Помош магии или забегале луѓево

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.867
Да, сведок сум на ова од факултет бев под кирии со цимерки од 15години средношколки до кај 25, полно луѓе правеа чудни работи, еднаш отидов имав три цимерки средно школо сестри беа едната дали беше поголема, одеа кај некое жениште често и еднаш ми се поверија дека требало розев пешкир да купат и розеви филџани да и однесат на жената. Им реков дека ќе се јавам кај мајка им, ама ми кажаа дека сум будала дека мајка им ги оставила на доверба од жената.
После полемики и полемики и полемики отидов кај жената со нив само да видам што има.
Долга приказна, само да кажам ми остана трајно сеќавање со бои и со миризби. Смрдеи. Не успеав да ги разубедам. Не се скаравме ама не успеав.
По неколку години ја сретнав најстарата од нив. Во страотна состојба беше. Рече дека накусо откако сум заминала од станот дечко и починал. И триста лоши работи им се случиле. Рече дека сега е добро, ама ич не изгледаше добро.
Може и да не е од жеништето,
сепак внимавајте каква енергија внесувате во животот, може да ви го промени.[DOUBLEPOST=1417693187][/DOUBLEPOST]

Леле... ќе продолжам со приказнава за да разбериш нешто.
Не се за исмевање, за жалење се.

Истиот ден кај истата жена, влеговме ние четири а пред нас имаше мајка баба и дете околу 10 години.
Детето месечарело. Станувало во сон одело на тераса.
Жената им рече да земат во 12 полноќ да замесат леб, да купат вино и библија. Да плукнат сите дома во лебот и сето тоа сосе библијата да ги фрлат в река.
Сега протумачи го ова, колку и да е луда жената, она што ние го користиме за нешто свето, тие да го извалкаат и да го фрлат од себе. Тоа ли е чаре за било што? Сега нека умрам сосе фамилија - такво чаре и таков лек не сакам.
Тоа што го напишав го напишав како општо мислење за темава не во соодност со твое мислење ми звучи како да ме цитираш затоа што веројатно си помислила дека нешто во моето напишано има врска со твое мислење... Не е битно... Значи како што и сама напиша не се оди кај секого. Поддржувам барање помош од стручни лица во областа за вадење магии али исклучиво точно обучени лица кои имаат искуство во тоа. Дане останам недоразбран за мене правењето магии кои делуваат негативно врз луѓе е тотален срам и еден од најголемите гревови али и луѓето што бараат помош од секого донекаде ги оправдувам од причина што немаат поим повекето луѓе како функционираат овие работи.[DOUBLEPOST=1417699525][/DOUBLEPOST]
Конкретно за болдираново,самиот ефект е предизвикан од фактот дека леб и вино се нафора,од причест и затоа има успех,останатото е кога се гледа на Библијата како на света книга,а не на суштината на напишаното внатре.Самото тоа предизвикува верба во исцелението на тие особи, и со самото правење на тој обред,тие си создаваат плацебо ефект.Инаку шансата некој да оздравее е секогаш 50 -50%,или -или,тоа нема врска со самиот обред.[DOUBLEPOST=1417699102][/DOUBLEPOST]
Ниту особата што ја прави магијата ако умре или биде убиен ништо нема да смени.Силата на магијата доаѓа од друго место(од мрачните демонски сили),а не од таа личност.Инаку секоја магија има ефект од 4 години,и после тоа може да продолжи на секои 4 години циклично.Начинот за излекување постои,но тоа е долга тема.
Јас ти гарантирам дека нема никаква врска плацебо ефектот со магиите и нивното вадење. Не се работи за психички проблем туку за проблем на духовно ниво каде не допира ниту свеста ниту потсвеста едноставно ако човек безбедно и стручно да ја извади ке ја извади.
 
Последно уредено:
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Поддржувам барање помош од стручни лица во областа за вадење магии али исклучиво точно обучени лица кои имаат искуство во тоа.[DOUBLEPOST=1417699525][/DOUBLEPOST]
Ј едноставно ако човек безбедно и стручно да ја извади ке ја извади.
леле единствениот збор што ми се превртува низ мислите дури читам е леле леле леле

стручно да извадиш магија ---- хирург може стручно да извади тумор
информатичар може стручно да ти го среди системот
пекар за торта

а кој е тој стручно што се занимава со магија
ако не е сатанист по струка, кажи ми што е?

Извини ако реагирам само на некој зборови од постот ама читам влакната по рацете ми се креваат и од она што одекува леле леле леле само зборови ми излегуваат пред очи од ова што го читам не реченица цела само стручно за магии нешто,,, стручно...

Не се оправдани ни тие што даваат ни тие што бараат таков лек. Не постои таква струка. Нема стручно лечење од магии. Има само една мисла што вели посилен/на сум од тој што ми мисли зло, добар сум и Бог е на моја страна. Никој така не може да ми наштети. Секаква друга помош се бара од лекар или финансиски советник. И животот се става под контрола.[DOUBLEPOST=1417701587][/DOUBLEPOST]
Конкретно за болдираново,самиот ефект е предизвикан од фактот дека леб и вино се нафора,од причест и затоа има успех,останатото е кога се гледа на Библијата како на света книг.
Е да... ама жената им вели да плукаат во тоа и да ги фрлат, ајде лебот и виното не се осветени од свештеник, уште тоа што не им го побара, ама светата книга им вика да ја фрлат?
Што работа има таа жена со тие работи? Од каде и идат глупавите мисли и обреди? За да ме избрка употреби грев што јас го направив, ми рече дека тоа сум го направила и ме избрка, од кај знаеше таа јас каков грев сторив тие денови?
Чисто сатанско дејство кај сите што прават такви работи и кај сите што „лечат“ од такви работи.

По струка сатанисти. Наштетуваат да, на луѓе кои не си ја земаат душата и телото под своја контрола и дозволуваат светот да ги води. Кој друг обичен смртник како мене е посилен од мене и стручно ќе ми помогне ако не знам сама? Единствен лек е да знаеш дека си посилен од нив, дека твојата душа е скапоцена за Бога и дека ништо не ти можат. Дотука е нивната сила, тие влегуваат веројатно преку стравот.

п.с. Се извинувам имам грда навика скоро за секој муабет да употребувам личен пример, ама ризницата ми е полна со настани како да имам живеено 85 години, и не можам да не се повикам на искуства од било што. Пробав да постирам без тоа ама како да не сум јас.
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.867
леле единствениот збор што ми се превртува низ мислите дури читам е леле леле леле

стручно да извадиш магија ---- хирург може стручно да извади тумор
информатичар може стручно да ти го среди системот
пекар за торта

а кој е тој стручно што се занимава со магија
ако не е сатанист по струка, кажи ми што е?

Извини ако реагирам само на некој зборови од постот ама читам влакната по рацете ми се креваат и од она што одекува леле леле леле само зборови ми излегуваат пред очи од ова што го читам не реченица цела само стручно за магии нешто,,, стручно...

Не се оправдани ни тие што даваат ни тие што бараат таков лек. Не постои таква струка. Нема стручно лечење од магии. Има само една мисла што вели посилен/на сум од тој што ми мисли зло, добар сум и Бог е на моја страна. Никој така не може да ми наштети. Секаква друга помош се бара од лекар или финансиски советник. И животот се става под контрола.
Значи како што информатичарот точно знае како се средува компјутер, хирургот точно како се сецира за да се извади тумор, пекарот како се прави торта така постојат и луѓе што потполно знаат како функционира системот на вадење темни сили и со помош на духовна зрелост градена со години и некој вид обука од учител за таа област научуваат да го работат тоа.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Значи како што информатичарот точно знае како се средува компјутер, хирургот точно како се сецира за да се извади тумор, пекарот како се прави торта така постојат и луѓе што потполно знаат како функционира системот на вадење темни сили и со помош на духовна зрелост градена со години и некој вид обука од учител за таа област научуваат да го работат тоа.
Ок и јас ако сум полна со грев, и низ процепите гревот што ги направил навлегле лошите дејства од магијата
да речам озонот околу душата ми е оштетен артал го имам направено. И живеам со таков ете сатанист што во своја куќа ми ги кине парталите ми фрла камчиња книџиња незнам коса незнам што уште
А ти си стручен, ама јас не престанвам да грешам а оваа трета личност не престанува да ми фрла магии

Прво кај ќе те најдам хипотетички тебе, во море измамници, вистински сатанисти и 1% стручни лица хипотетички да речам дека постојат...
Второ што ќе направиш како ќе ме спасиш (ако не знам сама)?

Трето, сите нели имавме по еден ангел? Каде е нели знае да прошепоти да ме посоветува? Што барам јас кај туѓ ангел дури и да е вистински?
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192

А колку илјади евра наплаќаат тие стручнаци,кои ги победуваат демоните?Овака ти како нивни посредник,нивна реклама овде по форумиве.
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Значи како што информатичарот точно знае како се средува компјутер, хирургот точно како се сецира за да се извади тумор, пекарот како се прави торта така постојат и луѓе што потполно знаат како функционира системот на вадење темни сили и со помош на духовна зрелост градена со години и некој вид обука од учител за таа област научуваат да го работат тоа.
A sto skolo i diploma imaat?
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.867
Ок и јас ако сум полна со грев, и низ процепите гревот што ги направил навлегле лошите дејства од магијата
да речам озонот околу душата ми е оштетен артал го имам направено. И живеам со таков ете сатанист што во своја куќа ми ги кине парталите ми фрла камчиња книџиња незнам коса незнам што уште
А ти си стручен, ама јас не престанвам да грешам а оваа трета личност не престанува да ми фрла магии

Прво кај ќе те најдам хипотетички тебе, во море измамници, вистински сатанисти и 1% стручни лица хипотетички да речам дека постојат...
Второ што ќе направиш како ќе ме спасиш (ако не знам сама)?

Трето, сите нели имавме по еден ангел? Каде е нели знае да прошепоти да ме посоветува? Што барам јас кај туѓ ангел дури и да е вистински?
Хипотетички или не хипотетички јас со чистење магии не се занимавам али познавам луѓе што се занимаваат. Околу тоа дали имаме ангел чувар сите ние не сум компетентен да кажам а дека е возможна комуникација со виши сили возможна е и тоа за секој поединец.[DOUBLEPOST=1417736076][/DOUBLEPOST]
А колку илјади евра наплаќаат тие стручнаци,кои ги победуваат демоните?Овака ти како нивни посредник,нивна реклама овде по форумиве.
Оф леле абре човек ова не е државна установа што лапа пари... Значи зависи од личноста некои имало и што наплаќале слушнав, некои помагаат без барање никаков возврат зависи од поединецот па и условите.[DOUBLEPOST=1417736216][/DOUBLEPOST]
A sto skolo i diploma imaat?
Со твојот сертификат форумски никој неможе нешто прочитав дека дури и зелен печат носиш... Чим те препознаваат од далеку луѓе има потенцијал во тебе се сеќава од далеку брат.
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Много е интересно што сви тролате на тему магие.Да ги нема,да не постоив - не би имало људи кои би почнувале овакви теме,не би имало људи кои коментирав и се докажуев дали постои или не.Сви овија теме у мистерие,штом се збори,коментира - има нешто.
Има случаи,на магие куде што успешни људи су се претварале у очај на општество,јаки студенти кои од 10ке су завршиле у лудницу,успешни бракови на људи кои днска не сакав да се видив и слично.Пазите се.Све док не ви се деси на вас или у блиску околину,нема да веруете.
Не дај Боже,не дај Боже да ве снајде такво нешто.На крај ке поверуете,ама касно ке е.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Хипотетички или не хипотетички јас со чистење магии не се занимавам али познавам луѓе што се занимаваат. Околу тоа дали имаме ангел чувар сите ние не сум компетентен да кажам а дека е возможна комуникација со виши сили возможна е и тоа за секој поединец.
Од кај знаеш дека не се измамници што ги лажат луѓето за пари?
Од кај знаеш дека место подобро не прават полошо?
Не си компетентен ни за нив да кажиш дека ќе помогнат.

А за вишите сили и јас исто кажувам, комуникација има, за секој, и затоа нема потреба друг место мене да комуницира и да бара спас за мене или за некој трет. Убаво ни е речено, тропни за да ти отворат, побарај за да ти дадат. Оти да пуштам адвокат да тропа?
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.867
Од кај знаеш дека не се измамници што ги лажат луѓето за пари?
Од кај знаеш дека место подобро не прават полошо?
Не си компетентен ни за нив да кажиш дека ќе помогнат.

А за вишите сили и јас исто кажувам, комуникација има, за секој, и затоа нема потреба друг место мене да комуницира и да бара спас за мене или за некој трет. Убаво ни е речено, тропни за да ти отворат, побарај за да ти дадат. Оти да пуштам адвокат да тропа?
Ти се молам... Јас гарантирам само за луѓе што лично ги познавам. Ти личам на човек што би се дружел со луѓе кои печалат на туѓа мака или па прават крајно лоши работи ?
 
Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
270
Поени од реакции
111
Магија:
Многу одамна човек се разболува од некоја тешка болест. Билките не се доволни за да го излечат по неколку дена, па бара спас во надприродните сили. Друг човек се нуди да му направи бела магија. Болниот се согласува, и работата е завршена. По неколку дена самото тело успева да се избори со болеста, но, човекот верува дека магијата и/или вербата во бога го излечила. Тој раскажува за ова на своите пријатели, тие раскажуваат на новните пријатели и.т.н.
Се шири глас дека магијата помогнала. Други луѓе бараат помош од "исцелителот".
-Ако со неговата магија тој им помогне: "Благодарам многу, тоа што ви верував се исплати!"
-Ако не им помогне: "Така било пишано..."

Само јас гледам апсурд во ова?
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.310
Поени од реакции
4.710
Не сум ни размилувал многу на тема магии, само една работа што ме буни е како опстојале тие ‘‘обичаи‘‘ толку многу години. Нели ако нешто нема ефект не го практикуваш повеќе. Малце глупо во денешно време уште да се збори за ова. Може пости некој повеќе димензионален паралелен свет со некои други енергетски суштества што ние не можеме да ги видиме. Нели прво беше енергија па материја, или како беше неззззззззззнам......чао
Па ќе опстои се додека има глупи луѓе...[DOUBLEPOST=1450393709][/DOUBLEPOST]Верувал или не и македонци идат кај оџи да се чистат од црни магиии...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom