Помош за избор на лаптоп

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.569
Не сум имал Acer, гледам дека има добри перформанси за цената, а воедно и за тоа што го бараше членот. Конкретно квалитетот на Acer не би можел да го коментирам, сум слушал лоши муабети али на времето, колега на почеток од 2020 му зеде на детето гејминг лаптоп Acer и не се има пожалено воопшто.

Изработката мислам дека во голема мера е од цената на лаптопот, поефтините скоро кај сите се со тиња изработка, а за расипување нема кој не се расипува.

На Asus мене ми се зезна усб порт уште првата година (купен околу 45к), арно ама лаптопот е уште жив и здрав и после 10 години турбо работење.

На HP ProBook 640 на колега му отиде цел екран откако помина гаранцијата, а лаптопот беше купен скоро 1400 евра, инаку постегнат лаптоп не сум користел, коска се бизнис едицијата на HP, али јбг и тие се расипуваат.

DELL Inspirion, купен околу 600 евра, на 3 години и ситно само што му помина гаранцијата отиде цела матична, не најдовме половна за истиот модел, нова не се исплатеше и отиде во канта - инаку да стегнат беше како модел, ама квалитетот пак далеку од тоа што беше Дел (од овој уште не можам да ја прежалам тастатурата, подобра ергономски и помека на типкање не сум имал :)).
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Acer зема школски другар, и душата си ја извадив да му ги средам драјверите за графичката. Незнам дали беше проблемот до AMD или Acer, ама на крајта некако успеав.
Проблемот беше тоа што многу слабо перформираше графичката, а по интернет, бенчмаркови и reviews работеше далеку подобро. На обични игрици слабо работеше. Очигледно беше нешто до драјверот, кој што ни од Acer официјално немаа чаре, а на интернет иљадници постови со луѓе кои што имале слични проблеми.

Незнам ни јас како ама на крајта средивме, и почна графичката да работи како што треба.

Ова е моето искуство со Acer лаптоп уреди. Он тој модел што го зема освен овој проблем, друг проблем немаше и сега му работи топ лаптопот.

Сум средувал и HP, Dell и Леново лаптопи, и можам да кажам дека HP и Леново се едни од најлесните и нај добрите за средување (нај User Friendly), оти си имаат апликации (HP Support Assist, Lenovo Vantage) за симнување драјвери и апдејти со 1 клик, и одма се се средува.
Па според мене Lenovo и HP се добри производители со мали проблеми. А сум слушал и за Asus дека ги фалат.
 
Последно уредено:
Член од
25 октомври 2008
Мислења
534
Поени од реакции
75
Член од
2 февруари 2021
Мислења
23
Поени од реакции
6
Здраво.

Некој што следи ситуација со лаптопи, нови модели, инфо кога би ги имало кај нас и слично?
Заинтересиран сум да земам, но не ми е итно. Следам Анхоч, Нептун - меѓутоа немаат на залиха доволно, па и тие што ги има се некако overpriced.

Секој совет е добредојден. Фала ви.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.915

Ако имаш пари во моментов го има Asus Flow 13'' во Наптун.

Еве и јас во моментов бирам, ама се нешто не ми се погаѓа. Овај Flow во се е добар освен во шум малце бучен е за мене и не можам меморија да му надградам на 32гб.
 
Извини, не нагласив за цена. Барам лаптоп околу 30.000 ден, воглавно за работа. Нагласокот ми е повеќе на CPU, RAM и SSD. Гледам има HP и ASUS со приближни цени и перформанси, а за Acer не сум најсигурен. Некој совет за тоа кој производител да го одберам и дали е подобро да почекам месец, два да има нешто ново на залиха или да опаднат цени?
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
293
Поени од реакции
249
Здраво, може ли некој да ми каже дали вреди лаптопот за тие пари, и случајно да не има нешто што не чини во него?

Член од
29 септември 2015
Мислења
241
Поени од реакции
317
Извини, не нагласив за цена. Барам лаптоп околу 30.000 ден, воглавно за работа. Нагласокот ми е повеќе на CPU, RAM и SSD. Гледам има HP и ASUS со приближни цени и перформанси, а за Acer не сум најсигурен. Некој совет за тоа кој производител да го одберам и дали е подобро да почекам месец, два да има нешто ново на залиха или да опаднат цени?
Разгледај по огласиве баш денес налетав на еден Huawei D14 на реклама 5. Нешто над 500 еу му беше цената. Го користам истиот лаптоп веќе 5 месеци. Врв од лаптоп за парите. Дизајн потенок и од Macbook. и се внатре е некако ниво над конкуренцијата.
Звук, екран, куќиште.

Ако имаш готовина, разгледај повеќе огласи и ценкај се. можеш да начекаш стварно добри зделки, наместо да чекаш со месеци да паѓаат цени.

јас сега кога би купувал повторно би земал Huawei. Не сум им баш љубител на телефоните, ама лаптопиве им се буквално убиец на Macbook. Во моментов тоа е најдобар избор.

Разгледај исто по реклама, имаше добри Dell стари по неколку месеци баш за околу 500 евра.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Има едно лаптопче, делува примамливо со оглед на тоа што периодов пресушени се лаптопи со неинтегрирана графичка за разумна цена 30к-40к. Е сега крајно ми е сомнително тоа што за конкретниов модел, значи ACER NITRO 5 AN517-52-51LV (15 инчен), а не ACER NITRO 5 AN517-52 (17инчен), нема апсолутно нитуеден друг резултат на Google освен овој од Нептун. За што мислите дека станува збор во случајов?

Еве и резултати од Гугл, сите до еден се за ACER NITRO 5 AN517-52, за AN517-52-51LV апсолутно ништо освен тоа на Нептун

Да не станува збор за некоја интерна шифра на Нептун што си ја додаваат да си обележат продукт,дубара некоја или нешто трето?
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
bev vo neptun Bitola mi rekoa edniot e na servis so e vo tetovo a toj vo skopje demek vo red ama sumliv e nekako mnogu deka posledno parce
Како мислиш на сервис е тој во Тетово? Не се продава туку е на сервис кај нив па грешка стои дека е достапен во Тетово, или го продаваат користен? Фала за инфо иначе.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.653
Поени од реакции
4.142
Има едно лаптопче, делува примамливо со оглед на тоа што периодов пресушени се лаптопи со неинтегрирана графичка за разумна цена 30к-40к. Е сега крајно ми е сомнително тоа што за конкретниов модел, значи ACER NITRO 5 AN517-52-51LV (15 инчен), а не ACER NITRO 5 AN517-52 (17инчен), нема апсолутно нитуеден друг резултат на Google освен овој од Нептун. За што мислите дека станува збор во случајов?

Еве и резултати од Гугл, сите до еден се за ACER NITRO 5 AN517-52, за AN517-52-51LV апсолутно ништо освен тоа на Нептун

Да не станува збор за некоја интерна шифра на Нептун што си ја додаваат да си обележат продукт,дубара некоја или нешто трето?
Мене ми изгледа дека имаат грешка во цена/моделот на лаптоп.
Колку за споредба, другар ми пред некој месец зема Acer so i5 10300H, 8GB Ram, 512GB SSD, GTX1650 на попуст 38.995денари од 45,000денари, бидејќи беше последен таков лаптоп во Македонија.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Мене ми изгледа дека имаат грешка во цена/моделот на лаптоп.
Колку за споредба, другар ми пред некој месец зема Acer so i5 10300H, 8GB Ram, 512GB SSD, GTX1650 на попуст 38.995денари од 45,000денари, бидејќи беше последен таков лаптоп во Македонија.
17 инчен? Бидејќи 17 инчен со овие спецификации постои и на официијалната страна на Acer. Ама баш ваков 15 инчен ко овој не постои никаде. Иначе веројатно истово лаптопче го земал другар ти, дека не сум сретнал друг Acer со скроз истиве карактеристики. Или може алудираш на тоа дека ова не им е сменето од тогаш, па напраиле забуна од тој истиот лаптоп што им се потрошил на другар ти, задржале скоро сите параметри и цени, па помешале со некој друг што бил 15инчен и што првично чинел 56к и испаднал овој хибрид во понуда , што не постои во реалниот свет.
 
Член од
4 февруари 2021
Мислења
7
Поени од реакции
4
Како мислиш на сервис е тој во Тетово? Не се продава туку е на сервис кај нив па грешка стои дека е достапен во Тетово, или го продаваат користен? Фала за инфо иначе.
da da ne se prodaval vo sistemot mu pisise deka e na servis a ovaj dostapen edno parce ama sumliv poubo baraj si drug mi rece otvoreno inace so namera bev da go zemam
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.653
Поени од реакции
4.142
17 инчен? Бидејќи 17 инчен со овие спецификации постои и на официијалната страна на Acer. Ама баш ваков 15 инчен ко овој не постои никаде. Иначе веројатно истово лаптопче го земал другар ти, дека не сум сретнал друг Acer со скроз истиве карактеристики. Или може алудираш на тоа дека ова не им е сменето од тогаш, па напраиле забуна од тој истиот лаптоп што им се потрошил на другар ти, задржале скоро сите параметри и цени, па помешале со некој друг што бил 15инчен и што првично чинел 56к и испаднал овој хибрид во понуда , што не постои во реалниот свет.
Лаптопот на другар ми беше 15инчен со обичната графичка (не титаниум). Тој беше на попуст од 45к на 39к, што според мене е нормален попуст за последен модел.
Ама овој лаптоп ти што го прати има поголем екран (17 инчен) + појака графичка, не ми се верува да му стават попуст од 18к.
Сигурно нешто е утнато моделот/спецификациите или пак цената.

Мој совет, се додека не го видиш на лице место дека е спакуван (нечепнат :D ) не ни помислувај да го купиш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom