Помош: SQL и останати бази на податоци

bubi4ko

Македонци брее..
Член од
24 јуни 2008
Мислења
274
Поени од реакции
17
Можеби прашањево не е за тука но вреди да пробам...Значи ми треба ПХП код за регистрација на платен хостинг со пејпал за плаќање...Ако може некој да напише ке му бидам многу благодарен...Ако прашањево не е за тука нека се премести!!
 
SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221

Сакаш да кажеш дека имаш страна (нешто слична на Амазон) само ти треба PHP код кој ќе ги „обработува“ податоците регуларно или пак кој ќе ти ги праќа информациите од картичката на меил ? :icon_lol:

Како и да е, за такви работи не ми се верува дека некој би ти дал скрипта, едино би ти продал. И мислам дека боље би било да пробаш на оваа тема.
 
SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Инаку како мани...

Access фајл не би требало да помини 1гб.

Позитивни...

Графичко креирање на табелите и кверината.
Целосна SQL база.
Лесен пристап до базата преку драјвери во програмските јазици, без потреба од ODBC и слично.
Новите Access (од 2000 па нагоре) имаат капацитет од 2GB, исто така на некој начин тоа и не претставува голем проблем затоа што за да се внесат податоците во базата преку програмот немора базата да ти е аддната во проектот, доволно е само парче код за да се конектираш со базата за да можеш да внесуваш во неа (ова претпоставувам го знаеш :)) такада, ако базата го достигне капацитетот само ќе ја замениш истата база само празна без податоци (ова малце смешно звуче, али...) :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.263
Поени од реакции
18.084

:smir:

Она што го наведов се МОИ погледи на Access база. Според мене никако, ама никако немој да работиш со Access база од 1гб затоа што ќе ја отепаш брзината на апликацијата.
Ако гледаме така на хартија, не само 2гб, туку Access базите имаат и шифри, ама според мене тоа е гола вода, затоа што се разбиваат ко од шала.

Во глобала се си има намена, така и access-от, не се зема тенк за да отепаш глушец, ова во контекст на батката што никогаш не би работел со Access, туку би работел само со Oracle, MSSQL итн.

Јас и SqlLite си го користам за соодветна намена, а во глобала обожавам ако можам да избегнам база и да си средам се со XML.
 
SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
:smir:

Она што го наведов се МОИ погледи на Access база. Според мене никако, ама никако немој да работиш со Access база од 1гб затоа што ќе ја отепаш брзината на апликацијата.
Ако гледаме така на хартија, не само 2гб, туку Access базите имаат и шифри, ама според мене тоа е гола вода, затоа што се разбиваат ко од шала.
Абе кога ќе видиш на некој начин лозинките во Access се ставаат ради реда. Кога би правел апликација со Access база тоа би било апликација за некоја помала фирма и која „никој не го интересира“ што има таа фирма во базата (не го сваќај ова буквално :)).

Во глобала се си има намена, така и access-от, не се зема тенк за да отепаш глушец, ова во контекст на батката што никогаш не би работел со Access, туку би работел само со Oracle, MSSQL итн.
Би работел и со таков вид на бази, само има време и за тоа :)
Работава е што кај Access не само програмерот, туку и корисникот има лесен пристап/преглед до/во базата, али од друга гледна точка испаднаа многу негативни карактеристики :(

Јас и SqlLite си го користам за соодветна намена, а во глобала обожавам ако можам да избегнам база и да си средам се со XML.
И јас обожавам да избегнувам бази, али по можност ни XML да не користам :) Ехх... камоли да можеше така тоБ ќе беше :)

Како и да е... почнав да чепкам по нешто и од другиве бази. Очекував дека се многу потешки и покомплицирани за работа, но испадна дека не се којзнае каква филозофија (не дека се прелесни, ама ако се сака се може и ќе се научи).
 
divjak

Aker
Член од
9 јули 2006
Мислења
97
Поени од реакции
1
Вака сега имам едно прашање, пр имаш 80000 записи во табела е сега подобро и побрзо е да се повика процедура која ќе извршува Select .... from table where ... или па ова да се изврши со query кое ќе се повика од програмски јазик во кој го работиш проектот, дали ке биди побрза процедурата при извршување на select или па query-то

И уште нешто дали некој знае како со query да се конвертира некоја табела од база во XML, тоа може да се прави во CMD и Mysql со mysqldump и успеав тоа да го средам само сакам тоа преку query да се прави ако има некој вакво нешто правено нека пиши
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
Процедурата е побрза и секаде каде имаш можност за процедура прави процедура...
Вака сега имам едно прашање, пр имаш 80000 записи во табела е сега подобро и побрзо е да се повика процедура која ќе извршува Select .... from table where ... или па ова да се изврши со query кое ќе се повика од програмски јазик во кој го работиш проектот, дали ке биди побрза процедурата при извршување на select или па query-то
 
MkForces

тантара пантара
Член од
25 јануари 2007
Мислења
600
Поени од реакции
19
Вака сега имам едно прашање, пр имаш 80000 записи во табела е сега подобро и побрзо е да се повика процедура која ќе извршува Select .... from table where ... или па ова да се изврши со query кое ќе се повика од програмски јазик во кој го работиш проектот, дали ке биди побрза процедурата при извршување на select или па query-то

И уште нешто дали некој знае како со query да се конвертира некоја табела од база во XML, тоа може да се прави во CMD и Mysql со mysqldump и успеав тоа да го средам само сакам тоа преку query да се прави ако има некој вакво нешто правено нека пиши
Ти дечко да не програмираше во Црна Гора или во Лисолај? :))
Мајтап на страна, и мене ме интересираат истите работи... да видиме шо ќе речат луѓево :)
 
divjak

Aker
Член од
9 јули 2006
Мислења
97
Поени од реакции
1
Ти дечко да не програмираше во Црна Гора или во Лисолај? :))
Мајтап на страна, и мене ме интересираат истите работи... да видиме шо ќе речат луѓево :)
Hehehehehehehhe so prajs be zver, utre spremajse da mi pomagas za Parserot sega ke cepnam neso jas i ne ja spamiraj temata :)))
 
SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Момци, дали има разлика помеѓу:
Код:
SELECT * FROM TableName
и
Код:
SELECT Test, Test2, Test3... FROM TableName
Правам една ствар и го користам SELECT * и податоците во DataGridView ми ги дава по измешан редослед. Дали е тоа поради Query-то или имам грешка во кодот ?
 
back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Момци, дали има разлика помеѓу:
Код:
SELECT * FROM TableName
и
Код:
SELECT Test, Test2, Test3... FROM TableName
Правам една ствар и го користам SELECT * и податоците во DataGridView ми ги дава по измешан редослед. Дали е тоа поради Query-то или имам грешка во кодот ?
Треба да ти ги прикаже по редослед како што хронолошки се внесени колоните во база.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Ако за време на трансакција се случи нешто (се исклучил комп, се работи за локална база не на сервер) после базата би била валидна пак ? SQL сам си прави ROLLBACK на трансакцијата ?

финтава ми е да не правам бекап на база да не си го комплицирам животот уште толку :)
 
Па тоа е логиката на тансакциите.

Ама ако му снема струја на серверот на сред работа, тогаш без разлика дали си правел трансакција во моментот или не, има опасност да ти појдат податоците.

Така да backup секако треба да планираш.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Како се залкучува SQL база преку linq или во properties на базата е тоа ? да не може да се отвори со друга програма, нешто како пасворд ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom