Помош при избор на велосипед и останата опрема (цени, совети, споредби...)

Член од
22 август 2015
Мислења
74
Поени од реакции
34
Од каде купувате зимна облека за на велосипед?
Зависи што од зимска опрема ти треба, base layer имаш евтини во оутлет под Борис Трајковски, по 400 денари мислам беа јас кога зимав, земи си неколку и на ротација.
Overshoes можеш од али да земеш, не ти требаат којзнае каков квалитет, само ветер да не пропушта, за дебели не е доволно ладно кај нас.
Ракавиците исто од алиекспрес, но земи нешто подобро не најобичните од 5 евра, од искуство зборам.
За бициклистички и дресови, имам зимано од кинезите, но 2-3 пати имам утнато броеви, иако се нарачувани според нивна табела, дури и поголеми броеви, а после мали ми биле. Затоа најубаво да си земеш нешто што ќе може да го пробаш прво или барем да видиш изработка, да смениш ако не е точно. Ако сакаш нешто поевтино види на реклама5/фб групите, има луѓе што продаваат нова опрема со солидни цени или пак помини до Декатлон, доста ги фалат нивните евтини работи.
Нешто поквалитетно кај нас нема којзнае каков избор, a цените се доста повисоки. Тука јас би идел на варијанта дебели кратки cycling bibs со добри arm/leg warmers со елек/тенка јакна како windbreaker. Ги собираш закачување/на сонце, ги спушташ за надоле.
 
Член од
16 декември 2018
Мислења
63
Поени од реакции
20
Здраво, барам мислешње за еден велосипед, не се разбирам но сакам да земам до крајот на месецот (дур се на попуст) па ме интересира конкретно за марката крос и овој модел.Буџетот ми е 25-28 илјади максимум, ке се користи за градски услови, водно, подалечни дестинации итн.
KROSS HEXAGON 6.0 – Y22
 
Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
736
Поени од реакции
660
Здраво, барам мислешње за еден велосипед, не се разбирам но сакам да земам до крајот на месецот (дур се на попуст) па ме интересира конкретно за марката крос и овој модел.Буџетот ми е 25-28 илјади максимум, ке се користи за градски услови, водно, подалечни дестинации итн.
KROSS HEXAGON 6.0 – Y22
Земај! Солидна опрема за малку пари
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.048
Поени од реакции
7.086
Здраво, барам мислешње за еден велосипед, не се разбирам но сакам да земам до крајот на месецот (дур се на попуст) па ме интересира конкретно за марката крос и овој модел.Буџетот ми е 25-28 илјади максимум, ке се користи за градски услови, водно, подалечни дестинации итн.
KROSS HEXAGON 6.0 – Y22
Ако навлезеш во велосипедизмот и добиеш желба за возење планински рути, ќе го менуваш точакот. Поисплатливо е да вложиш уште 200 евра повеќе отколку да купуваш два точка. Овој и да го продадеш во иднина, вредноста му паѓа под 20 000 без разлика што е нов, поради слабата опрема.
 
Член од
16 декември 2018
Мислења
63
Поени од реакции
20
Ако навлезеш во велосипедизмот и добиеш желба за возење планински рути, ќе го менуваш точакот. Поисплатливо е да вложиш уште 200 евра повеќе отколку да купуваш два точка. Овој и да го продадеш во иднина, вредноста му паѓа под 20 000 без разлика што е нов, поради слабата опрема.
Точакот нема да го продавам сигурно, а планински рути за почеток ке бидат водно, за нешто поагресивно знам дека треба подобар точак.Буџетот ми е ептен ограничен, едвај собрав и волку.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.048
Поени од реакции
7.086
Точакот нема да го продавам сигурно, а планински рути за почеток ке бидат водно, за нешто поагресивно знам дека треба подобар точак.Буџетот ми е ептен ограничен, едвај собрав и волку.
Многу пати сум го препорачал Trinx m1000 pro на форумот. Размисли за таа опција доколку си на тој буџет. Точакот е врв за рамни и за стрмни терени. Единствената работа што не му чини се кочниците (но сепак се хидраулични).
 
Член од
22 август 2015
Мислења
74
Поени од реакции
34
Кога сме на оваа тема, да прашам нешто. Зошто не ни зимате во предвид половен велосипед?
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.172
Поени од реакции
4.702
Точакот нема да го продавам сигурно, а планински рути за почеток ке бидат водно, за нешто поагресивно знам дека треба подобар точак.Буџетот ми е ептен ограничен, едвај собрав и волку.
Ако си почетник со овој модел ќе имаш зорт на Водно да ги качуваш деловите после детското и оној пред војската кај што има 18% нагиб да знаеш.
Автоматски споено мислење:

Кога сме на оваа тема, да прашам нешто. Зошто не ни зимате во предвид половен велосипед?
Како на пример овој модел од кај Васко за 400 евра:
 
Член од
16 декември 2018
Мислења
63
Поени од реакции
20
Ако си почетник со овој модел ќе имаш зорт на Водно да ги качуваш деловите после детското и оној пред војската кај што има 18% нагиб да знаеш.
Автоматски споено мислење:

Како на пример овој модел од кај Васко за 400 евра:
Половниов точак е подобар од кросот? И што е разилка меѓу хидро и обични диск кочници?
Автоматски споено мислење:

Стварно не знам што да земам за тие пари, сите различно ми зборам, едни викаат подобро половен други ново си е ново
Не знам ни разлика меѓу хидро диск и обичен, на колку време се меенуваат гурните, дискови дали се мењаат итн.
 
