Ајде и од мене едно прашање!
Заинтересирана сум за курс по програмерство!
Солидно работам на компјутер, меѓутоа сакам да го надоградам своето знаење!
Ме интересира, колку е ова добра идеја, дали се исплаќа, дали треба да се има предходно некое посебно знаење или сл?
Програмерство е доста широк поим. Во глобала не ти е потребно на курсеви да идеш за научиш да програмираш на интернет се и сешто има за беспари ако знаеш кај да бараш.
Секое ново знаење се исплаќа само треба да имаш желба.
Прво неколку прашања. Со оглед на тоа како го имаш поставено прашањето имаш минимално познавање за оваа област. Понатаму според мене не постои солидно познавање на компјутер тој што знае, знае колку не знае и знае дека и цел живот да учи информатички технологии пак нема да знае ниту четвртина од се што постои.
Еве неколку примери.
Вообичаено кога се вели програмирање се мисли на стандард десктоп апликации. За ова ти е потребно познавање од програмски јазик како C++, Java, C# и/или многу други.
Следно имаш веб програмирање, тука ги имаш ASP и PHP како сервер јазици и JavaScript како клиент јазик. Ова е всушност дел од професија повеќе позната како Web Developer и во глобала потребно е да имаш познавање и од HTML и CSS.
Сега да речам помодерно е и развивање мобилни апликации тука ги имаш Android Developer и iOS developer т.е развивање апликации за андроид(Гугл) или Епл.
Во глобала сите технологии горе доле се поврзани кој помалку кој повеќе, но за сите заедничко е дека не се учи преку ноќ треба многу време и труд за да можеш барем малку да кажеш дека знаеш.
Светлата страна е дека оваа професија е просперитетна и сигурно нема да останеш без работа ако имаш барем малку памет.(Имаш можност да работиш од дома, фриленсинг или пак да се отселиш во земја каде се бара професијата, а секаде се бара)
Има денес приказни како со малку труд(примерот со Флапи Брд) направил многу пари (читај 50 000 долари на ден) е сега тука голем фактор е и среќата, но во секој случај дури и за плата да работиш ќе имаш солидна плата па и во Македонија.
П.С Пошто прашањево ти е општо не можам поконкретен одговор да ти дадам
П.С2 Изборот на професија ти е инвестиција, според мене информатичките науки се добра инвестиција(тука намерно не пишувам програмерство, пошто реално иако програмерите се дебело платени нивните шефови се оние кои го земаат големиот дел од колачот)