Имаше многу кои ми кажаа да се сетам на нив, но единствената чие сеќавање никогаш нема да исчезне си ти, онаа која ми кажа да ја заборавам. Претпоставувам дека така стојат работите кога станува збор за врска која воопшто не требаше да се случи. И иако се заврши далеку од "Си живееа среќно до крајот на животот", вечно ќе ти бидам благодарен за најдобриот и најценетиот подарок кој некогаш ќе го добијам, ти ме научи да сакам. Токму затоа и спомените никогаш нема да избледат. Ти ја посакувам сета среќа, и по кој знае кој пат, ти велам збогум.