Помош за избор на лаптоп

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Дали би земале лаптоп што е последен изложен од моделот и месец дена стоел изложен?
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.654
Поени од реакции
4.142
Дали би земале лаптоп што е последен изложен од моделот и месец дена стоел изложен?
Не, строго спакуван и пред мене да го отвори.
Да сум сакал распакуван лаптоп и чепкан од страна на непознати, ќе сум земел половен.
Ова е мое мислење, секој различно размислува.
 
Член од
2 февруари 2021
Мислења
23
Поени од реакции
6
Мислење за лаптопов и дали вреди за цената?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741
Мислење за лаптопов и дали вреди за цената?
еве ти подобар а 4000 ден поефтин. Имаш и други поарни до 37к во анхоч

Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Мислење за лаптопов и дали вреди за цената?
Ако примарно те интересираат само перформанси, тогаш за парите веројатно ќе најдеш и појак лаптоп.
Ако те интересира оверал и квалитетот тогаш овој ти е минимум една класа подобар од сите останати стандардни модели.
Јас имав 4 години HP Probook, батеријата и после 4 години држеше околу 2 часа, а дизајнот и квалитет на изработка на целото куќиште е далеку повисок од стандарните лаптопи. Купен беше со обичен хард и со 8гб рам, му имав сменето ССД + додадено уште 8гб рам.
На мојот не ми се допаѓаа две работи:
  • звучниците му беа многу тивки
  • тастатурата не ми се допаѓаше ергономски (али користам екстерна на докинг така да тоа скоро и да не ми пречеше :) )
https://www.hp.com/us-en/shop/mdp/laptops/probook-450#!&tab=vao еве колку му е цената на најновиот модел директно од HP.
 
Член од
2 февруари 2021
Мислења
23
Поени од реакции
6
еве ти подобар а 4000 ден поефтин. Имаш и други поарни до 37к во анхоч

TN дисплеј.. од она што го имам видено не би земал никогаш. За Lenovo не сум сигурен поради многуте проблеми со хинџовите.

Ако примарно те интересираат само перформанси, тогаш за парите веројатно ќе најдеш и појак лаптоп.
Ако те интересира оверал и квалитетот тогаш овој ти е минимум една класа подобар од сите останати стандардни модели.
Јас имав 4 години HP Probook, батеријата и после 4 години држеше околу 2 часа, а дизајнот и квалитет на изработка на целото куќиште е далеку повисок од стандарните лаптопи. Купен беше со обичен хард и со 8гб рам, му имав сменето ССД + додадено уште 8гб рам.
На мојот не ми се допаѓаа две работи:
  • звучниците му беа многу тивки
  • тастатурата не ми се допаѓаше ергономски (али користам екстерна на докинг така да тоа скоро и да не ми пречеше :) )
https://www.hp.com/us-en/shop/mdp/laptops/probook-450#!&tab=vao еве колку му е цената на најновиот модел директно од HP.
Со оглед на тоа што нема многу понуда од тој ценовен ранг и не гледам некои други опции (секако по оние критериуми што ми се поставени за избор на лаптоп) единствено квалитетен ми изгледа, и секако Huawei Matebook D15, со маана што не може да се апгрејдне рамот. А, инаку, да, ме интересираше и искуство со ProBook серијата бидејќи важно ми е да е квалитетен и да трае (сепак е инвестиција). Најновиот модел со 11-та генерација i5 како што гледам e 880$, па би рекол овој не е overpriced кај нас?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
TN дисплеј.. од она што го имам видено не би земал никогаш. За Lenovo не сум сигурен поради многуте проблеми со хинџовите.

Со оглед на тоа што нема многу понуда од тој ценовен ранг и не гледам некои други опции (секако по оние критериуми што ми се поставени за избор на лаптоп) единствено квалитетен ми изгледа, и секако Huawei Matebook D15, со маана што не може да се апгрејдне рамот. А, инаку, да, ме интересираше и искуство со ProBook серијата бидејќи важно ми е да е квалитетен и да трае (сепак е инвестиција). Најновиот модел со 11-та генерација i5 како што гледам e 880$, па би рекол овој не е overpriced кај нас?
Мора да ќарат и нашите :D
 
faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.384
Поени од реакции
21.930
Препорачајте лаптоп што ке може да пушта 4К филмови.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Дали би земале лаптоп што е последен изложен од моделот и месец дена стоел изложен?
Јас зедов од Нептун таков гејмерски. Ми го дадоа 200 еур намален. Ова во 2017.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Јас зедов од Нептун таков гејмерски. Ми го дадоа 200 еур намален. Ова во 2017.
И јас зедов од Нептун со Хепи цена, ама јас се јавив во дирекција и ми проверија каде има уште 1, а каде уште 2 останати од овие продавници што ги пишува на сајтот дека има на залиха. Во Скопје имаше на две места по уште еден (Сарај и Аеродром), во Аеродром беше изложениот, но во Сарај беше спакуван (не го изложиле тој модел) и отидов и си го земав. 50к беше редовна цена, го зедов 42к со Хепи цена, значи 8к поефтино, што е супер со оглед на тоа што нит бил изложен нит ништо. Го зедов овој. Е сега @Ron Burgundy ако повторно не верува дека за Хепи цените ти треба обична картичка, а не поени и не знам што, да му сликам сметката друго не знам. :D
 
Мојот беше изложен и ми кажаа. Малце ми беше шубе стварно оти беше 1100 еур лаптопот, многу пари се, намален од 1300 еур. Ама доброто кај Нептун е што иако изложен не работи компјутерот и не можи секој што сака да му прави.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Најпосле лаптоп каков што сакам. Се надевам ќе го има кај нас.

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Член од
4 февруари 2021
Мислења
7
Поени од реакции
4
Здраво на сите во план сум да го земам овај лаптоп ќе се користи за ворд ексел и во слободно време за гејминг е сега мислење дали вреди за парите искуство ако некој веќе има земено пофалби поплаки и тн
 
Јас земав исто Нитро 5 само друг подмодел, конкретно овој. Се ти е исто само серијата на процесорот, 8 vs 16 гига рам, и refresh rate кај мониторот, ама според тоа за што ти треба мониторот мислам дека ништо од ова нема да ти прави разлика, така да мислам овој ти е најдобар за парите. Под оваа цена ептен слабо има лаптопи со посебна графичка, набилдани се цените, општо и малку лаптопи добри има на залихи. Јави се и прашај прво каде имаат спакуван, пошто во повеќето продавници ќе им е последен изложен оставен, па да заштедиш време.

П.с. Кога играш некоја захтевна игра знае бајги да бучи, ама обично “гејмерските“ лаптопи имаат и подобро ладење, така да не би требало да имаш проблеми со прегревање, иако јас никогаш не би претерувал со гејмање на лаптоп 24/7.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom