, на било кое ќоше од портава, а на видиковецот од портата особено!

За серење у јавност незнам дали се наплаќа казна според Закон за јавна чистота.. за мочање се плаќа.. ризикувај !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom