Порта Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓа Портата ?

  • Да,супер е !

    Гласови: 29 26,6%
  • Не и Не !

    Гласови: 44 40,4%
  • Кога ќе се средат и фасадите поубава ќе биде..;)

    Гласови: 16 14,7%
  • И кога ќе се среди целата околина,пак нема да ми се допаѓа :@

    Гласови: 20 18,3%

  • Вкупно гласачи
    109
  • Гласањето е завршено на .
За серење у јавност незнам дали се наплаќа казна според Закон за јавна чистота.. за мочање се плаќа.. ризикувај !

Па да ти кажам право, со оглед на тоа дека ќе купам римско воено одело, не гледам причина зошто некој чувар на законот би ми замерил за одење по мала и голема нужда...
 
Не мораш да одиш околу портата да вршиш разни нужди.Веќе се испосра на темава...:гомце:
 
Ало бе, не живееме во 18ти век, па да градиме вакви облици.
Да не испадне дека само кењам, еве ке дадам предлог што за мене е убаво.
-На пример операта во Сиднеј е нешто убаво. Тоа е симбол на градот. Исто така начинот на изградба е едно инженерско ремек дело. Кој не знае како се градела, на youtube има емисии кои многу убаво и документирано објаснуваат колкава креативност е вложена во овој објект.
sydney-opera-house.jpg

sydney_opera_house_concert_hall.jpg

И пази покрај тоа што има скулптурна вредност таа претставува и некаков објект во кој можат да се одвиваат некакви големи настани. И еве го, веќе 40 години е едно од најубавите градби во светот.
Оваа "нашава" порта на пример е ставена само за некаква естетика. Е сега зависи за кого е естетски убава, мене не ми се допаѓа од причина што 17-18ти век биле пред 400 години, и врвот на архитектурата била во овој тип на градби.
Дали и после 4 века врвот останал ист? -Кај нас изгледа како само што пристигна, што значи касниме со напредокот едно 4-5 века.
И друга работа. Жива копија сме, не е ова нешто наше, оригинално, нешто со кое ке не препознаат другите народи. Со овие градби само им лижеме гс на европјаните, ништо друго.
Дали мислите дека Скопје 2014 ке биде симбол на градот со толку голема препознатливост како што е операта во Сиднеј?
Пазете Сиднеј има само еден грандиозен објект, што му донел светска популарност на градот, а ние имаме повеќе објекти што чисто се сомневам дека ке добиеме и пола од популарноста на таа опера во Сиднеј.
И сега ние сме вложиле пример 100 милиони за Скопје 2014, а Сиднеј вложил 50 милиони во само еден објект а сепак популарноста што значи посетеноста на туристите е дупло поголема таму него во скопје, само ради тој еден објект. И ај сега која ни е математиката тука?
Ама тие биле оригинални имале униканта идеја нова, свежа, од никаде не копирале и затоа ке имаат не знам колку милиони туристи годишно, а ние ке си останеме со неколку стотини илјади туристи, а сме вложиле дупло повеќе средства и труд.
Македонски мозок тоа ти е... све сме патриоти, ама на крај нај патриот е оној кој прави ремек дело, не оној кој копира.
Дали еден Да Винчи би бил Да Винчи ако копирал?
Кој и е филмот на владава само во Скопје да вложува? Па што ако Скопје е главен и најголем град во Македонија? Инаку јас сум од Скопје, ама стварно ме нервира тоа, и после ке се жалиме дека ни сметале провинцијалци што се тепаат за да живеат во Скопје. Е па ке се тепаат кога дома живеат мизерно, а тука имаат солидна работа и плата, како да не се тепаат. Напрајте им ги убави градовите, развијте ја економијата во сите области од државата и никој нема да се тепа, секој ке сака дома да си биде. Дома си е најубаво.
Сиднеј не е главен град на Австралија, Канбера е, па ете операта таму ја сместиле и сега затоа е и најпознат град во светот.
 
А кој од кого копирал. Т.Е. што сме копирале,што е копирано и од каде ? Наведи со примери !
 
А кој од кого копирал. Т.Е. што сме копирале,што е копирано и од каде ? Наведи со примери !
Ок.
Стилот во кој се гради Скопје 2014 е стил кој е мешавина од некаква античкогрчка, романтичарско римскофранцуска архитектура.
Распределбата на спомениците е катастрофална бидејки на секој 2 метри има по некој споменик, мене повеќе ми личи плоштадот на табла за шах со шаховските фигури, коњи, кралеви, љумфери и тн, отколку на современ плоштад.
Доволно би било да е само "Воинот на коњ" со фонтаната која мене многу ми се допаѓа, и Гоце и Карев. Другиве само гужва праат. Константин требало да го сместат на кале, Самоил во Охрид, а Ченто во населба Ченто. Верски објект, никако.
Новиве градби од проектов 2014, многу штрчат во однос на старите комунистички згради. Не можеш да ми кажеш дека коцкастите згради на рекорд си одговараат со овие новиве, судот, музејот на вмро и тн.
Друго, ние гледаме да направиме градби кои личат на минатото. Сите линии на зградите од скопје 2014 имаат геометриски форми,све се со некакви кругови, коцки, правоаголници и триаголници, а такви форми имаат античките грци, римјаните и др западноевропјаните. Дали ние сме дел од овие народи? Секако дека не. Дали треба да градиме во нивен стил од пред 4-5 века? Секако дека не.
Минатото си е минато, и тоа си имало свои врвови во креативноста при проектирање. Дајте ние наш врв да си поставиме, да гледаме кон иднината. Ова што се прави не е поглед кон нашата иднина, ова е копија на некое ненаше европско минато, со внесување на малку модерни линии, со тие стаклени површини.
Мене ми боде во очи архитектурата на зградите, не толку спомениците бидејки тие биле личности од нашата историја и треба некаков спомен да се има од нив. Јас пред се за градбите не се согласувам.
Сега ти одговори ми на моите прашања од претходниот пост, ги болдирав кои се, и ако сакаш прочитај ми го постот па дај коментар на пишаното. Сакам да знам какво е твоето мислење во врска со моето образложение по оваа тема.
 
Ок.
Стилот во кој се гради Скопје 2014 е стил кој е мешавина од некаква античкогрчка, романтичарско римскофранцуска архитектура.
Распределбата на спомениците е катастрофална бидејки на секој 2 метри има по некој споменик, мене повеќе ми личи плоштадот на табла за шах со шаховските фигури, коњи, кралеви, љумфери и тн, отколку на современ плоштад.
Доволно би било да е само "Воинот на коњ" со фонтаната која мене многи ми се допаѓа и Гоце и Карев. Другиве само гужва праат. Константин требало да го сместат на кале, Самоил во Охрид, а Ченто во населба Ченто.
Новиве градби од проектов 2014, многу штрчат во однос на старите комунистички згради. Не можеш да ми кажеш дека коцкастите згради на рекорд си одговараат со овие новиве, судот, музејот на вмро и тн.
Друго ние гледаме да направиме градби кои личат на минатото. Минатото си е минато, и тоа си имало свои врвови креативноста при проектирање. Дајте ние наш врв да си поставиме, за нашата иднина. Ова не е наша иднина, ова е копија на ненаше европско минато, со внесување на малку модерни линии, со тие стаклени површини.
Сега ти одговори ми на моите прашања од претходниот пост, ги болдирав кои се, и ако сакаш прочитај ми го постот па дај коментар на пишаното. Сакам да знам какво е товето мислење во врска со моето образложение по оваа тема.

:pos: Само што измисли нов правец во архитектурата - алал да ти е.

Моето мислење е следно..

1. Околу спомениците - да .. и ја се слагам дека се многу густо распоредени..а некои и многу штрчат.. посебно Самуил и Ченто.. за нив треба да им се најде друго место,преблиску се до фонтаната.. Карев пред собрание не ми се допаѓа,лошо е изработен,исто и во жена - парк се планираат многу споменици, ни тоа не е добро !

2. За зградите би рекол следно - воглавно се ОК,музејот можеше поубаво да се направи, посебно кровот и куполата,немораше да има купола,можеше нешто кровот како на театарот да се направи..ама бидна..тоа што го има внатре го оправдува делумно промашениот изглед од надвор..

3. Се слагам дека штрчат и тоа многу, ама не ради тоа што тие не се добри туку затоа што другите згради во околината се катастрофа.. ај што се изградени без никаква естетика во титово време, ама и фасадите од тогаш никогаш не биле обновени..така да сега имаме резултат- изљупени,грди , пожолтени фасади спремни за снимање хорори.. Тука градот МОРА да превземе нешто,заедно со станарите и тие фасади да се обноват..пред се мислам на тие кај Рекорд и Собранието (мада низ цел град се во очајна состојба).
 
Ок.
Стилот во кој се гради Скопје 2014 е стил кој е мешавина од некаква античкогрчка, романтичарско римскофранцуска архитектура.
Ова го прочитав и доволно ми е.Jас се повлекувам од секаква натамошна дискусија за проектот Ск 2014.
поз до сите
 
:pos: Само што измисли нов правец во архитектурата - алал да ти е.

Моето мислење е следно..

1. Околу спомениците - да .. и ја се слагам дека се многу густо распоредени..а некои и многу штрчат.. посебно Самуил и Ченто.. за нив треба да им се најде друго место,преблиску се до фонтаната.. Карев пред собрание не ми се допаѓа,лошо е изработен,исто и во жена - парк се планираат многу споменици, ни тоа не е добро !

2. За зградите би рекол следно - воглавно се ОК,музејот можеше поубаво да се направи, посебно кровот и куполата,немораше да има купола,можеше нешто кровот како на театарот да се направи..ама бидна..тоа што го има внатре го оправдува делумно промашениот изглед од надвор..

3. Се слагам дека штрчат и тоа многу, ама не ради тоа што тие не се добри туку затоа што другите згради во околината се катастрофа.. ај што се изградени без никаква естетика во титово време, ама и фасадите од тогаш никогаш не биле обновени..така да сега имаме резултат- изљупени,грди , пожолтени фасади спремни за снимање хорори.. Тука градот МОРА да превземе нешто,заедно со станарите и тие фасади да се обноват..пред се мислам на тие кај Рекорд и Собранието (мада низ цел град се во очајна состојба).
Хахаха, а бе не ми беше целта да измислам нов правец, знам дека не може така да се состави тој збор римскофранцуска, бидејки едното е град кој порано воеднб бил и држава а другово е држава која се формира со тоа име многу подоцна од првата.
Битно ми беше да ми ра разбереш мислата дека во рим и париз се граделе овие стилови во екот на нивните територијални експанзии, кои се случиле пред неколку векови, во франција за време на бонапарта, а рим за време на цезар. Тие две личности се најистакнати и ги земам за пример од кога датира ваквата архитектура.
Е сега ние скопје 2014 го напраивме од некаква комбинација од повеќе стилови кои постоеле во различни периоди од времето на различни територии.
Ама сакам да кажам дека не е поентата да црпиш инспирација од минатото. Треба да се биде во сегашноста а да се гради за иднината. Има многу нови материјали, нови техники на градба, нови органски линии во градежништвото, кон кои треба да гледаме, а не ова некои кругови и правоаголници да градиме.
Погледни го едно Дубаи, стадионот птичје гнездо во Пекинг, после во банкок тие зградите близначки и т.н има многи убави градби кои што се симболи на одредена територија, и причината поради која тие се симболе е бидејки тие се оригинални, уникатни, некопирани од некаде. Не знам како на друг начин да ти објаснам, мада гледам дека и ти разбираш дека целово ова малку не штима.
Што знам премногу старо, и без идеја, само copy paste ко да сме напраиле.
 
Дали мислите дека Скопје 2014 ке биде симбол на градот со толку голема препознатливост како што е операта во Сиднеј?
Сигурно дека не. Опера Хаус во Сиднеј чинела 102 милиони долари во 1960. Доколку ја земеме само инфлацијата во предвид, тоа денес би било 761 милиони долари. Целиот проект Скопје 2014 чини 200 милиони евра. Проверувај ги бројките пред да ги напишеш...
Сиднеј не е главен град на Австралија, Канбера е, па ете операта таму ја сместиле и сега затоа е и најпознат град во светот.
Канбера е и секогаш била само административен центар, слично како Бразилија. Никогаш не била најголем град. Сиднеј тогаш бил најголем во Австралија слично како Скопје сега кај нас.
 
Ова го прочитав и доволно ми е.Jас се повлекувам од секаква натамошна дискусија за проектот Ск 2014.
поз до сите
Кој не сака да ја разбере смислата на зборот а притоа гледајки ја само подреденоста на буквите е слеп човек.
Буквите и зборовите се ништо друго освен средство за комуникација. Е сега кога комуницираш со некој, што е важно, да се разбереш со него или да бараш логика во составувањето на зборот?
На пример ти се викаш Влатко, ама јас упорно те викам Мишко. Дали после неколку пати откако ке го изговорам тоа име Мишко гледајки кон тебе, ти ке знаеш јас на која особа и се обраќам?
Значи јас знам дека со тоа што го пишав (зборот "римскофранцуско") не може како така подреден да постои, ама исто така и знам дека ме разбра што ти кажувам, а сепак одлучи да се истакнеш, да го исполниш своето его, со тоа што ми замери за тоа како сум го споил зборот. Ок, твое право, но мене не ми е гајле толку за тоа зборот како е пишан, туку за тоа дали си ги разбираме мислите?
 
Значи ти колку што можам да те сватам не си против проектот/портата , туку си против стилот во кој се гради..да беше од стакло портата може и ќе ти се свиѓаше а ?
 
Сигурно дека не. Опера Хаус во Сиднеј чинела 102 милиони долари во 1960. Доколку ја земеме само инфлацијата во предвид, тоа денес би било 761 милиони долари. Целиот проект Скопје 2014 чини 200 милиони евра. Проверувај ги бројките пред да ги напишеш...

Канбера е и секогаш била само административен центар, слично како Бразилија. Никогаш не била најголем град. Сиднеј тогаш бил најголем во Австралија слично како Скопје сега кај нас.
Ту бре одма се фативте за бројките. А бе пишав пример пред да ги пишам сумите, значи не знам колку точно пари се вложени, а и не знам и сега дали си ти во право со овие бројки што ги изнесе. Така да ке оставам некој постручен околу инфлацијата да каже.
Идејата ми е битна да ја разберете, не она од околу што го давам. Суштината ми е дека треба да си бидеме оригинални, и барем да беше вложено во еден објект, ама тој да беше нешто ново иновативно, како што е случајот со Операта. Операта во тоа време била изградена со сосема нова техника на градење, нови материјали т.е со затегање на сајли и ако на пример сега отидеме таму и ги пресечеме сајлите целата страна од операта ке се сруши. Градена е одприлика на начин како што се градат мостовиве со сајлите, само малку покомплицирано е за објаснување.
Е сега кон такво нешто јас целам. Значи остајте све пропратно што сум го пишал како пример, суштината е битна.
А суштината е иновативноста за која треба да се поседува креативност и да се има храброст (муда) да се почне нешто ново.
Вака што ас идам у центар се осеќам ко да не сум во скопје ко да сум во Виена, што значи нема оригиналност градот.
Ако досега архитектурата беше катастрофа, зборам после земјотресот, отсега ке биде убава бледа копија.
 
Ту бре одма се фативте за бројките. А бе пишав пример пред да ги пишам сумите, значи не знам колку точно пари се вложени, а и не знам и сега дали си ти во право со овие бројки што ги изнесе. Така да ке оставам некој постручен околу инфлацијата да каже.
Имаш на интернет многу извори за инфлацијата, провери ги. Инаку бројките се многу битна работа. Знаеш како викаат -- колку пари, толку музика. Доколку потрошевме неколку милијарди евра на зградите и мостовите во центар ќе изгледаа поубаво од сега. Сајли и минимализам е скапа работа и има многу поголеми трошоци за оддржување. Мостот Гоце Делчев е пример за тоа кај нас.
 
Вака што ас идам у центар се осеќам ко да не сум во скопје ко да сум во Виена, што значи нема оригиналност градот.
Ако досега архитектурата беше катастрофа, зборам после земјотресот, отсега ке биде убава бледа копија.

Мене повише ми личи како на Париз :pos: абе смешки си ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom