- Член од
- 22 август 2015
- Мислења
- 74
- Поени од реакции
- 34
Зависи што од зимска опрема ти треба, base layer имаш евтини во оутлет под Борис Трајковски, по 400 денари мислам беа јас кога зимав, земи си неколку и на ротација.Од каде купувате зимна облека за на велосипед?
Overshoes можеш од али да земеш, не ти требаат којзнае каков квалитет, само ветер да не пропушта, за дебели не е доволно ладно кај нас.
Ракавиците исто од алиекспрес, но земи нешто подобро не најобичните од 5 евра, од искуство зборам.
За бициклистички и дресови, имам зимано од кинезите, но 2-3 пати имам утнато броеви, иако се нарачувани според нивна табела, дури и поголеми броеви, а после мали ми биле. Затоа најубаво да си земеш нешто што ќе може да го пробаш прво или барем да видиш изработка, да смениш ако не е точно. Ако сакаш нешто поевтино види на реклама5/фб групите, има луѓе што продаваат нова опрема со солидни цени или пак помини до Декатлон, доста ги фалат нивните евтини работи.
Нешто поквалитетно кај нас нема којзнае каков избор, a цените се доста повисоки. Тука јас би идел на варијанта дебели кратки cycling bibs со добри arm/leg warmers со елек/тенка јакна како windbreaker. Ги собираш закачување/на сонце, ги спушташ за надоле.