- Член од
- 11 ноември 2015
- Мислења
- 304
- Поени од реакции
- 118
Изборот зависи од твојата намена. За што ќе го намениш?Здраво. Ми треба помош од искусните форумџии. Што е поисплатливо за буџет од 20-22000 денари, лаптоп или обичен компјутер?
Изборот зависи од твојата намена. За што ќе го намениш?Здраво. Ми треба помош од искусните форумџии. Што е поисплатливо за буџет од 20-22000 денари, лаптоп или обичен компјутер?
Примарно за изработка на студентски трудови, презентации, складирање на е-книги, електронска пошта, односно за исполнување на должностите спрема факултетот. Секундарно за фб, јутјуб.Изборот зависи од твојата намена. За што ќе го намениш?
Ако ти треба да го мкнеш на разни локации лаптоп, во спротивно десктоп.Здраво. Ми треба помош од искусните форумџии. Што е поисплатливо за буџет од 20-22000 денари, лаптоп или обичен компјутер?
Примарно за изработка на студентски трудови, презентации, складирање на е-книги, електронска пошта, односно за исполнување на должностите спрема факултетот. Секундарно за фб, јутјуб.Ако ти треба да го мкнеш на разни локации лаптоп, во спротивно десктоп.
Колегата olikomerc многу убаво Ви објасна колега Shtef. Доколку истиот Ви е потребен да го имате поголемиот дел од времето со себе, тогаш изберете лаптоп. Доколку пак не, тогаш Ви предлагаме да си земете Desktop PC. Многу едноставно!Примарно за изработка на студентски трудови, презентации, складирање на е-книги, електронска пошта, односно за исполнување на должностите спрема факултетот. Секундарно за фб, јутјуб.
А дали има разлика во нивниот животен век?Колегата olikomerc многу убаво Ви објасна колега Shtef. Доколку истиот Ви е потребен да го имате поголемиот дел од времето со себе, тогаш изберете лаптоп. Доколку пак не, тогаш Ви предлагаме да си земете Desktop PC. Многу едноставно!
Сигурно дека има разлика во животниот век. Клучната компонента од која зависи функционирањето на самиот лаптоп зависи од батеријата - која всушност е неговиот главен извор на напојување, а каде во случај на евентуално расипување на истата ќе мора да ја менуваш. Сето тоа, е условено и од начинот на неговото третирање, особено ако користиш поголеми и покомплицирани програми, игри и сл., кои наметнуваат поголеми перформанси за оптимална работа на лаптопот. Со други зборови, ќе мора во иднина да го надградиш системот, иако тоа не е лесно како со Desktop PC-јата. Додека пак, како што претходно напоменав, Desktop PC-то има предност во однос на батеријата од лаптопот заради фактот што истиот има константно напојување и нема потреба да се грижиш дали ќе му снема енергија. Генерално, горе-доле животниот век на ваквите уреди не е детерминиран само од, во овој случај батеријата и напојувањето, програмите и видео-игрите..., туку и, како што веќе напоменав, од начинот на кој ги третираш истите.А дали има разлика во нивниот животен век?
Благодарам за одговорите Gladiatorized, утре ќе прошетам до амц и нептун па ќе пишам овде што ми понудиле, за секој случај да не го искористат моето не знаење па да ми подметнат некој модел што не им се продаваСигурно дека има разлика во животниот век. Клучната компонента од која зависи функционирањето на самиот лаптоп зависи од батеријата - која всушност е неговиот главен извор на напојување, а каде во случај на евентуално расипување на истата ќе мора да ја менуваш. Сето тоа, е условено и од начинот на неговото третирање, особено ако користиш поголеми и покомплицирани програми, игри и сл., кои наметнуваат поголеми перформанси за оптимална работа на лаптопот. Со други зборови, ќе мора во иднина да го надградиш системот, иако тоа не е лесно како со Desktop PC-јата. Додека пак, како што претходно напоменав, Desktop PC-то има предност во однос на батеријата од лаптопот заради фактот што истиот има константно напојување и нема потреба да се грижиш дали ќе му снема енергија. Генерално, горе-доле животниот век на ваквите уреди не е детерминиран само од, во овој случај батеријата и напојувањето, програмите и видео-игрите..., туку и, како што веќе напоменав, од начинот на кој ги третираш истите.
