Јас успеав да најдам курс по Јапонски во Скопје. Проф. беше многу добра и интересна личност. Знаеше да се шегува за се, но беше и стриктна за предавањата никој да не забушава итн. Сите беа некаде 16+ години а јас бев најмал (15, пуста среќа). Предавањата беа многу интересени и забавни, но исто така многу се учеше од нив. Пред да прекинеме со часови бевме сместени некаде кај Буњаковец (Од Тетово сум, не ги знам местата во Скопје многу добро). Бев посветен на јазикот и успеав да научам голем дел од Хирагана (една од трите азбуки, остали се Катакана и Канџи). Предавањата беа на Англиски јазик за да се разбереме полесно еден меѓу друг. Ако сакаш повеќе информации, слободно пиши. Ќе ја прашам професорката за почетокот на часовите оваа учебна година.