Никогаш на крај памет не би ми текнало дека токму на ова место,на форум,преку пост ке ти посветам некое време да ти кажам некој работи, иако индиректно,сепак ке го направам она што морам. Иако за мене се знае дека сум човек без срце,ладна личност без емоции, со цврст карактер, сепак на кратко ке ја претставам мојата друга страна, она непозната за останатите, ке ги пренесам моите чувства и емоции што претставува редок чин. Голем е товарот што го носам на мене, дел од тој товар си и ти и моите недовршени работи со тебе, но што е тука е, преку овај пост можеби некој работи во врска со тебе ке успеам да ги тргнам настрана...
Се што е убаво кратко трае. За жал, вистинска порака поврзана за нас двајца. Иако кратко, успеа да ме направиш срекен иако пораснав со проблеми, со несреки, без мојот омилен член од мојата фамилија. Ме направи да се чуствувам како мало дете, кое се радува на мали работи и кое прв пат осека топлина и лубов кон некого. Надвор ладно, јас и ти смрзнати, со моите шеги на твоја сметка. Но тоа не е заради да те навредам или почуствувам надмоќ, туку да ја запаметам твојата фаца со мала доза на насмевка и љутина во исто време.Не помина ни два месеци од нашето последно излегување, како да беше вчера и тоа е толку блиско, но и далечно во исто време.
Но се пропадна кога ја дознав твојата мала тајна, на не толку прифатлив начин. Гордоста и љутината ме доведоа до тоа да кажам некој работи,што никогаш не би ти ги кажал или помислил. Но сепак реалноста е таа. Мораш да бидеш среќна, а јас тоа не би ти го зел никогаш. Не ти кажав една работа за мене, бидејки длабоко ке те повредев и никогаш не би посакала да ме видиш пак, а тоа неможам да си го дозволам. Кога би те повредил тебе, исто како да сум се повредил и јас самиот...
Биди среќна, без разлика со кој си и каде си. Внимавај на твојот избор, бидејки многу пати си била повредена од локални шерифи,кој не знаат што поседуваат бидејки имаат низок коефициент на интелегенција. За жал незнаев и јас, но никој неможе да го врати времето назад, да исправи некој грешки и работи од минатото. Иако се изгуби,не знаеш да го потсетиш твојот стар другар и познаник дека си жива, сепак ме имаш доколку ти затреба нешто,совет или услуга. Ги паметам оние што ме правеле срекен, ги паметам добрите дела, ке те паметам тебе. Тука сум за се она што ти треба, го знаеш мојот број, но не чекај долго, бидејки ке помислам дека не знаеш да цениш пријателство и човек кој ти сака се најдобро во животот. Иако имаш дечко, а јас девојка,тоа не ме спречува да ги продолжам нашите искрени и интересни разговори,кој со тек на време ми изгледаат далечно минато.
Мило ми е што те запознав, што поминав прекрасни моменти со тебе. До некаде си моја слаба точка, како дел од моето семејство,на кој мислам и сакам да е среќен. Се надевам на подобри времиња, се надевам на враќањето на старите разговори, шеги и глупости. Времето ќе покаже дали ова ќе се оствари, но и да не се случи, паметам се и не заборавај дека таму некаде постои другар кој го имаш во секое време :smir: