Некое лаптопче до кај 40... па нека биде и до кај 45, 6 7 8 илјади денари преку сила негде, да има минимум i5, хард диск мање битно 500гб бар да има, ако има и SSD уште подобро, RAM барем 4гб.
Не сум некој хардкор гејмер, ама сакам да има графичка барем колку толку да можам да ги пробам поновите игри (не мора на high level, може medium, low), дали Nvidia или Ati Radeon небитно (или?). Исто приметив новите имаат и интегрирана и плус `додатна` графичка така да можеш да се префрлаш од една на друга ако играш нешто на пр, ова би ми било од огромно значење.
Друго, не сакам со вклучени Виндоус и Офис, имам тоа, не сакам за џабе да го плаќам...
Најбитен ми е квалитетот. Acer, Asus и слично не сакам никако зашо лошо искуство сум имал. Немам многу од хардверскиве трендови познавање, така да нека ми препорача некој кој се најквалитетни од среднава класа (Dell, HP, Lenovo.. i dont know.. ) за таа цена. Исто така од кај да го купам, да не биде преварантска фирмата, зашо имам чуено многу фирми шо продавале outlet/refrubished лаптопи како нови. Значи да биде стабилна фирма, па макар и поскапо некој денар да е. И да има бар 3 години гаранција, преку сила 2.