Полицијата ги претресе просториите на опозицискиот весник во Русија

F

Frankie Yale

Гостин
Не се само тие...многу новинари се убиени,други се апсени,тепани и затварани...
Но таков третман нема за оние кои организираат малолетничка проституција...
Во денешна Русија е побезбедно и општествено поприфатливо да се киднапираат деца и да се држат затворени за над нив да се изживуваат “клиентите“ а откако “робата“ ќе се потроши да ги убијат и закопаат некаде...отколку да се пишува за таква проблематика, или (ужаааас) да се критикува власта.
Така може во Лихтенштајн, Швајцарија, Австрија и други земји без некои големи непријатели... А Русија е земја со највеќе непријатели на светот меѓу кои е и најаката земја на светот САД така да ако дојде некоја либерална пи*ка на власт Русија би се распаднала... Земи го Борис Јелтсин за пример, и даде независност на цела држава (Чеченија) само зошто заземаа болница и се заканија дека ќе ги убијат сите внатре ако не ја добијат таа независност... Што направи Путин? Го избрка Јелтсин ја нападна Чеченија и овие Чеченциве си рекоа ај пак ќе пробаме ко со Јелтсин, заземаа цел театар и што направи Путин? Пушти токсичен гас во театарот со што утепа третина од заложниците а тие терористи што не умреа од гасот и беа само успани, наместо да бидат уапсени биле егзекутирани на лице место, колку да им се покаже на другите дека со Русија нема играње, истото се деси и во Беслан и пак не попушти Путин... Затоа денес Русија е многу поинаква и побогата отколку што беше во 90тите...

Јес да Путин е манијак али на Русија и треба таков лидер зошто ако дојде некоја пи*ка на власт ке отиде у к***ц Русија
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Нема непристрастност,ниту може да има.
Таа ја препуштам на тие кои можат да се непристрасни при ваков вид информации.
Знам дека нема,одамна имам приметено дека си алергичен и на зборот Русија :) :) .

Еве ти и читни за масовните гробници кои секоја пролет ги пронаоѓаат жителите на градот, и како полицијата баш и нешто не се потресува околу тоа...

Денешна Русија е дехуманизирана и опустошена, играчка на група олигарси, бивши припадници на КГБ и ГРУ.
Можеш на ликовите да прочиташ за реакциите на граѓаните.
Изворот се exile.ru и Комсомолскаја Правда и НТВ.
Руски новинари,кои пишувале за руска проблематика во Русија, на лице место.
Најди инфо кое го побива она што го утвриле на лице место.

Демек им дувнало на некој да шири дезинформации за Русија...
Колку девојчиња треба да има по единица масовна гробница за да биде оправдано новинарите да пишуваат за такви настани...
Сериозно перцепцијата...ај да не се изразам...
Изрази се слободно,знаеш дека имаш слобода кога дискутираме.
Ама тотално бегаш од темата.Кој рекол дека нема криминал во Русија?Или мафија?Или педофилија?Или притисоци врз новинарите или било што?Има.И немам намера да барам било што што ке го тврди обратното од она што ти го напиша.Она што е битното е дека кога е Русија во прашање за тебе е пропадната држава,по начинов на кој го објаснуваш богами и постапокалиптична ке излезе,бетер од анархија.Како во остатокот на светот да нема ништо од тоа,ако мафијата управува една Италија,ако Католичката црква е дувло на педофили итн итн.Муабетов ке му дојде светов е отиден во ПМ.

П.С. Едно време мислев дека си русофил но со денешниов пост гледам дека сум погрешил и се извинувам.
Хе,хе,хе ке добиеш зеленко за пасусов.Ама строго за него.Овие боцки меѓу редови ептен ги поштуем.

Во танга друже...
Ама за промена кај некои од организаторите на педофилските оргии за локални моќници, а не кај новинари...онака за почеток, за промена на пример...
Во танга можеби ке видиш ама веројатно во Холандија.Во Русија тешко.Демек во Русија не се апсат педофили и локални моќници?Ќе биде некој љубезен да го окачи клипот кога Путин го натера оној Дерипаска или кој беше од милијардерите да потпише еден документ и на крајот кога му рече врати ми го пенкалото?Немој бе Тоу со овака евтини...

Не се само тие...многу новинари се убиени,други се апсени,тепани и затварани...
Но таков третман нема за оние кои организираат малолетничка проституција...
Во денешна Русија е побезбедно и општествено поприфатливо да се киднапираат деца и да се држат затворени за над нив да се изживуваат “клиентите“ а откако “робата“ ќе се потроши да ги убијат и закопаат некаде...отколку да се пишува за таква проблематика, или (ужаааас) да се критикува власта.
Така се гради држава, со убиства,тепање и апсење новинари и со поддршка на педофилска проституција...барем таква е перцепцијата на многумина кои пишуваат на темава како што гледам...
Ах овака емоционално не праам муабет.Па ти се молам.
Класичен случај, човекот се враќа дома го наоѓа станот ограбен а жената и ќерката измачувани...
Пријавува, доаѓа полиција и му соопштува дека имал избор...нема да го пријави случајот или ќе го обвинат за чување “ладно оружје“...нашле нож во станот...
Ова се искуства на поранешен генерал мајор на руската полиција кој кажува дека тоа не е инцидент туку правило и дека така функционира системот...
Новинарите се криви...:tapp:
:tapp:
По дифолт нели државата е секогаш крива.А ако е Русија во прашање тогаш и не е воопшто дискутабилно режим па било кој да е.Беа комунистите не чинеа дојдоа капиталистите бетер :) :) .А ако ги прочиташ сите оние коментари под вестите на линковите кои ги закачи народот бара смртни казни и строгост без судење во превод да се врати комунизмот т.е она по кое редовно плукаш.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Знам дека нема,одамна имам приметено дека си алергичен и на зборот Русија :) :) .
Грешка.
На оние шират дезинформации.

Изрази се слободно,знаеш дека имаш слобода кога дискутираме.
Ама тотално бегаш од темата.Кој рекол дека нема криминал во Русија?Или мафија?Или педофилија?Или притисоци врз новинарите или било што?Има.И немам намера да барам било што што ке го тврди обратното од она што ти го напиша.Она што е битното е дека кога е Русија во прашање за тебе е пропадната држава,по начинов на кој го објаснуваш богами и постапокалиптична ке излезе,бетер од анархија.Како во остатокот на светот да нема ништо од тоа,ако мафијата управува една Италија,ако Католичката црква е дувло на педофили итн итн.Муабетов ке му дојде светов е отиден во ПМ.
Нема никава анархија во Русија.
Анархија и хаос не се синоними,но и онака залудно ќе објаснувам како на многу други теми...
Постапокалиптична е.
Такви ситуации во толку голем број и такви реакции на рајата доволно зборуваат.
Темата е за Русија и новинарите...инаку има убиства на новинари и во Ирак,Бурма,Сиера Леоне...како и во Русија.
Не знам дали има убиства на новинари во Норвешка,Чешка,Португалија...Естонија...се сомневам...

Ете имаш и изјави од луѓе кои биле на местото на настанот и како се заташкувало све и статистики за иљадниците исчезнати луѓе...
Но тоа е руската реалност...

Хе,хе,хе ке добиеш зеленко за пасусов.Ама строго за него.Овие боцки меѓу редови ептен ги поштуем.
Сериозно го мислам тоа.
Твоите ставови се далеку од русофилски.
Пред се поради различната перцепција.
Појавите како масовни гробници на девојчиња или дедовштина или умирањето на 90.000 раја од алкохол секоја година се работи за кои ти не сакаш да се знае бидејќи даваат реална соголена слика за Русија.
Твојот став е ист како оној на нивната елита која не сака да се знае за тоа.
Дали си свесен дека ако не се разобличат тие работи,тие срања ќе продолжат и понатаму?
На тоа мислев кога реков дека не си русофил,бидејќи на крај ќе испаднам најголем русофил :vozbud:...ако ништо друго барем редовно ги пратам нивните медиуми и сајтови на кои има одлично инфо од многу области...

Во танга можеби ке видиш ама веројатно во Холандија.Во Русија тешко.Демек во Русија не се апсат педофили и локални моќници?Ќе биде некој љубезен да го окачи клипот кога Путин го натера оној Дерипаска или кој беше од милијардерите да потпише еден документ и на крајот кога му рече врати ми го пенкалото?Немој бе Тоу со овака евтини...
Можеби фактите не се поклопуваат со твојата перцепција,а егото не ти дозволува да признаеш дека грешиш,но тоа е тоа...
Секако дека се апсат ситни риби или кога срањето благодарејќи на новинарите ќе исплива на површина па власта мора нешто да преземе за да не делува тотално корумпирано.
Како и колку полицијата делува имаш изјава од поранешен генерал мајор на руската полиција кој објаснува дека таквиот начин е СИСТЕМ таму а не некаков исклучок.
Или човекот е соросоид?

Зошто Путин во пауза меѓу кршењето кичми во џудо,возењето Мигови,сухои и противпожарни авиони и трчањето на 100 метри за 6 секунди или слично (во кои има луѓе што сеуште веруваат, во старата добра руска традиција на митот за Царот Баќушка) не извршил притисок за да се решат вакви случаи?
Затоа што е дел од таквиот систем...и тоа на врвот...

Твојата перцепција е ограничена од локалниве настани.
Не знам што за тебе е новинар или новинарство, но секако перцепцијата ти е лимитирана накај ликовите и делата на локалните квази новинари за кои се согласувам дека се нечии кучки...Латас,Миленко,Јанко,А-1,Канал-5 и кои уште не да не ги набројувам џабе...
И неквалитетот,партиската послушност и немањето кичма ги проектираш општо на новинарството како професија - глобално...
Што е точно за многу земји но во никој случај не е правило...

Но колку и да ти изгледа неверојатно има квалитени новинари кои истражуваат и работат крајно совесно и професионално од двете страни на океанот,вклучително и Русија...

Ах овака емоционално не праам муабет.Па ти се молам.
Како што реков,непристраноста кога се работи за такви настани,а за кои пратејќи ги руските извори се јауваат постојано ја препуштам на политички коректните и “објективните“...
А бидејќи не сум кибернетски организам последен пат кога проверив барем :vozbud:, ниту пак андорид, можно е некој пост да делува поемоционално...јеби га...
Абе емоции...ееее во некои стари добри времиња заради одмазда за некого се таманеле цели села како Лидице...
А новинарите служеле како пропаганден инвентар...носталгија да го фати чоек нели?...:)

По дифолт нели државата е секогаш крива.А ако е Русија во прашање тогаш и не е воопшто дискутабилно режим па било кој да е.Беа комунистите не чинеа дојдоа капиталистите бетер .А ако ги прочиташ сите оние коментари под вестите на линковите кои ги закачи народот бара смртни казни и строгост без судење во превод да се врати комунизмот т.е она по кое редовно плукаш.
А кој е крив?
Замешани се државни стреуктури а во некои случаи се и организатори...тоа ти е...
И што има разлика во тоа дали бил комунизам или капитализам?
Системот им е крајно корумпиран и нефункционален...

Народот е бесен и бара,точно,но читни ги и реакциите на локалните жители кои се тотално рамнодушни,како тоа да се случува некаде во соседна галаксија а не кај нив...

Околу комунизмот и капитализмот има друга тема на која може да се дебатира така да не би одел оф топик на оваа тема...
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Грешка.
На оние шират дезинформации.
Ако така сакаш да го преформулираме ајде нека ти биде.Претпоставувам ти одредуваш што се класифицира како дезинформација? :) :)

Нема никава анархија во Русија.
Анархија и хаос не се синоними,но и онака залудно ќе објаснувам како на многу други теми...
Едно време беа популарни Секс Пистолс и екипа ама ете некако одлевав на тие работи.И точно немав многу разбирање за сите оние кои пробуваа да го докажат истото и кога ги гледав во паркчиња со вино и пластични чашки,облеани во чад на ,,цигари,, во маички од Сид Вишис и Че,дебатирајќи жустро и полусвесно дали Томас Мор бил во право или не обично само одминував.Знам ке речеш клише и се ама ете така е,па од таму може и мојата ненамерна грешка во мешањето на поимите.
Постапокалиптична е.
Во споредба со што да речеме?Мора да има некоја референтна точка?

Темата е за Русија и новинарите...инаку има убиства на новинари и во Ирак,Бурма,Сиера Леоне...како и во Русија.
Не знам дали има убиства на новинари во Норвешка,Чешка,Португалија...Естонија...се сомневам...
Ете имаш и изјави од луѓе кои биле на местото на настанот и како се заташкувало све и статистики за иљадниците исчезнати луѓе...
Но тоа е руската реалност...
Има убиства на новинари и во САД,Канада,Шпанија,Бразил.Настрана фактот што нели на дел од територијата од Русија се водеа војни.А настрана и фактот дека Русија територијално е голема колку сите тие земји што ги наброја заедно.
Сериозно го мислам тоа.
Твоите ставови се далеку од русофилски.
Пред се поради различната перцепција.
Ма те разбирам јас убаво што сакаш да кажеш.Од таму и зеленкото,ми се допадна начинот како фино ги пакуваш твоите перцепции :) :) .
Појавите како масовни гробници на девојчиња или дедовштина или умирањето на 90.000 раја од алкохол секоја година се работи за кои ти не сакаш да се знае бидејќи даваат реална соголена слика за Русија.
Не јас малку подруго ги перцепирам,веројатно заради тоа што знам како е да се преживее таков период на распаѓање на една држава и систем,и повторно градење на истиот.Знаеш сеуште не сум сигурен дали си тука или пратиш од страна,но судбината на Русите ја делам,и истата ја осеќам на своја кожа.За разлика нели од оние ,,демократите,, и ,,статистичарите,, кои ги делат земјите на пропаднати или не.Не дај боже да дознаам ама би ми било интересно да речеме да гледам статистиките ако се осамостои Тексас да речеме :) :) .
Твојот став е ист како оној на нивната елита која не сака да се знае за тоа.
Охо,стасав до елитата.Ќе си го сватам како комплимент.Уште фалеше да живеам во Русија или имам некаква корист па да имаше логика во она што го кажа. :)
Дали си свесен дека ако не се разобличат тие работи,тие срања ќе продолжат и понатаму?
Па не знам еве свесен ли сум?Немој Тоукатер овака ептен е клише. :)
бидејќи на крај ќе испаднам најголем русофил :vozbud:...
Е тоа веќе е невозможно.Дури и да пробаш да го препакуваш онака како што знаеш.Ама ајде давам шанса се е можно :) .
ако ништо друго барем редовно ги пратам нивните медиуми и сајтови на кои има одлично инфо од многу области...
Па знам и тоа ме чуди.На толку пратење како што велиш ти редовно,аман бе мајку му стара па зарем не виде ни трошка надеж?Зарем ниту една позитивна работа?Јас од кога те читам на форумов не сум налетал на ништо такво.Како да читаш од Сомалиски агенции.
Можеби фактите не се поклопуваат со твојата перцепција,а егото не ти дозволува да признаеш дека грешиш,но тоа е тоа...
Хе хе,не знам може сум ти кажал ама мене форумоштвово ми е строго разонода во време кога немам што да правам во реалниот живот.Тој момент кога емиционално ке почнам да си го сваќам веројатно ке го паркирам ПЦто во канта.
Секако дека се апсат ситни риби или кога срањето благодарејќи на новинарите ќе исплива на површина па власта мора нешто да преземе за да не делува тотално корумпирано.
Хм па ако тој милијардерот кој владее со половина медиуми и индустрија(а меѓуредови читај и остало) ти е ситна риба тогаш навистина имаме ептен разлики во перцепцијата.
Како и колку полицијата делува имаш изјава од поранешен генерал мајор на руската полиција кој објаснува дека таквиот начин е СИСТЕМ таму а не некаков исклучок.
Ах тие поранешни генерал мајори,поранешни капетани на ,,Петар Велики,, за кои бродот не може да плови,поранешни министри за одбрана за кои фалат стотици нуклеарки. :) :)
Или човекот е соросоид?
Немој мене со тие куршуми.Таа категорија во дискусијава јас не ја вметнав.Провери поназад.
Зошто Путин во пауза меѓу кршењето кичми во џудо,возењето Мигови,сухои и противпожарни авиони и трчањето на 100 метри за 6 секунди или слично (во кои има луѓе што сеуште веруваат, во старата добра руска традиција на митот за Царот Баќушка) не извршил притисок за да се решат вакви случаи?
Затоа што е дел од таквиот систем...и тоа на врвот...
Фиу,сериозно обвинување.Па популизмот е мода а нацијата мора да верува во нешто во тешки времиња.И Германија ако се сеќаваш по првата светска војна ја спаси едно такво човече.Знаеш за кого зборувам нели?Вака така оној кој решава таму т.е народот веќе долго време тој Путин не го дава.А неретко Рускиот народ има покажано дека со него играчки нема.Така да се додека нему не му е доста сепак твоите перцепции остануваат само твои.

Твојата перцепција е ограничена од локалниве настани.
Е ова болеше. :) А форумов Свет и меѓународни случувања а јас не сум мрднал од него :) .Значи ептен сум ја згрешил.
Не знам што за тебе е новинар или новинарство, но секако перцепцијата ти е лимитирана накај ликовите и делата на локалните квази новинари за кои се согласувам дека се нечии кучки...Латас,Миленко,Јанко,А-1,Канал-5 и кои уште не да не ги набројувам џабе...
Не погрешно си ме сватил.Во мојата перцепција пробувам да ти повлечам паралела како погоре меѓу нашето општество и Руското,од проста причина што ја делиме истата болка,транзиција после распад на еден систем и земја,и истите форми на притисоци и специјална војна од блокот кој ни беше и сеуште ни е делумно противник.(Не ме бомбардирајте и јас сум за интеграции и запад ама ЈБГ тие сакаат да ме избришат како нација а во мојот речник тоа ке му дојде некој вид на војна не?)А ова со ,,пртисоцците врз слободното новинарство,, и ,,газење на човековите права,, ми се ептен клишеа па заради тоа и со резерва ги земам сите тие работи.Жал ми е сепак што мислам дека демократијата на начин на којшто ти ја гледаш не е баш апликативна на општества како нашево или Русија.Сеуште не.
И неквалитетот,партиската послушност и немањето кичма ги проектираш општо на новинарството како професија - глобално...
Што е точно за многу земји но во никој случај не е правило...
Но колку и да ти изгледа неверојатно има квалитени новинари кои истражуваат и работат крајно совесно и професионално од двете страни на океанот,вклучително и Русија...
Ех ех пак ме маваш со лоши камење.Јас убаво кратко јасно и концизно си го завршив моето воведно излагање на темава
Со сета должна почит кон оние малкумина новинари кои егото не го ставаат пред интересите на општеството.
Така да немој со таа муниција :) .
Знаеш можеби и немаше да се вмешам на темава да не влезеше ти со тешката артилерија.Барем за една работа со перцепцијата сме тука,не сакаме да се шират дезинформации.
А кој е крив?
Замешани се државни стреуктури а во некои случаи се и организатори...тоа ти е...
Тоа се сериозни обвинувања.Тешко дека можеш да го аргументираш.
И што има разлика во тоа дали бил комунизам или капитализам?
Па има.Ама поентата ми е воглавно во контекст на она плукањето по Русија.Тој систем не чинеше,овој не чини и на крај се сведува на она што го кажа ти јасно,најубаво да пропадне Русија како општество,и сето тоа малку фрла сенка врз твоето ,,реално,, перцепирање на Русија и системот.
Системот им е крајно корумпиран и нефункционален...
Твој предлог за систем компатибилен за Русија?Ако воопшто постои таков?

Народот е бесен и бара,точно,но читни ги и реакциите на локалните жители кои се тотално рамнодушни,како тоа да се случува некаде во соседна галаксија а не кај нив...
Јас тоа некако пробувам да ти го потенцирам веќе на неколку теми,ама изгледа безуспешно.Да,РУсите како народ се ладни и безчуствителни или како што ти би рекол рамнодушни.И не само кон ова.Постојат милион примери во кои Русите го докажале тоа низ историјата,исто како што докажале дека не знаат да простат,па макар да е и Путин.Не за џабе државата им е 1/5 од светската територија.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Ефтини обиди на западните земји да се заебаваат со држави преку потплатени НВО и слични здруженија и новинари не им успева веќе ни во Македонија, камо ли во Русија.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Еве како некоја си русинка убива една жена и инвалидизира друга, како излегува од колата откако ги прегазува жртвите и гледа дали браникот и е свиткан...
Плус реакциите на минувачите...абе мува не ги лази,ниту да помогнат на жртвите ниту ги перцепираат...


Типката била ослободена бидејќи била ќерка на претседателката на сибирскиот изборен регион...
Дури после објавувањето на снимката на јутјуб и реакцијата на новинарите е поведена постапка против неа по неколку месеци од настанот...

Јас тоа некако пробувам да ти го потенцирам веќе на неколку теми,ама изгледа безуспешно.Да,РУсите како народ се ладни и безчуствителни или како што ти би рекол рамнодушни.И не само кон ова.Постојат милион примери во кои Русите го докажале тоа низ историјата,исто како што докажале дека не знаат да простат,па макар да е и Путин.Не за џабе државата им е 1/5 од светската територија.
Тотално дехуманизирани е правиот збор...
Што докажале или не не знам но по распадот на СССР беа 153 милиони а сега се 139...за 18 години...нешто не им оди баш...
Или и ова е успех...по руски...
Cannot fuck with nature...they are dying out...

Опыт показывает, что простым привлечением вниманија моно много добитьсја - например того, что следствие и суд к проблеме отнесутсја по-другому, а не так как сејчас. Если не помоет, будем думать, что еште можно сделать.

Искуството покажува дека, со самото привлекување на внимание, единката може многу да постигне. На пример, по медиумскиот публицитет, судот и понатамошната истрага ќе го третираат овој случај различно од досегашната практика. Ако ова не помогне, тогаш ќе смислиме нов начин за решавање на проблемот.
http://mk.globalvoicesonline.org/03/09/3637
http://vodpod.com/watch/4249183--14-

П.С. Видеото е крајно вознемирувачко...гледајте на сопствена одговорност...
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ да прегазеше кучки или мачки од цел свет ке пуштеа потера по неа ама вака за луѓе се работи не е толку интересно и замисли нема добиено нити една закана по живот од хуманитарцине
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ефтини обиди на западните земји да се заебаваат со држави преку потплатени НВО и слични здруженија и новинари не им успева веќе ни во Македонија, камо ли во Русија.
Македонија хммм... како да ти кажам некако е како кога гледаш филм на пример Prison Break и одма ти паѓа во очи оној младиот тип со невина фаца и мутав изглед и јасно ти е...
Тој ќе биде нечија кучка...

Во затворот наречен Балкан, РМ е таа кучка...
Нешто посебно некој интерес изгледа и немаат од ЕУ...

Хинт...
ЕСМ=ЕВН
Телеком=Т-Мобиле,Уан,Вип...
Банките=наведи-било-која-странска-банка...

Сета енергетска,финанскиска и телекомуникациска инфраструктура е во рацете на СТРАНЦИ ама тоа нели и не е толку битно...
Важно новинарите да не ја расипуваат забавата и розефката реалност...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom