Aко може некој да напише неколку цитати од расказот "Шинел" од Гогољ кои би одговарале со темата "Тешко е да немаш, а потешко да имаш, па да изгубиш", бидејќи ја немам книгата, а би ми послужиле некои добри цитати во писмената што ја правам утре. Фала однапред :smir:
Па повели:
"Акакиј Акакиевич чувствуваше од некое време дека необичносилно го прободува во плеќите, и покрај тоа што се трудеше да го претрча колку е можно побрзо патот од станот до канцеларијата. И најпосле си помисли, да не би нешто да е крив за тоа неговиот капут. Кога внимателно го прегледа дома, откри дека на два-три места, токму на грбот и на рамената станал веќе вистинско цедило: штофот толку се излижал, та низ него се провидело, а поставата се развлекла. Треба да се напомене дека и капутот на Акакиј Акакиевич беше предмет на чиновничките шеги; му го одзедоа дури и благородното име капут и го викаа шлафрок."
"Акакиј Акакиевич мислеше и мислеше и најпосле реши да ги смали секојдневните издатоци барем за една година, и тоа вака: да не пие навечер чај, да не пали свеќа,....,да гази лесно за ѓоновите да му траат подолго."
"Незнам како но сите во установата разбраа дека Акакиј Акакиевич, има нов шинел и дека повеќе не го носи оној шлафрок. Сите веднаш потрчаа во претсобјето да го видат новиот шинел на А.А. Почнаа да му честитаат и со него така срдечно да се поздравуваат, така што тој најпрвин само се потсмевнуваше, а потоа се засрами."
"Најпосле некој чиновник, некој помошник шеф на отсек, веројатно затоа за да покаже дека не е ни малку горд и дека се познава дури и со подолните од себе рече:'Па добро, јас давам вечера место Акакиј Акакиевич и молам да дојдете денеска кај мене на чај...'. Акакиј почна да се ивинува дека неможе да дојде, но сите се нафрлија на него дека тоа е неучтиво, дека е срамота, и тој немаше каде."
"...забележа наеднаш дека пред него стојат некакви луѓе со мустаќи, но не можеше добро да ги распознае. Му се стемни пред очите, а срцето почна да му чука. 'А, еве го мојот шинел', рече еден од оние со силен глас и го зграпчи за јаката....Акакиј Акакиевич почувствува само како му го соблекоа шинелот, го удрија со нога такашто тој се спружи колку што е долг, а потоа се онесвести."
''Утредента дојде сосоем блед и во стариот капут кој сега изгледаше уште помизерен. Иако имаше и такви чиновници кои и сега правеа шеги за сметка на А.А., сепак приказната за грабнувањето на шинелот многумина ги разжалости."
"Виулицата свиреше по улиците, Акакиј Акакиевич одеше со широко отворена уста и постојано слегуваше од тротоарот; ветерот по петроградскиот обичај шибаше на сите четири страни, од сите странични улици. За момент од студот му отече грлото и кога се долече некако до дома, не беше во состојба да изговори ни еден збор, па целиот отечен, се струполи во постела."
"Најпосле А.А. умре. Властите не ја запечатија собата ниту извршија попис на предметите, прво поради тоа што немаше наследник, а второ, затоа што наследството беше мало....Акакиј А. го однесоа на гробишта и го погребаа. Петроград остана без Акакија А. како во него никогаш да не живеел."
Мислам дека овие цитати ти се доволни, не само зашто се обилни и можеш да бираш, туку и затоа што веќе ми паднаа раце од пишување....