Помош при избор на велосипед и останата опрема (цени, совети, споредби...)

Член од
22 август 2015
Мислења
74
Поени од реакции
34
Во никој случај не ти треба толку густо масло, само ѓубре ќе собира и повеќе пари ќе потрошиш на средства за чистење. Земи си нешто специфично за велосипедски ланец, ако возиш во лоши услови можеш да земеш некое wet lube, инаку обично dry lube ќе ти заврши работа.

Моментално користам Muc-off, но не е ништо посебно, џабе хајпот. Треба и јас да разгледам што друго носат кај нас.
 
Член од
7 јуни 2018
Мислења
73
Поени од реакции
58
Здраво на сите, релативно од скоро возам активно велосипед CUBE MB. Да прашам ланецот со какво масло да го подмачкам ?
Ја секогаш го подмачкувам со машинско уље и никогаш сум немал проблем. Не е многу густо, мислам дека е сосема Ок. Може да пробаш слободно, ти препорачувам
 
Член од
16 мај 2017
Мислења
2
Поени од реакции
0
Другари, ве молам за мислње ако може ...

Salcano нов
алуминиумска рамка L - 29 тркала
Фул shimano tourney
Хидрауличен
Zoom виљушка

22.000 МКД -

Намена за 10-20 км дневно рекреативно возење. Понекогаш и малку offroad.

Добар избор?
 
Член од
2 август 2022
Мислења
206
Поени од реакции
121

За таа намена ти е ок, иако tourney не препорачувам.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.074
Поени од реакции
7.161
Здраво на сите, релативно од скоро возам активно велосипед CUBE MB. Да прашам ланецот со какво масло да го подмачкам ?
Машинско масло, како што ти препорачаа.

На друмски велосипед, по 5000км возам до промена на нов ланец. На МТБ по 3500км.

Ако возиш офроуд, избегнувај dry lube.
 
Член од
22 август 2015
Мислења
74
Поени од реакции
34
Машинско масло, како што ти препорачаа.

На друмски велосипед, по 5000км возам до промена на нов ланец. На МТБ по 3500км.
Незнам колку е густо маслото кое го користите, но еве за споредба, колку често го чистиш целиот drivetrain?

Јас, со многу тенко масло (dry lube), возам околу 350-400 км, пред да осетам дека треба да се промени маслото. Ако возам во полоши услови, го подмачкувам со wet lube и многу ѓубре собира, па го чистам на секои 200 најчесто, 300 км максимум, со тоа што користам скоро дупло повеќе средство за да го исчистам. Моментално 6000км на ланецот и уште не е за менување, за 1000км би рекол.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.074
Поени од реакции
7.161
Незнам колку е густо маслото кое го користите, но еве за споредба, колку често го чистиш целиот drivetrain?

Јас, со многу тенко масло (dry lube), возам околу 350-400 км, пред да осетам дека треба да се промени маслото. Ако возам во полоши услови, го подмачкувам со wet lube и многу ѓубре собира, па го чистам на секои 200 најчесто, 300 км максимум, со тоа што користам скоро дупло повеќе средство за да го исчистам. Моментално 6000км на ланецот и уште не е за менување, за 1000км би рекол.
Офроуд какво и да биде, се подмачкува одново после вожњата, макар си возел 10км. Освен ако теренот е влажен (неодамна да имало дожд)
 
Член од
22 август 2015
Мислења
74
Поени од реакции
34
Офроуд какво и да биде, се подмачкува одново после вожњата, макар си возел 10км. Освен ако теренот е влажен (неодамна да имало дожд)
Кон друмски ми беше насочено прашањето.

Уште едно прашање за роад велосипедистите, од каде/какви cycling shorts (бициклистички) купувате и колку време/км ви траат, перење на раце/во машина?

Скоро цела година лани ја поминав со еден прилично евтин пар, перење на раце после секое возење, при крајот на годината почна да се распаѓа перничето, па сакам да земам нешто поквалитетно, повеќе парови па да ги ротирам.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.074
Поени од реакции
7.161
Кон друмски ми беше насочено прашањето.

Уште едно прашање за роад велосипедистите, од каде/какви cycling shorts (бициклистички) купувате и колку време/км ви траат, перење на раце/во машина?

Скоро цела година лани ја поминав со еден прилично евтин пар, перење на раце после секое возење, при крајот на годината почна да се распаѓа перничето, па сакам да земам нешто поквалитетно, повеќе парови па да ги ротирам.
Почнав со евтино, од денешна перспектива никогаш повеќе.

YKYWBIKE Official Store

Оваа ти е врвна марка, а да не треба многу да потрошиш. Кога ќе го истрошиш перничето, имаш опција само перниче да нарачаш, за да не купуваш нови шорцеви. Шиењето ќе ти биде 200-300 денари отприлика.

Миење само рачно.
 
Член од
16 мај 2020
Мислења
3
Поени од реакции
0
Некој да даде совет со какво и од каде да земам средство за чистење пред да подмачкам ново масло?
 
Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Здраво, некој мтб-клуб во Скопје за деца да препорача?
 
Член од
28 јули 2014
Мислења
12
Поени од реакции
3
Здраво, да препорача некој велосипед до 10-12,000 денари кој што би се користел само за возење низ град? :)
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.036
Поени од реакции
5.936
Здраво, да препорача некој велосипед до 10-12,000 денари кој што би се користел само за возење низ град? :)
Одбери Trinx 26ка.
Автоматски споено мислење:

Здраво, некој мтб-клуб во Скопје за деца да препорача?
Сака да почне да се натпреварува или има друга цел?
 
Член од
28 мај 2023
Мислења
2
Поени од реакции
0
Dechki mislenje/pomosh/ak'l ako mozhe.. :)

Denes bev na kupuvanje na Polar velosiped od Bike Market.
Odlichna ceni - Majska akcija.
Tesen izbor mi bea Macina Sierra (26") i eventualno kako pogolem Helix (29").

Sierata ja zedovme po default za zhena mi a Helixot me pratija vo Bike Centar da probam pomaliot ram (L).
Ich ne mi legna za zhal. De sedishte ponisko, ponapred, popozadi... Ne, golem.

Nazad vo Bike Market i mi ponudija nekolku modeli so 29" i nekako poarno, kako pogolem bike mi legna Wizzard 1.0.

Se kakchuvam edno drugo, tuka na ivica od udobnost, troa navalen za da stoam so celo stapalo.
SI rekov kje go bide.

Go zedovme i toj.

Doma pri smestuvanje vo garazha i malo krugche nekako ne mi lezhi.
Mislam deka nema da se naviknam da stranichno zastanuvam a ne odnapred ubavo obchekoren so dvete noze na zemja.
Za maalku e ama ete ne mi dava mira... "familijata" e vo blizok kontakt so ramot. :)

Sakam da go vratam i potrazham drugo chare.
Ako nishto ne bendisam imam pravo da go vratam?

Imate iskustva so toa?

BTW, lugjeto bea Super OK vo dukjanot.
 
Не сфатив, не можеш со двете нозе да стоиш преку рамот или додека седиш на седиштето?

Ако е првиот случај, дефинитивно ти е голем.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom