Помош: SQL и останати бази на податоци

  • Креатор на темата Креатор на темата Dejan]
  • Време на започнување Време на започнување
Објасни малку подетално што сакаш да постигнеш, вака е премногу општо и затоа еве неколку „општи“ решенија.

Ако сакаш само една конекција кон базата во даден момент, можеш да подесиш преку restrict access параметарот на базата (да го поставиш на single).

Шифри нормално можеш да користиш .... но ако некој друг корисник или друга програма ја знае шифрата не си постигнал ништо.

Ако сакаш да заштитиш пристап само од одредена апликација тогаш можеш да пробаш да направиш процедура која постојано ќе се извршува и која ќе ги kill-не сите несакани процеси (sysprocesses (program_name)) отворени кон твојата база.
Можеш да пробаш и со тригер кој со помош на APP_NAME() командата ќе го земе името на клиентот па ако не е тоа кое е одобрено да не дозволи и звршување на командите.

Мислам дека најдобро можеш да се заштитиш ако додадеш constraint на клучните табели кои сакаш да ги заштитиш со што можеш да ограничиш пристап дури и за корисниците на MSSMS (CHECK APP_NAME()='programa.exe')

Можеби интересен пристап е и енкрипција на сите информации во базата, па нека пристапува после кој сака. Податоците ќе може да ги дешифрира само твојата апликација.
 
Сакам само мојата апликација да има пристап до базата, друга да неможе да ја отвори.
 
Момци имам проблем , пред некој ден ми дадоа задаца да вметнам слики во база и нормално да се отвараат на пребарувачот..... пробав преку блуп и преку разни ствари , али ништо не се дешава освен што гледам разни букви и бројки наместо слика

однапред благодарам и се надевам некој кје може да ми помогне
 
Неможеш директно да ја отпечатиш на екран сликата (echo, print и сл.). Т.е. можеш ама ќе добиеш ѓубре. Пробај со imagecreatefromstring не би требало да имаш проблеми.
 
Неможеш директно да ја отпечатиш на екран сликата (echo, print и сл.). Т.е. можеш ама ќе добиеш ѓубре. Пробај со imagecreatefromstring не би требало да имаш проблеми.

Па најдов еден поприфатлив начин а тоа е да ги запишам како линкови во SQL и сеа креирам фолдер пр. /images/ ги зачувувам сликите во фолдерот и пишувам линкови во sql , pr. /images/1.jpg е сеа тоа шо незнам е , линкот што треба да го записам во полето, од кој тип да биде полето , вар, техт , инт ...
 
Ако тоа е решение на задачата ок е и така ... ама ако задачата е да вметнеш слики во базата ... хммм ... незнам баш.
Како и да е, полето треба да биде varchar нормално затоа што запишуваш текстуални карактери во него а не бројки, а должината на полето одреди ја во зависност од бројот на карактери кои може да го содржат имињата на сликите.
 
Дали има тука некаде еден мајстор за Access?!
Ми треба човек кој има сериозно искуство во креирање и поврзување бази, за еден прилично обемен проект.
 
Дали има тука некаде еден мајстор за Access?!
Ми треба човек кој има сериозно искуство во креирање и поврзување бази, за еден прилично обемен проект.

Друже, ако се работи само за класично поврзување на апликацијата со базата или пак ако има повеќе бази/табели ондак би можеле и тука на форум да ја наредиме... На овој сајт има објаснето како се стринговите за конекција со базата (барај за Access), ако можеш да се снајдеш во ред, ако не... ако не ти е проблем малце подетално да објасниш околу твојот проблем па би можеле да пробаме да ја анредиме работата :)
 
Ако тоа е решение на задачата ок е и така ... ама ако задачата е да вметнеш слики во базата ... хммм ... незнам баш.
Како и да е, полето треба да биде varchar нормално затоа што запишуваш текстуални карактери во него а не бројки, а должината на полето одреди ја во зависност од бројот на карактери кои може да го содржат имињата на сликите.

