Помош: Барам еден филм!

Член од
10 август 2009
Мислења
63
Поени од реакции
17
Помош, постар филм, пред повеќе од 5 години на МТВ го даваа (Филмот е сигурно постар од 10 години), мислам во главна улога дека е Mike Starr... Ептен интересен е филмот.

Филмот мислам дека е со Mike Starr, можно е да грешам, и едно дете. Родителите на детето го бараат со полиција, а детето не сака да се врати дома, сака да остане со Mike Starr, знам сцена пред крајот: кога полицијата ќе ги најде и заобиколи, детето ќе се качи на една висока платформа или слично и ќе бара да го пуштат Mike Starr да оди, или дека ќе скокне, и се така нема да се симне додека не се јави од говорница од друга држава (Канада или Мексико беше) да му каже дека се е во ред и дека е безбеден. Полицијата го пушта, но го следи, кога ќе се јави, полицијата што ќе го чека на граница ќе влезат во говорницата од каде што се јавува, но само ќе најдат скитник како ја пушта снимената пораката. (Му дал 10$ или така нешто, и нормално успеа да им избега)
Bump за барањето на филмот, сеуште неможам да го најдам.

Иначе друг на БТР циганската ТВ порано го даваа еден филм мислам Богатиот и Сиромавиот дека се викаше, незнам како е на нивни јазик, на филмот солзи ми течеа од смеење, на фамилијата им умира Цирко, и онака жена му кука нешто, а синот (мислам Зубче дека беше) пушта од систем некоја рап музика и му рапува над мртвото тело... Па после нешто умира и сиромавиот (а Цирко е богатиот) па на крај нешто како богатиот во пекол, а на сиромавиот љубичици му растеле на гробот, абе на земја сум се валкал од смеење, ако го има некаде филмот, пишете, частам за овој филм ако се најде.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.199
Поени од реакции
37.825
Го барам „Што сонува кучето“, ТВ филм на Маја Младеновска, снимен во продукција на МТВ, не се сеќавам која година беше. Знам дека не е за споделување на торенти темава, не ни барам, но ако има некој некаква информација за тој филм, каде би можел да го најдам, нека ме контактира.
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
885
Поени од реакции
408
Пишав и во руски филмови али не добив никаков одговор значи барам еден постар филм во кој една девојка патува низ пеколот на Данте се надевам дека ќе можете да ми помогнете.
 
AniMagus

ペルソナ
Член од
20 октомври 2012
Мислења
1.161
Поени од реакции
4.293
Барам еден филм од 90-те, во кој повеќе натпреварувачи се собираат во еден кампус, и тренираат боречки вештини. Главен лик беше еден белец и таму знам се смува со една плавуша, па во еден момент ги наместија да се борат еден спрема друг. :D Така имаше повеќе битки меѓу учесниците и на крај една финална борба. Ако се сеќавам добро, тој што им беше као мастер(учител), нешто лош тип излезе на крај, па се свртеа сите против него. Инаку, сигурна сум дека не е Mortal Kombat, ниту пак Dead or Alive. Фала однапред :)
 
O

Orion.

Гостин

Можеби е овој

http://www.imdb.com/title/tt0110255/
 
nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.748
Како се викаше еден филм со црнец и со бела девојка, нешто средношколци беа, па проблеми имаа зошто од различна раса се...?
 
честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Барам филм, комедија, со Џејсон Гигс (Џим од Американска Пита). Во една куќа имаа човек кој им беше заложник, као другариве негови го држеа, па он се противеше.
 
Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
Барам филм, што немам појма од кој е и кој глуми, но се сеќавам на следнава сцена:
Доаѓа човек, раскурчен (мислам со позајмена кола) и бара да се трка со најдобриот. Бидејќи е шворц најдобриот бара доколку изгуби човеков, да му се отсече раката со која менува брзини и мп3 плеерот... На толку се сеќавам, просветлете ме ве молам.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.194
Поени од реакции
10.217

Мислам дека е овој :)
http://www.imdb.com/title/tt1043635/
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.172
Поени од реакции
1.056
Помош. Барам еден фил од Мерил Стрип( Meryl Streep) каде што таа е главна улога, кај што на крајот е подостарена ,украсува новогодишна елка и ... многу одамна ми е гледан. Ве молам за помош Драги форумџии ))
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.459
Поени од реакции
8.591
Ми треба насловот не еден филм кој играше на телма пред месец и пол(можеби и повеќе) од прилика уствари ми треба песна од филмот за жал филмот не го изгледав заспав ама песната на почетокто од филот на првите кадри ми остави силен впечаток и не можам да ја најдам никаде и заборавам е сега проблемот е што песната беше или палестинска или еврејска а можно е и да е од јордан оти така почнуваше филмот кој е по стар сигурно 5-6 години нмешто се работеше за девојка кој оди кај својот сопруг чинам беше во јордан или либан врват преку граница и таму нешто ги малтретираат ... и после заспав :facepalm: Песната што се пее на почетокто е многу тажна и оди нешто во стилот како кај нас за Ѓорѓи горзниот уствари се пее за јагне па тоа родиле мало јагне или така некако беше ....
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Помош. Барам еден фил од Мерил Стрип( Meryl Streep) каде што таа е главна улога, кај што на крајот е подостарена ,украсува новогодишна елка и ... многу одамна ми е гледан. Ве молам за помош Драги форумџии ))
Уште некој детал?
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.172
Поени од реакции
1.056
Уште некој детал?
па незнам ја заборавив содржината,беше разделена таа од некој па подоцна ја нападна старост и така се секавам кога дојдоа празници Мерил Стрип беше остарена и скоро ке паднеше од скалата украсувајки. не сум по филмовите ,тоа е пред 15 год но ми остави впечаток. инаку,сепак ,фала што се потруди да ми одговоришЧ)
--- надополнето: 18 декември 2012 во 10:58 ---
Уште некој детал?
p.s. mozno e da e-
The House of the Spirits (film)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom