Помош, проблеми, прашања, совети...

Член од
11 ноември 2015
Мислења
304
Поени од реакции
118
Здраво. Ми треба помош од искусните форумџии. Што е поисплатливо за буџет од 20-22000 денари, лаптоп или обичен :D компјутер?
Изборот зависи од твојата намена. За што ќе го намениш?
 
Член од
16 октомври 2015
Мислења
15
Поени од реакции
2

Примарно за изработка на студентски трудови, презентации, складирање на е-книги, електронска пошта, односно за исполнување на должностите спрема факултетот. Секундарно за фб, јутјуб.
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
Здраво. Ми треба помош од искусните форумџии. Што е поисплатливо за буџет од 20-22000 денари, лаптоп или обичен :D компјутер?
Ако ти треба да го мкнеш на разни локации лаптоп, во спротивно десктоп.
 
Член од
16 октомври 2015
Мислења
15
Поени од реакции
2
Ако ти треба да го мкнеш на разни локации лаптоп, во спротивно десктоп.
Примарно за изработка на студентски трудови, презентации, складирање на е-книги, електронска пошта, односно за исполнување на должностите спрема факултетот. Секундарно за фб, јутјуб.
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
304
Поени од реакции
118
Примарно за изработка на студентски трудови, презентации, складирање на е-книги, електронска пошта, односно за исполнување на должностите спрема факултетот. Секундарно за фб, јутјуб.
Колегата olikomerc многу убаво Ви објасна колега Shtef. Доколку истиот Ви е потребен да го имате поголемиот дел од времето со себе, тогаш изберете лаптоп. Доколку пак не, тогаш Ви предлагаме да си земете Desktop PC. Многу едноставно!
 
Член од
16 октомври 2015
Мислења
15
Поени од реакции
2
Колегата olikomerc многу убаво Ви објасна колега Shtef. Доколку истиот Ви е потребен да го имате поголемиот дел од времето со себе, тогаш изберете лаптоп. Доколку пак не, тогаш Ви предлагаме да си земете Desktop PC. Многу едноставно!
А дали има разлика во нивниот животен век?
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
304
Поени од реакции
118
А дали има разлика во нивниот животен век?
Сигурно дека има разлика во животниот век. Клучната компонента од која зависи функционирањето на самиот лаптоп зависи од батеријата - која всушност е неговиот главен извор на напојување, а каде во случај на евентуално расипување на истата ќе мора да ја менуваш. Сето тоа, е условено и од начинот на неговото третирање, особено ако користиш поголеми и покомплицирани програми, игри и сл., кои наметнуваат поголеми перформанси за оптимална работа на лаптопот. Со други зборови, ќе мора во иднина да го надградиш системот, иако тоа не е лесно како со Desktop PC-јата. Додека пак, како што претходно напоменав, Desktop PC-то има предност во однос на батеријата од лаптопот заради фактот што истиот има константно напојување и нема потреба да се грижиш дали ќе му снема енергија. Генерално, горе-доле животниот век на ваквите уреди не е детерминиран само од, во овој случај батеријата и напојувањето, програмите и видео-игрите..., туку и, како што веќе напоменав, од начинот на кој ги третираш истите.
 
Благодарам за одговорите Gladiatorized, утре ќе прошетам до амц и нептун па ќе пишам овде што ми понудиле, за секој случај да не го искористат моето не знаење па да ми подметнат некој модел што не им се продава :)
 
Задоволството е мое колега Shtef. Слободно може да ми се обратите за мислење. Ви предлагам да разгледате повеќе модели, меѓутоа не и да го ограничите изборот и тоа само на Ај-ем-си и Нептун, туку разгледајте и во Сетек и Анхоч. Во ред?;)
 
Во ред ќе ве послушам. :)
 