Значи креирав поле варчар внесов во него , /images/a.jpg , али на излез го добивам истото /images/a.jpg т.е само техт , сумјам дека проблемот е нешто во пхп кодот јас пробав вака <?php echo '<img scr = " ($row_funny_pics["TEXT"])">';?> и вака <?php echo ($row_funny_pics["TEXT"]);?> али ниедно од тие 2 не е успешно , помагајте :)
 
Неможеш така друже, мораш да ја следиш целата патека до сликата. Значи мора да е пример ако сајтот ти е www.primer.com, а сликата се наоѓа во images/1.jpg тогаш патеката треба да биде www.primer.com/images/1.jpg за да ти ја отвори сликата... или пак вака треба некако да изгледа src="./images/1.jpg"
Ако можеш ова да го средиш мислам дека ќе биде океј :toe:
 
Значи креирав поле варчар внесов во него , /images/a.jpg , али на излез го добивам истото /images/a.jpg т.е само техт , сумјам дека проблемот е нешто во пхп кодот јас пробав вака <?php echo '<img scr = " ($row_funny_pics["TEXT"])">';?> и вака <?php echo ($row_funny_pics["TEXT"]);?> али ниедно од тие 2 не е успешно , помагајте :)

IMG тагот не е правилно изграден. Пробај: <?php echo "<img scr='".$row_funny_pics["TEXT"]."' />" ?> евентуално полесна варијанта за да не грешиш со наводници и сл. а и така само името ти е променливо е: <img src="<?php echo $row_funny_pics["TEXT"] ?>" />

Во секој случај, ако сите слики се сместени во тој фолдер, за да се намали оптеретувањето на базата можеш и: <img src="/images/<?php echo $row_funny_pics["TEXT"] ?>" />, при што во база ќе запишуваш само име на фајлот.

Edit: Е да, може и патеката да ти е погрешна пошто е релативна, ама тоа ваљда не ти е ... ако на тоа грешиш батали php врати се уште некое време на html :)
 
Сликата внесена во база во блоб, ќе мора да се вади со некој пхп код кој ќе има MIME type и сите други нишани за да му јави на пребарувачот дека доаѓа слика.

Обично избегнувам внесување на слики во база.
 
Па јас не познавам програмер кој користи слики складирани во бази. И кога станува збор за mySQL база со неограничен простор сепак треба да се користи фолдерот како место за складирање на слики. Да не зборувам за MS SQL бази каде просторот е 100-200 MB...
Обично избегнувам внесување на слики во база.
 
Dejan];2844930 напиша:
Па јас не познавам програмер кој користи слики складирани во бази. И кога станува збор за mySQL база со неограничен простор сепак треба да се користи фолдерот како место за складирање на слики. Да не зборувам за MS SQL бази каде просторот е 100-200 MB...

Хммм, колку неправилен пристап ... тоа што ти не познаваш не значи дека не се користи. Дали информацијата ќе сместува во база или не сепак зависи од конкретниот проблем.
Што ако на пример правам база на фонтови каде што имам gif-че од фонтот кое „јаде“ само 1-2 кила? Нормално дека ќе го ставам во база и ќе имам полно функционален каталог со само два фајла, а не и фолдер со илјадници сликички. Не само сликичка од фонтот, и фонтот ќе го бутнам внатре. Лесно за пренос, лесно за манипулирање.
Од друга страна поракава која ја пишувам сигурно ќе изеде некои 2 килобајти. Зошто тогаш и неа да не ја запишам на диск, туку по дифолт ја снимам во база? Зарем нема и она да ја оптерети базата до дозволените граници?
Да, некои наши навики велат текст оди во база се друго на диск, ама не секогаш таквите решенија се оправдани.
Што ми беше поентата ... воопшто не е битно што другите прават, уште понебитно е што другите не прават, битно е само како ние да си го решиме нашиот проблем ... база, csv датотека, фајл систем, што е битно, битно да работи и да нема грешки.
 
Dejan];2844930 напиша:
Па јас не познавам програмер кој користи слики складирани во бази. И кога станува збор за mySQL база со неограничен простор сепак треба да се користи фолдерот како место за складирање на слики. Да не зборувам за MS SQL бази каде просторот е 100-200 MB...

Јас не користам слики во база, затоа што е тотално непотребно за тоа што го правам.

Но, не ја исклучувам можноста од потреба на решение со база во некој посебни ситуации.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom