Барам долго време еден филм кој одамна го гледав на сител но неможам да го најдам.
Еве ќе раскажам дел од содржината..
Се сеќавам дека двајца злобни млади браќа патуваа некаде со некој автомобил и начекаа една девојка и се сместија во еден како апартман. Таа на едниот од нив зборуваше за својот живот но, по сугестија на другиов брат, тој првиот мораше да ја убие. И продолжуваат по патот, но за кратко време имаа некакво недоразбирање и овој го убива со секира. Потоа завршува во куќата на една девојка (чија наводно била нивна и тука живееле нивните родители), но не сум сигурна за тоа. Но, овде живее само таа девојката со која ќе спие заедно и подоцна се испоставува дека истава му е сестра или братучедка, исто така не сум сигурна. Па на крај и таа ќе му стави во чајот некој отров и ќе го убие и ќе го покрие со ќеса. Патем браќата имаа слични фризури, мислам дека беа близнаци.
Ако некој се сеќава на името на филмчево, нека пише.