Хехе, те разбирам... најтивките, најмеки кликови, сум ги имал на Micros$ft глуфец. Тешко дека тоа ќе најдеш, тивкост на контактите е последната работа на која мислат произведувачите. Ама можеби грешам, па некој ќе ме исправи.
Него задоволен си ти од глушецот? Пошто ако не ти се менува, клик контактите лесно се менуваат - само ти треба да најдеш исправни контакти од постар глушец (употреби имагинација, распрашај се по пријатели - посебно некој во сервис ако работи). Во најмала рака, овака кога страдаат контактите - најчесто тоа се лев клик, па после десен клик, и на крај средниот клик (значи од стар глуфец - прво средниот клик извади го). Се разбира, ќе ти треба леткум, малку калај и пумпица.
Јас за ништо не го менувам мојот Logitech MX500 ергономијата му е прва лига, му имам 4-5 пати менувано контакти - ама еве го си работи исто како првиот ден кога беше купен.