Помош магии или забегале луѓево

Член од
24 октомври 2014
Мислења
34
Поени од реакции
18
Живеам во таква средина што секој ден гледам ногу чудни работи што се дешава со луѓево застануваат на сред мост се одмиваат фрлат некои чудни предмети во реката (Катанец видов) (се лечат од магии како што ми кажаа некои) е сега на патот минат деца јас минам за на работа лошо ли е тоа за нив може да ми се објасне оваа дали народо стварно забегал ? и незнав дали во мистерии или религии да ја ставам темава каде што треба поместите ја или ако има ваква тема избришете.
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
34
Поени од реакции
18
Незнам дали типов трола или не ама се сложујем буквално стварно нешто не е во ред со луѓево
Личам ли ти на некој шо трола ? оти преку глава ми е од такви работи
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
79.000
Живеам во таква средина што секој ден гледам ногу чудни работи што се дешава со луѓево застануваат на сред мост се одмиваат фрлат некои чудни предмети во реката (Катанец видов) (се лечат од магии како што ми кажаа некои) е сега на патот минат деца јас минам за на работа лошо ли е тоа за нив може да ми се објасне оваа дали народо стварно забегал ? и незнав дали во мистерии или религии да ја ставам темава каде што треба поместите ја или ако има ваква тема избришете.
Магиите чија што намена е да бидат, што би рекле, нагазени, се ставаат на крстопат, или под праг и најчесто се наменети за некое конкретно лице.
Тоа што стојат на мост е заради реката исклучиво. Најчесто се советува при чистењето на магиите "да се уптреби" речен тек.
Јас не верувам дека поминувањето преку тој мост создава некаква опасност (од тој аспект) за минувачите.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Не верувам во магии али имам слушнато многу луѓе имале проблем со овоа.

Типична македонска работа.
Не треба да се плашиш воопшто,бидејќи магијата делува само кај луѓе кој веруваат во магии и се плашат некој да не им направи.Тогаш таа има најголема сила,бидејќи делува преку потсвеста на тој што верува.Силата не е во тој што прави магии,ниту во самите ритуали,конци,катанци, и разноразни дрангулии,туку во тој што верува.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Се е ова резултат на владиниот проект за враќање кон традицијата.
Не е само тоа,ги читам и по американски форуми и таму луѓето а што е најжалосно младината се занимава со такви работи.И таму го имам прочитано ова,бидејќи и тој што прави магија на друг,тој верува во тоа што го прави,а бидејќи магијата е меч со две острици ,има веројатност доколку на другата страна не се јави прием,тогаш дејството на таа магија да се одрази на тој што ја прави.Таа енергија мора да се испразни некаде.
 
Член од
25 април 2012
Мислења
443
Поени од реакции
580
Не сум ни размилувал многу на тема магии, само една работа што ме буни е како опстојале тие ‘‘обичаи‘‘ толку многу години. Нели ако нешто нема ефект не го практикуваш повеќе. Малце глупо во денешно време уште да се збори за ова. Може пости некој повеќе димензионален паралелен свет со некои други енергетски суштества што ние не можеме да ги видиме. Нели прво беше енергија па материја, или како беше неззззззззззнам......чао
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Треба да земеш крст и да пуштиш молитва на мостот....... и на секој нареден кој што би правел ритуал објасни му го истото.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Тоа што го правеле луѓето на мостот го прават од што имаат мака човек што има сериозен проблем се ке проба за лек... И воопшто не се за исмевање. Колку и дали ке помогне ритуал што го правеле е тешко да се каже од причина што најчесто бајачи ги насочуваат на такво нешто. Немам никаква потцена кон бајачите само повише ме бендисува точно насочен чин кои има врска со помош и кои тои што те води кон тоа знае да го објасни. Иначе да знаете дека постојат тн. Бели магии кои помагаат за излекување додека со Црни магии нема играчка и недај боже никому да му се случи.
 

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
990
Moлба до Кришна да ни подари мир и спокој на сите
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Магиите постоеле, постојат и ќе постојат. Човековата злобност и барањето спас за човекот да се ослободи од неа, одсекогаш го имало, го има и ќе го има. Да не постоеја магиите, немаше ни да се збори за нив.

И јас имам слушнато за тоа со катанецот што се фрла во вода. Тоа служело за човекот да се спасел од магијата која му е направена.

Веќе неколку пати имам видено една жена како насабајле зема газа (може не е газа, незнам што и е) и гледа кон изгреј сонцето. Имам видено и луѓе кои застануваат, гледаат кон месечината, мафтаат со парите, ги расфрлуваат....... страшно, чудно и вознемирувачки.

Но сепак, Господ гледа, тие што прават магии со цел некому да наштетат порано или подоцна ќе бидат казнети.

:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom