Помош при избор на велосипед и останата опрема (цени, совети, споредби...)

Член од
22 август 2015
Мислења
74
Поени од реакции
34
Гледам нови велосипеди околу 14.000-19.000 со зимски попуст. Полар и Бисан. Кој е подобар
Ако не ти смета да земеш половен, ќе добиеш многу подобра вредност за парите што ќе ги платиш, како во однос на квалитет, така и во вредност за препродажба.

Ако сепак сакаш нов, тогаш мислам дека Trinx ти е најдобра опција, посебно за 29ки, иако тоа што имаат LTWOO или Trinx менувачи/кочници ич не ми се допаѓа.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.074
Поени од реакции
7.161
Ти да не ги увезуваш?
Не, туку веќе 4 години имам Тринкс точак и не знам што дефекти има. Исплашен сум за следната планинска тура да не ме остави на пат.
Автоматски споено мислење:

Ако не ти смета да земеш половен, ќе добиеш многу подобра вредност за парите што ќе ги платиш, како во однос на квалитет, така и во вредност за препродажба.

Ако сепак сакаш нов, тогаш мислам дека Trinx ти е најдобра опција, посебно за 29ки, иако тоа што имаат LTWOO или Trinx менувачи/кочници ич не ми се допаѓа.
Токму тие шифтери ги имам. Не сум забележал воопшто проблем. Исти перформанси како Деоре. Малку подлабоко ако истражуваш, ќе дознаеш дека основач на Ltwoo е еден од главните инженери на SRAM.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.036
Поени од реакции
5.936
Само Полар, никако Тринкс.
Друже во 90% турата ја прави велосипедистот а не типот и опремата на велосипедот.Разликата е само во отпорот поради кој се троши повеќе или помалку енергија кај евтиниот и поскапиот.Тој што не знае да вози технички или школски како што треба и да му дадеш од 10000 евра пак нема да стигне од точка А до точка Б слично како во фотографијата каде фотографот ја прави фотографијата па макар да му дадеш и мобилен а тој што не знае дај му го и најскапиот нема да знае како да фотографира.
 
Сите хејтови кон оваа марка се од причина што просечниот граѓанин што купува точак за да го вози само за низ град, купува ваква марка за да заштеди пари, па од неодржување ќе му се расипе и сите бајк центри се филмат како најмногу ги сервисираат тие точкови.

Од друга страна, тие што купуваат скап точак, најчесто го оддржуваат правилно, па нормално нема да дојде до чести дефекти. Општо од возењето сериозни тури, повеќе дефекти настанувале токму кај марките (бидејќи се почести на тие тури, логично).
 
Се согласувам со ова, но сепак има и случаеви каде што производителите се криви, гледаат што поголем профит да има и кратат на квалитет, можеби не на менувачи/кочници кои мислам дека најголем дел од купувачите ги гледаат, туку и на осовини/тркала/гуми.

Моментално возам роад модел од 2019/2020 (1000 евра мсрп) , јас го земав 2021, значи возен 1-1.5 година. Солидна опрема во добра состојба, се освен осовините. Ставиле Torney осовини, поточно TX-505 кои како пар се 30 евра, на велосипед од 1000 евра. Кога го земав, гребеа малку, но немаше значително оштетување на лежиштето. Ги растурав и подмачкував 2 пати во последната година, моментално го осеќам секој лагер како врти на рачки.
 
Смени ја осовината ајде, не ти е голем трошок :)

1000 евра ги продаваат друмашите со Шимано Кларис опрема брендираните марки. Кај тебе претпоставувам дека е 105ка.
 
Не вреди да плаќам за плетење на обрачите кои ги имам моментално, ама може да пробам сам да научам. Инаку чекам да земам комплет wheelset, можеби некој поевтин карбон сет. Гледам кинезите доста ги фалат.

Tiagra е кај мене, 105ка за 1000 евра треба да идеш уште неколку модели назад, 10ѕ верзиите можеби. Ептен забегаа со цените, ако прекинат со производство на 105 11ѕ - стариот модел, новата 105ка е само со Di2 опција, тогаш ќе спремаме 4000 европски за точак.
 
Член од
18 февруари 2023
Мислења
8
Поени од реакции
0
Ако не ти смета да земеш половен, ќе добиеш многу подобра вредност за парите што ќе ги платиш, како во однос на квалитет, така и во вредност за препродажба.

Ако сепак сакаш нов, тогаш мислам дека Trinx ти е најдобра опција, посебно за 29ки, иако тоа што имаат LTWOO или Trinx менувачи/кочници ич не ми се допаѓа.
Разгледувам и половни и гледам некој од Скопје нуди такви кој одговара на мојот буџет.
 
Attachments

Член од
27 септември 2010
Мислења
5.074
Поени од реакции
7.161
Разгледувам и половни и гледам некој од Скопје нуди такви кој одговара на мојот буџет.
Внимавај само да не промашиш големина на рамка. Исто така половното ти е лотарија, или ќе се погоди или ќе го препродаваш заради дефекти.
 
Член од
18 февруари 2023
Мислења
8
Поени од реакции
0
Која рамка одговара на лице со висина 170см, а која на висина од 183см
 
Член од
22 август 2015
Мислења
74
Поени од реакции
34
Разгледувам и половни и гледам некој од Скопје нуди такви кој одговара на мојот буџет.
Има доста половни, најчесто огласите се од препродавачи, но се наоѓаат и добри дилови.
Scott-ов е 2007 модел, солидна опрема на времето, па и сега, секако зависи како е оджаван/возен.
Претпоставувам цената е 280 евра, тоа е премногу за велосипед стар 16 години.
Автоматски споено мислење:

Која рамка одговара на лице со висина 170см, а која на висина од 183см
170cm е повеќе накај Ѕ, 15-16 инчи
183cm, 19-20 инчи (L)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom