Фала, ќе видам, а и разбрав дека има одличен превод.
Иначе денес се прошетав по нашиве книжари и се разочарав. Прво подобрите наслови се на српски, а јас не сакам да читам на српски. И во некои услугата беше катастрофа. Нема везе тоа, али тие книги што јас ги барав ги најдов во англиски центар и икона(на англиски), само некои на Македонски како Валден, нешто од Хемингвеј и Орвел во Икона.
Мене намерата ми беше да читам книги на Македонски, зашто почнав да го губам речникот наш, со читање на англиски. Али кога нема кај нас класици преведени, и преведуваат некои безвредни наслови...