Колку е цената за м2 и на двата видови на лим знаеш ли?
Нема некоја огромна разлика помеѓу цената на пластифицираниот и поцинкуваниот лим. Пластифицираниот лим се движи од 230 - 250 денари, па нагоре, а поцинкуваниот се движи од 200 - 250, па нагоре......, се зависи од дебелината, квалитетот, слоевите итн.
Поцинкуваниот има добра заштита, но естетски баш не задоволува. Можеби постои некој кој го премачкува со некоја боја, ама до сега ни сум чул, ни видел за такво нешто. Личи вака...
Пластифицираниот лим има добра заштита и задоволува естетски. Го има во различни бои, го има и во форма на керамида, а и на секоја петта куќа и на секоја втора зграда можеш да го забележиш како кров. Вака личи...
Најдобрата варијанта од лимови е бакарниот лим. Ем сто години ќе трае, ем добро изгледа, ама затоа цената вришти.
Можеш да размислиш и за шиндра, иако и таа не е нешто посебно во однос на лимот.