Последно уредено:
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.172
Поени од реакции
4.702
Половниов точак е подобар од кросот? И што е разилка меѓу хидро и обични диск кочници?
Автоматски споено мислење:

Стварно не знам што да земам за тие пари, сите различно ми зборам, едни викаат подобро половен други ново си е ново
Не знам ни разлика меѓу хидро диск и обичен, на колку време се меенуваат гурните, дискови дали се мењаат итн.
Ова ти е исто како за 10000 евра дали да купиш половно возило 5 години старо кое ново чинело 20000 евра или потполно ново кое е класа подолу од половното.Ако сакаш нов точак ќе бараш модел кај што предниот најмал запчаник има 22 заба а најголемиот на касетата 34 или 36 заба за да можеш без потешкотии да искачуваш угорници до 20% нагиб.Моделот што си го ставил напред има 24 а позади 32 заба.Разликата меѓу хидраулични и механички кочници e во ефикасноста на кочењето посебно на спуштање од пострмни делови.За низ град е сосема доволно и механичка кочница додека за спустови подобри се хидрауличните.Пакните се менуваат во зависност од турата односно ако претежно возиш тури кај што има искачување повеќе се трошат и обратно.Дискови ретко се менуваат доколку на време ги менуваш пакните.И најголемата грешка што сите почетници ја прават е прва тура Водно наместо прва тура велешко езеро па Козјак па Куманово преку Арачиново па дури после нив Водно ако сакаат да одат според тежина на тура.
 
Ти благодарам за советот, ќе имам по предвид.
 
Член од
22 август 2015
Мислења
74
Поени од реакции
34
Половниов точак е подобар од кросот? И што е разилка меѓу хидро и обични диск кочници?
Автоматски споено мислење:

Стварно не знам што да земам за тие пари, сите различно ми зборам, едни викаат подобро половен други ново си е ново
Не знам ни разлика меѓу хидро диск и обичен, на колку време се меенуваат гурните, дискови дали се мењаат итн.
Најголемиот проблем кај механичките/обични диск кочници кои обично се поевтини/ги има на поевтини велосипеди/ставаат поевтини дискови е топлината. Тие дискови ќе задржуваат повеќе топлина. Како што се загреваат, така губат сила на кочење, т.е. стануваат помалку ефикасни (ти треба подолго растојание за да застанеш). Додади на ова дека се загреваат и сајлите, како што кочиш подолго, така се растегнуваат и на крај рачките на празно ги стискаш. До Средно Водно и назад ова нема да биде проблем, но на поголеми удолници може да направи голем проблем.

Во однос на ново или половно, јас би идел на половно, моментално цениве на нови велосипеди со опрема една класа над најевтиното се премногу високи во однос на тоа што добиваш. Исто така ова ти е најдобар период за зимање половен, овој период има доста пониски цени од пролет/лето. Ќе си гледаш по огласи, фб групите имаат највеќе избор, но се наоѓаат и добри зделки на реклама5/пазар3. Ако се одлучиш за половен ќе си бараш нешто што ти фаќа око, има добра цена и солидна опрема, ќе идеш ќе го пробаш. Гледаш како е одржаван, дали се прави бандажите (малку лево десно не би требало да биде проблем, но ако е набиен тогаш не се поправа со едноставно штелување), гумите дали се во добра состојба, дали се изедени касетата или преден запченик (да не бидат како перка од ајкула). Во каква состојба се осовините неможеш баш секогаш да процениш, може само под тежина да те успоруваат и тоа тешко се приметува. Најубаво е да отидеш со некој што се разбира или пак да го однесеш на проверка во некој сервис пред да го земеш и таму да ти кажат ако нешто е за мењање.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.048
Поени од реакции
7.086
За Road Bike препорачувам половно, но МТБ не баш, посебно не од непознати лица. МТБ е тип на точак што е трескан, можеби и паѓан, па значително ги зголемува шансите за некој скриен дефект или дотраеност.

Ако се оди на оваа опција, идеално е да се познава сопственикот и дали истиот го чувал домаќински и редовно го оддржувал. Од тоа што гледам на терен, 80% од точкаџиите немаат сменето ланец, иако им е истрошен над 100%. Можеш да замислиш внатре во осовините колку кал се има насоберено.

Многу е ниска свеста кај нас за редовно оддржување, верувајте.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom