Полуфинале: Србија - Хрватска [27.01.2012 - 20:15 ч.]

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 јануари 2012
Мислења
816
Поени од реакции
1.208
Искрено, не очекувам резултатски неизвесен меч, иако ќе биде многу напнат, пред се заради публиката, која мислам дека ќе биде брутална во неспортското навивање и плукањето на хрватите на национална основа. Верувам дека Хрватска лесно ќе победи бидејќи игра за класа подобар ракомет од Србија, а ако има некоја шанса за Србија таа според мене би произлегла единствено од дуелот на Станиќ со хрватските бекови.
Другото полуфинале ќе биде далеку понеизвесно и поинтересно. Би сакал да победи Данска.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Зашо воопшто се ставаме во ситуација да бираме помеѓу некакви "браќа" ? Неаме браќа... к*р ме боли кој ќе победи, иако мора да признаам, српски пораз сред Белград, од Хрватска, би било интересно да се види. :)
Од друга страна, во другото полуфинале ќе навивам за шпанците, пошо данциве беа 'гзлари и незаслужија да поминат, додека шпанциве си играат константно добро од почеток.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Хрватска - Србија.Дуел во кој нигоаш квалитетот не одлучувал. Тоа што е Хрватска во ракомет е Србија во кошарка и обратно.Пресликана состојба,а Србија се мачи со Хрватска во продолженија со кош во поледни секунди да победи.Така да приказните дека Хрватска е класа-две над Србија заборавете ги.Башка Хрватите никогаш не одиграле асална утакмица против некоја екс-ју земја.

Првата постава на Србија е тука некаде со таа на Хрватска..........само што за разлика од Србија,Хрватска има 16 врвни играчи.
Тоа што го покажа Хрватска против Норвешка,првото полувреме со Шпанија и второто со Франција е ракометно совршенство.Во моментов никој нема таква ширина и не игра таков ракомет,но како типични балканци склони се кон заебување на стварите.Физички се екстремно моќни.Кај што скоро сите се околу 2 метри тие се и доста брзи и секој од нив е мајстор во пробивање до 6 метри.Во одбрана кога ќе се наредат Гојун 204,Вори 202,Копљар 210 и Муса 200.......прават многу тешка линија за пробивање.Не се само високи,подвижни се и многу се снажни.Крилата се многу брзи и со голем спектар на шутеви.Малце проблем е што се повреди Штрлек и отпадна од екипата за овие утамици.
Голужа колку и да е природно неинтелегентен тој сепак како бивши врвен играч се разбира нешто во ракомет. Ја смени играта на Хрватска........не играат веќе 3-2-1 (не ни имаат играчи за тоа),но затоа играат одлични 5-1 и 6-0 и не играат веќе спор ракомет.Лино инсистираше на умртвување и на позициони напади,Голужа бара контри,брз центар и полуконтри.Башка и последната коцка од мозаикот им се поклопи - Алиловиќ.Хрватска никогаш немала добар голмн. За одбраните на Шола кои ретко кога биле повеќе од 10 по утакмица,најмногу заслуга имаше феноменалната одбрана.Сега на таква одбрана имаат и одличен голман.
Според мене никогаш ваква сила немале.Ако е некогаш време да земат злато на ЕП тоа е сега.Никогаш вака тимски не играче,немале толку многу квалитетни играчи,толку физички моќни не биле и никогаш до сега немале ваков спој на искуство и младост.Дури и најмладите имаат по 2-3 финалиња и полуфиналиња позади нив.

Србија од другата страна има добра прва постава.Многу добра би рекол,не се случајно во полуфинале без разлика на домаќинството.Доста мотивирани со публиката позади нив со изненадувачки добра игра во одбрана и добра тимска игра.Во тимот до сега секогаш им фалела креативност и добар среден бек,а сега го имаат Чутура кој совршено се вклопи.Илиќ по мене е во животна форма,во Кил растура и одличната форма ја префрли и во репрезентацијата.
Врв на се е и феноменалниот Станиќ.Српскиот Омејер. Србите секогаш имале одлични голмани (Штербик,Шариќ) и сеуште имаат.
И тие патат од тоа што имаат лош тренер,ако дојде до некоја тесна утакмица каде што тренерот ќе треба да ја направи разликата..........боже сачувај ме.Кој ќе биде помаку глуп на клупата тој ќе победи.Друга слабост според мене може да им е тенката клупа.Ако го наметне своето темпо Хрватска тешко ќе го идржи Србија тоа.Веќе изиграа еден куп утакмици,а за разлика од Хрватска која ги користи секоја утакмица сите 16 играчи,Србија нема довлно квалитет тоа да го прави.

Ќе биде тежок дуел.Како хрват мене ми е доста страв од овој дуел.На хартија гледано Хрватска би требало да ја збрише Србија,но ова е посебна утакмица.

П.С За тие што им пречи што некој навива за Србија.Луѓе оставете ги да си навват за кого сакаат.Нема потреба од нарекување србомани или слично.Добар дел од нив и се со српско потекло,а и да не се што ви пречи на вас ако навиват за нив во овој дуел со Хрватска и воопшто нивното навивање за Србија?
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Мислам дека тој што ке победи на натпреваров, ке победи со еден гол разлика, пошто ке биде ептен стегнат натпревар.
Според мене позитивното за Србија е тоа што домаќин и е добра екипа, а позитивно за хрватите е тоа што се за нијанса поквалитетен тим од србите и тука ја гледам еднаквоста во натпреварувањето помеѓу нив.
Ке има вкупно околу 45 гола, нема над 50 да отиде.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Ке биде заебано, како што кажа д`трупер Хрватска реално гледано се со поквалитетни играчи сите 16, додека Србија е домаќин и кога играат овие две репрезентации во било кој спорт не победува квалитетот туку повеќе фактори, сега несум некој експерт за ракомет, а и го немам пратено Хрватскиот тим ниту нивниот селекторм и не ги знам квалитетите на селекторите, но ова првенство мислам дека Србија има далеку по квалитетен селектор од Македонија е сега дали е доволно квалитетен за злато ке видиме и да се победи Хрватска тоа незнам, ама мислам дека не е толку глуп како што го објасни трупер... како и да е во случај Србите да земат злато, јас како Србин ке сум состојба на екстаза 3 дена и нема да знам глава каде ми е !!!
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Србија на домаЧи терен ќе си го кркне од 'драгите' нивни соседи.

Онаа игра што ја прикажаа хрватите против петлите некни, не ја стигаат ни 3 Србии .. Ќе го бришат паркетот со нив. Ѓеџовците нема да знаат од кој попрво да се бранат.
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Се сложувам со првата реченица на The Trooper (надоле не ни читав искрено)... Хрватска од секогаш е била подобра од Србија во ракометот, како што е Србија за нив во кошарката, но нивните дуели секогаш се неизвесни, бидејќи тука се работи за нешто повеќе од Спорт, соседи, непријателски настроени, православни-католици итн... Ќе гори Београдска Арена, се надевам ќе има многу обезбедување и полиција во салата, да не би настанал голем проблем, па да се уништи цело Првенство, кое засега е добро организирано од страна на Србија... Скандирања ќе има, убивање, колење, само се надевам дека ќе нема физички пресметки, па од ракомет да испадне војна во салата... Напред Србија
 

David^^

Ристовски
Член од
9 декември 2011
Мислења
165
Поени од реакции
42
Само напред Хрватска :)

Ама тоа: "кој не скока Православен е" не ми се допадна воопшто! Тоа е голема срамота за хрватските навивачи, искрено се надевам дека нема веќе така да навиваат бидејќи тоа и неможе да се нарече навивање. Сепак, мое мислење е дека воопшто не се сите Хрвати такви..овие некои неписмени. Христијани сме, што има врска дали Православни или Католици?!
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Овие подобро да играат на неутрален терен. Еве ќе им ја отстапиме Борис Трајковски за еден меч.:icon_lol: Како тргнале со тензииве, повеќе се фокусираат луѓе кој кого ќе тепа надвор од терен, отколку на терен.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Од секогаш Хрватите се наши браќа, буквално секогаш.
Вака значи, Хрватска како држава нема направено ништо лошо кон Македонија.
Хрватска ја призна Македонија под уставното име и тоа веднаш по осамостојувањето, беше меѓу првите држави кои го направија тоа. Хрватска целосно ги признава нашите државности, идентитет, јазик, име. Јас немам причина да имам непријателски односи кон оваа земја, која ја сака и почитува мојата. За разлика од Србија, која како прво со години веќе не ја признава нашата црква, второ нивните навивачи на двата најголеми клуба се збратимени со Грчки навивачки групи, истакнуваат Грчки знамиња многу често. Трето, целата младина на Србија е повеќе наклонета кон Грција во спорот со името.

Размислете со своја глава. Доста е веќе од тие испрани мозоци и СРБОМАНИ кои сеуште мислат дека Србите се на наша страна.
Што било било, сега младината од Србија повеќе Грција ја смета за братска земја. Можеби во минатото Србите биле пријателски настроени кон нас, но сега, помладите генерации, немаат симпатии према нас и тоа е факт.
Ај не сакам да мешам политика овде ама мислам дека имате многу брзо заборавено нешто за Хрватите.
--- надополнето: 26 јануари 2012 во 17:56 ---
Повеќе ми легаат на срце Хрватите!

--- надополнето: 26 јануари 2012 во 17:56 ---
Само напред Хрватска :)

Ама тоа: "кој не скока Православен е" не ми се допадна воопшто! Тоа е голема срамота за хрватските навивачи, искрено се надевам дека нема веќе така да навиваат бидејќи тоа и неможе да се нарече навивање. Сепак, мое мислење е дека воопшто не се сите Хрвати такви..овие некои неписмени. Христијани сме, што има врска дали Православни или Католици?!
 
P

PewDiePie

Гостин
Ај не сакам да мешам политика овде ама мислам дека имате многу брзо заборавено нешто за Хрватите.
--- надополнето: 26 јануари 2012 во 17:56 ---

--- надополнето: 26 јануари 2012 во 17:56 ---
Изјасни се бе никој не те коле.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom