- Член од
- 8 февруари 2007
- Мислења
- 1.968
- Поени од реакции
- 43
Ајде вака. Не ти е веќе пријател. Што би требало да значи тоа? Дека нешто се скршило и она доверување на тајни повеќе го нема, но сепак знаете да си кажете што општо ви се случува во животот, едноставно да си останете на здраво и како си.Добро, сега можеби непријател звучи малце опасно, ама сепак под непријател можеш да сфатиш некој што сака да те зезне, да ти наштети, некој што не те поднесува. И не се мисли дека пријател што го имаш во моментот и на кој што му веруваш. Се мисли на човек кој ти бил пријател, на кого си му верувал и си му ги кажувал тајните и ете со тој човек расчистуваш и не ти е повеќе пријател. Тој може ете да го искористи тоа што те знае, за да ти забие нож во грб.
Ако е ваков случајот не верувам. Треба да си бездушен за да наштетиш на некого кого го познаваш и комуницираш со него.
Нормално има и исклучоци од ова, едноставно тоа зависи од личноста и нејзиниот карактер.
Поранешен пријател со кого немате апсолутно никаква комуникација е сосем различно. Тогаш може да очекувате се. Знаете дека знае се за вас, дека може тоа да го искористи во било кој момент..она што не би требало да го заборави е дека и вие го знаете него. Значи како што тој знае за вас така и вие за него. Свесен е дека може да му вратите со иста мера ако само посакате.
Непријател..па тој не знае ништо посебно или детално за вас. Секогаш повеќе внимавај на пријателот отколку на непријателот или пак на поранешниот пријател.