Помош - сакам да градам!

Член од
28 март 2006
Мислења
16.068
Поени од реакции
8.907
За густа боја, густина нешто малку потечно од глет маса (и според упатството таква мора да биде за да делува на ѕидот), како што вели упатството хомогена во вид на паста...што препорачувате освен класична четка? Оти се обидов со четка, треба посилно да се нанесува, остануваат ситни топчиња и бразди од влакната кои мора неколкупати да се поминат за да се израмнат. И повторно, по сушење се забележува ситни нерамнини од четката.
Дали е подобро да се обидам со ваљак, ако е за ваљак, дали е подобар сунѓерест или дали има некој специјален за вакви густи бои.
Се работи унаку за термоизолациона внатрешна боја (може да се тонира како и акрилните бои) која треба да се нанесе во 2 слоја од по отприлика 0.5-1 мм секој слој.
Овде на пример има миљон различни видови па не знам кој е подобар за ова, а вработените колку што ги знам, многу не се замараат за 1 ваљак.
Идеја некоја за вториот слој да го нанесам порамномерно?
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
6.058
Поени од реакции
8.427
@Lurtz колку површина може да поминеш со една канта од ова? Ако ја поминам од внатрешна страна на ѕидовите треба да минувам со нешто друго врз неа? Интересна ми изгледа, ми треба за изолација и мене да пробам на една соба :)
 
Не сакав прерано да ја оценам бојата затоа што саботатат тек ја нанесовме. И тоа само еден слој, каде подебел каде потенок, чист аматеризам :D
Земав најмала канта од 3 литри каде пишува дека се става вода многу мал % ама со таква густина требаше да ја нанесувам како глет маса. Ставивме малку повеќе. Се работи за терсене ѕид кој однадвор не можам да го изолирам затоа што однадвор има саати за струја и другиот дел водомери (значи ѕидот ни беше тенок и беше мраз па многу мувла фаќаше).
За потрошувачка, скоро половина од кантичката ни остана после првиот премаз, а површината беше 4.2м х 1.5м (околу 5-5.5 м2). Истото ми го кажа и газдата на фирмата од Прилеп, со најмалата канта со 2 слоја можам да покријам околу 5м2, пак зависно од густината и подготвеноста на ѕидот.

Како ќе испадне изолационо, не знам. Засега (3 дена по мачкањето), приметувам разлика во температурата на ѕидот каде има и нема термостоп. Каде што има, ѕидот е нијанса потопол. Вториот и третиот слој веројатно разликата во топлина ќе се зголеми.

Ама не сакам некого да зезнам да кажам дека делува пред да помине зимскава сезона барем еден месец, решив 1600 (во Прилеп 1500) денари ќе ги жртвувам па што биде биде и така за друга изолација немам можност. :)
Ако делува, ќе земам и за уште еден таков ѕид и за носачите кај децата каде повремено се јавува влага/мувла.

Ако ја поминам од внатрешна страна на ѕидовите треба да минувам со нешто друго врз неа?
не треба, ако ја нанесеш рамномерно. Пишува дека може и да се тонира со тонери за акрилни бои. Едниот ѕид испадна одлично како со поликолор. Другите 2 ги прошарав со брзање и четка. Следната сабота ќе го ставам вториот слој, затоа што ем се препорачуваат 2 ем да ги израмнам грешките од првиот пат :) Затоа и барав ваљак, сунѓерест па ќе видам во Електрометал какви имаат, Ројалинвест ми е далеку.

Меѓувреме ќе го прашам и колегата, тој е фасадер, како да ја уедначам бојата и со што.
Автоматски споено мислење:

Инаку има и други слични премази, како Стопконденз само немам никакво искуство со нив.
 
Последно уредено:

Ти благодарам за објаснувањето, пиши што ќе направиш и со што ќе ја мачкаш, ми треба и мене нешто вакво, немам добра изолација на куќата, а немам можност да менувам комплет фасада од надвор, па пробувам колку-толку да подобрам со пвц и со нешто вакво од внатре.
 
Член од
15 јануари 2015
Мислења
343
Поени од реакции
261
За густа боја, густина нешто малку потечно од глет маса (и според упатството таква мора да биде за да делува на ѕидот), како што вели упатството хомогена во вид на паста...што препорачувате освен класична четка? Оти се обидов со четка, треба посилно да се нанесува, остануваат ситни топчиња и бразди од влакната кои мора неколкупати да се поминат за да се израмнат. И повторно, по сушење се забележува ситни нерамнини од четката.
Дали е подобро да се обидам со ваљак, ако е за ваљак, дали е подобар сунѓерест или дали има некој специјален за вакви густи бои.
Се работи унаку за термоизолациона внатрешна боја (може да се тонира како и акрилните бои) која треба да се нанесе во 2 слоја од по отприлика 0.5-1 мм секој слој.
Овде на пример има миљон различни видови па не знам кој е подобар за ова, а вработените колку што ги знам, многу не се замараат за 1 ваљак.
Идеја некоја за вториот слој да го нанесам порамномерно?
Купи за проба сунгересто ваљаче,можеш помало и пробај? Доколку не иде тогаш нанеси го како што се нанесува глет маса бидејки казуваш дека е многу густа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.068
Поени од реакции
8.907
Вчера земав 2 ваљачиња.
IMG_20191210_133233.jpg

IMG_20191210_133240.jpg

Колегата работи фасадер, ми кажа да не земам сунѓерасти затоа што ќе се затестават, само со текстил, со кратко влакно. Па ќе видиме во сабота како ќе испадне. И по 1 месец како ќе се покаже бојата.
 
Последно уредено:
Член од
27 октомври 2018
Мислења
4
Поени од реакции
2
Zdravo, update: pochnavme da gradime na 01 Noemvri :) rabotevme do 25 dekemvri i pauza zimska sega.
Podrumot e dosta zahtevna rabota i ne trebase da se pravi bidejki odzima najmnogu vreme a i dosta sredstva finansiski.
Stignavme do vtora plocha i sega se pauzira.
Vreme e da se misli za izolacija, dali nekoj ima iskustvo so Kamena volna kako idea za izolacija? Inaku Termo blok 25cm e zidan.
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
137
Поени од реакции
120
Ај ако може прашање до поискусните.
Сакаме да ја продадам куќата која ми е наследена.

Имам 2 прашања:
1.Што треба да му обезбедам на потенцијалниот купец освен имотен лист. Дали покрај имотниот треба и поседовен лист и која е всушност разликата помеѓу нив?

2. Како можам да дознаам колку ката може да се гради на земјиштето? Важна е висината или катовите?Веројатно тоа е маркица за градба. Ако е тоа каде можам да ја добијам таа информација. Дали има на екатастар онлајн апликацијата такво инфо или во општина некаде?
 
Член од
27 октомври 2018
Мислења
4
Поени од реакции
2
So Imotniot vo Opstina (koja ti e maticna), inaku Imoten i Posedoven e ista rabota.
I ako e samo na tvoe ime a si zenet togash i od gospozata ke treba soglasnost t.e izjava na notar deka e soglasna i ona da se prodade.
 
Последно уредено:

Паланчански

ГрЕбач
Член од
12 јануари 2008
Мислења
1.629
Поени од реакции
1.657
So Imotniot vo Opstina (koja ti e maticna), inaku Imoten i Posedoven e ista rabota.
I ako e samo na tvoe ime a si zenet togash i od gospozata ke treba soglasnost t.e izjava na notar deka e soglasna i ona da se prodade.
Бидејќи куќата е наследена не треба согласност од сопругата.
Ваква согласност треба ако е купена или правена во брак.
 
На врв Bottom