Задоволството е мое колега Shtef. Слободно може да ми се обратите за мислење. Ви предлагам да разгледате повеќе модели, меѓутоа не и да го ограничите изборот и тоа само на Ај-ем-си и Нептун, туку разгледајте и во Сетек и Анхоч. Во ред?Благодарам за одговорите Gladiatorized, утре ќе прошетам до амц и нептун па ќе пишам овде што ми понудиле, за секој случај да не го искористат моето не знаење па да ми подметнат некој модел што не им се продава
Во ред ќе ве послушам.Задоволството е мое колега Shtef. Слободно може да ми се обратите за мислење. Ви предлагам да разгледате повеќе модели, меѓутоа не и да го ограничите изборот и тоа само на Ај-ем-си и Нептун, туку разгледајте и во Сетек и Анхоч. Во ред?
Здраво Gladiatorized, пак јасЗадоволството е мое колега Shtef. Слободно може да ми се обратите за мислење. Ви предлагам да разгледате повеќе модели, меѓутоа не и да го ограничите изборот и тоа само на Ај-ем-си и Нептун, туку разгледајте и во Сетек и Анхоч. Во ред?
Повелете линк за подетални информации.[DOUBLEPOST=1448188056][/DOUBLEPOST]Се извинувам ако го утнав местото...
Кои fieldbuses(не знам како е на македонски) можат да се интегрираат со персонален компјутер?
Предности и слабости кај секој предлог:Здраво Gladiatorized, пак јас
Овие се производите што ми ги препорачаа продажните лица од АМЦ, Нептун и Анхоч па добредојден е вашиот совет.
https://www.amc.com.mk/ShopDetal.aspx?ArticleID=45154&i=13&l=MK&q=&SupplierArticleID=&Action=
https://www.amc.com.mk/ShopDetal.aspx?ArticleID=45807&i=6&l=MK&q=&SupplierArticleID=&Action=
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=2_22&product_id=216648
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=2_24&product_id=214749
http://www.anhoch.com/product/38355/notebook-lenovo-g50-80-i3-4030u4gb500gbr5-m330-2gbdvdrw156-hdblackdos
Се одлучив за десктопот од АМЦ. Благодарам за советите.Повелете линк за подетални информации.[DOUBLEPOST=1448188056][/DOUBLEPOST]
Предности и слабости кај секој предлог:
Во првиот предлог предност имате во процесорот i3-5010U, додека најголема слабост за парите е тоа што имате интегрирана графичка картичка.
Во вториот предлог, освен RAM-от од 4GB и HDD-от od 1TB, предност имате и во графичката картичка nVidia GeForce GT730 - 4GB, додега не толку слаба страна претставува процесорот i3-4170 (меѓутоа имате навистина добра брзина на истиот 3.7 GHz).
Во третиот предлог предност имате како и во претходниот случај со РАМ-меморијата и HDD-от и графичката картичка GeForce GT 730 2GB (меѓутоа нејзината слаба страна е тоа што е за 2GB послаба во однос на нејзината меморија, во споредба со вториот предлог).
Во четвртиот предлог предност имате тоа што веќе имате инсталирано оперативен систем Ubuntu, како и тоа дека imate RAM-меморија од 4GB, додека, пак, слаба страна претставува процесорот i3-4005U кој е далеку послаб во однос на претходните процесори од претходните предлози како и HDD кој во овој случај изнесува 500GB.
Во петтиот предлог предност имате единствено во графичката картичка AMD Radeon ™ R5 M330 2GB (иако е послаба во нејзината RAM-меморија во однос на втиориот предлог) и RAM-меморијата од 4GB, додека, исто така, поголема слабост претставува и процесорот од i3-4030U со разочарувачка брзина од 1.9GHz брзина (иако се сомневам дека може да е техничка грешка при пишување на спецификациите на сајтот) и HDD од 500GB.
Да сумираме:
Вториот предлог убедливо го држи највисокиот рејтинг во однос на перформансите меѓу Desktop PC компјутерите. Додека, пак, во однос на лаптопите, првиот и петтиот предлог „парираат“ едни на други во однос на предностите кои ги нудат со перформансите.
Мојот предлог е, доколку избирате да купите Desktop PC компјутер тогаш најтопло ви го препорачувам вториот предлог. А што се однесува, пак, до лаптопите, ви препорачувам да си одберете еден од првиот и петтиот предлог - со тоа што една работа треба да „жртвувате“: или графичката картичка и да го купите првиот, или, пак, да жртвувате навистина добар и брз процесор и да го купите вториот со тоа што ќе имате навистина одлична графичка, но послаб процесор.
Се надевам дека помогнав и не Ви предизвикав забуна.
p.s. Доколку треба дополнителни консултации слободно обратете се.
Mnogu specificno prasanje.Najdobro da si proveris na stranata na proizveduvacot ili pak javi im se, tie znaat najdobro.Се извинувам ако го утнав местото...
Кои fieldbuses(не знам како е на македонски) можат да се интегрираат со персонален компјутер?