Здраво Gladiatorized, пак јас :D
Овие се производите што ми ги препорачаа продажните лица од АМЦ, Нептун и Анхоч па добредојден е вашиот совет.
https://www.amc.com.mk/ShopDetal.aspx?ArticleID=45154&i=13&l=MK&q=&SupplierArticleID=&Action=
https://www.amc.com.mk/ShopDetal.aspx?ArticleID=45807&i=6&l=MK&q=&SupplierArticleID=&Action=
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=2_22&product_id=216648
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=2_24&product_id=214749
http://www.anhoch.com/product/38355/notebook-lenovo-g50-80-i3-4030u4gb500gbr5-m330-2gbdvdrw156-hdblackdos
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.951
Поени од реакции
25.484
Се извинувам ако го утнав местото...
Кои fieldbuses(не знам како е на македонски) можат да се интегрираат со персонален компјутер?
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
304
Поени од реакции
118
Се извинувам ако го утнав местото...
Кои fieldbuses(не знам како е на македонски) можат да се интегрираат со персонален компјутер?
Повелете линк за подетални информации.[DOUBLEPOST=1448188056][/DOUBLEPOST]
Предности и слабости кај секој предлог:

Во првиот предлог предност имате во процесорот i3-5010U, додека најголема слабост за парите е тоа што имате интегрирана графичка картичка.
Во вториот предлог, освен RAM-от од 4GB и HDD-от od 1TB, предност имате и во графичката картичка nVidia GeForce GT730 - 4GB, додега не толку слаба страна претставува процесорот i3-4170 (меѓутоа имате навистина добра брзина на истиот 3.7 GHz).
Во третиот предлог предност имате како и во претходниот случај со РАМ-меморијата и HDD-от и графичката картичка GeForce GT 730 2GB (меѓутоа нејзината слаба страна е тоа што е за 2GB послаба во однос на нејзината меморија, во споредба со вториот предлог).
Во четвртиот предлог предност имате тоа што веќе имате инсталирано оперативен систем Ubuntu, како и тоа дека imate RAM-меморија од 4GB, додека, пак, слаба страна претставува процесорот i3-4005U кој е далеку послаб во однос на претходните процесори од претходните предлози како и HDD кој во овој случај изнесува 500GB.
Во петтиот предлог предност имате единствено во графичката картичка AMD Radeon ™ R5 M330 2GB (иако е послаба во нејзината RAM-меморија во однос на втиориот предлог) и RAM-меморијата од 4GB, додека, исто така, поголема слабост претставува и процесорот од i3-4030U со разочарувачка брзина од 1.9GHz брзина (иако се сомневам дека може да е техничка грешка при пишување на спецификациите на сајтот) и HDD од 500GB.

Да сумираме:

Вториот предлог убедливо го држи највисокиот рејтинг во однос на перформансите меѓу Desktop PC компјутерите. Додека, пак, во однос на лаптопите, првиот и петтиот предлог „парираат“ едни на други во однос на предностите кои ги нудат со перформансите.

Мојот предлог е, доколку избирате да купите Desktop PC компјутер тогаш најтопло ви го препорачувам вториот предлог. А што се однесува, пак, до лаптопите, ви препорачувам да си одберете еден од првиот и петтиот предлог - со тоа што една работа треба да „жртвувате“: или графичката картичка и да го купите првиот, или, пак, да жртвувате навистина добар и брз процесор и да го купите вториот со тоа што ќе имате навистина одлична графичка, но послаб процесор.

Се надевам дека помогнав и не Ви предизвикав забуна.

p.s. Доколку треба дополнителни консултации слободно обратете се.
 
Последно уредено:

Се одлучив за десктопот од АМЦ. Благодарам за советите. :D
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Се извинувам ако го утнав местото...
Кои fieldbuses(не знам како е на македонски) можат да се интегрираат со персонален компјутер?
Mnogu specificno prasanje.Najdobro da si proveris na stranata na proizveduvacot ili pak javi im se, tie znaat najdobro.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom