Искрено не очекував ваков одговор со позитивен исход. Кога почнав да учам работа со бази почнав со MS Access и ми се виде пилично лесна за работење и исто така ги исполнува барањата од програмерот/корисникот, само не и ги знам слабите страни односно безбедноста на кое ниво е сведена дека еден од главните фактори на една апликација (особено кога станува збор за фирма со поголем бизнис) безбедноста на податоците заедно со функционалнота на програмата треба да се на прво место и несмее да се дозволи пропуст, во спротивно... ојде некоја фирма у стечај
Неможеш да добиеш безбедност каква што бараш од десктоп база како Access. Ниедна десктоп база нема таква безбедност.
Ако ти треба голема безбедност и ако се работи за поголем број на компјутери тогаш ќе си земиш некоја серверска база.
Инаку како мани...
Шифрите лесно се пробиваат.
Access фајл не би требало да помини 1гб.
Централизирана база во мрежа со повеќе компјутери е без врска решение со access.
Позитивни...
Графичко креирање на табелите и кверината.
Целосна SQL база.
Лесен пристап до базата преку драјвери во програмските јазици, без потреба од ODBC и слично.
И прилично отпорна на паѓање на компјутерот од струја и други проблеми.
Ова во кратки црти.