Грешка.
На оние шират дезинформации.
Ако така сакаш да го преформулираме ајде нека ти биде.Претпоставувам ти одредуваш што се класифицира како дезинформација?
Нема никава анархија во Русија.
Анархија и хаос не се синоними,но и онака залудно ќе објаснувам како на многу други теми...
Едно време беа популарни Секс Пистолс и екипа ама ете некако одлевав на тие работи.И точно немав многу разбирање за сите оние кои пробуваа да го докажат истото и кога ги гледав во паркчиња со вино и пластични чашки,облеани во чад на ,,цигари,, во маички од Сид Вишис и Че,дебатирајќи жустро и полусвесно дали Томас Мор бил во право или не обично само одминував.Знам ке речеш клише и се ама ете така е,па од таму може и мојата ненамерна грешка во мешањето на поимите.
Во споредба со што да речеме?Мора да има некоја референтна точка?
Темата е за Русија и новинарите...инаку има убиства на новинари и во Ирак,Бурма,Сиера Леоне...како и во Русија.
Не знам дали има убиства на новинари во Норвешка,Чешка,Португалија...Естонија...се сомневам...
Ете имаш и изјави од луѓе кои биле на местото на настанот и како се заташкувало све и статистики за иљадниците исчезнати луѓе...
Но тоа е руската реалност...
Има убиства на новинари и во САД,Канада,Шпанија,Бразил.Настрана фактот што нели на дел од територијата од Русија се водеа војни.А настрана и фактот дека Русија територијално е голема колку сите тие земји што ги наброја заедно.
Сериозно го мислам тоа.
Твоите ставови се далеку од русофилски.
Пред се поради различната перцепција.
Ма те разбирам јас убаво што сакаш да кажеш.Од таму и зеленкото,ми се допадна начинот како фино ги пакуваш твоите перцепции
.
Појавите како масовни гробници на девојчиња или дедовштина или умирањето на 90.000 раја од алкохол секоја година се работи за кои ти не сакаш да се знае бидејќи даваат реална соголена слика за Русија.
Не јас малку подруго ги перцепирам,веројатно заради тоа што знам како е да се преживее таков период на распаѓање на една држава и систем,и повторно градење на истиот.Знаеш сеуште не сум сигурен дали си тука или пратиш од страна,но судбината на Русите ја делам,и истата ја осеќам на своја кожа.За разлика нели од оние ,,демократите,, и ,,статистичарите,, кои ги делат земјите на пропаднати или не.Не дај боже да дознаам ама би ми било интересно да речеме да гледам статистиките ако се осамостои Тексас да речеме
.
Твојот став е ист како оној на нивната елита која не сака да се знае за тоа.
Охо,стасав до елитата.Ќе си го сватам како комплимент.Уште фалеше да живеам во Русија или имам некаква корист па да имаше логика во она што го кажа.
Дали си свесен дека ако не се разобличат тие работи,тие срања ќе продолжат и понатаму?
Па не знам еве свесен ли сум?Немој Тоукатер овака ептен е клише.
бидејќи на крај ќе испаднам најголем русофил
...
Е тоа веќе е невозможно.Дури и да пробаш да го препакуваш онака како што знаеш.Ама ајде давам шанса се е можно
.
ако ништо друго барем редовно ги пратам нивните медиуми и сајтови на кои има одлично инфо од многу области...
Па знам и тоа ме чуди.На толку пратење како што велиш ти редовно,аман бе мајку му стара па зарем не виде ни трошка надеж?Зарем ниту една позитивна работа?Јас од кога те читам на форумов не сум налетал на ништо такво.Како да читаш од Сомалиски агенции.
Можеби фактите не се поклопуваат со твојата перцепција,а егото не ти дозволува да признаеш дека грешиш,но тоа е тоа...
Хе хе,не знам може сум ти кажал ама мене форумоштвово ми е строго разонода во време кога немам што да правам во реалниот живот.Тој момент кога емиционално ке почнам да си го сваќам веројатно ке го паркирам ПЦто во канта.
Секако дека се апсат ситни риби или кога срањето благодарејќи на новинарите ќе исплива на површина па власта мора нешто да преземе за да не делува тотално корумпирано.
Хм па ако тој милијардерот кој владее со половина медиуми и индустрија(а меѓуредови читај и остало) ти е ситна риба тогаш навистина имаме ептен разлики во перцепцијата.
Како и колку полицијата делува имаш изјава од поранешен генерал мајор на руската полиција кој објаснува дека таквиот начин е СИСТЕМ таму а не некаков исклучок.
Ах тие поранешни генерал мајори,поранешни капетани на ,,Петар Велики,, за кои бродот не може да плови,поранешни министри за одбрана за кои фалат стотици нуклеарки.
Немој мене со тие куршуми.Таа категорија во дискусијава јас не ја вметнав.Провери поназад.
Зошто Путин во пауза меѓу кршењето кичми во џудо,возењето Мигови,сухои и противпожарни авиони и трчањето на 100 метри за 6 секунди или слично (во кои има луѓе што сеуште веруваат, во старата добра руска традиција на митот за Царот Баќушка) не извршил притисок за да се решат вакви случаи?
Затоа што е дел од таквиот систем...и тоа на врвот...
Фиу,сериозно обвинување.Па популизмот е мода а нацијата мора да верува во нешто во тешки времиња.И Германија ако се сеќаваш по првата светска војна ја спаси едно такво човече.Знаеш за кого зборувам нели?Вака така оној кој решава таму т.е народот веќе долго време тој Путин не го дава.А неретко Рускиот народ има покажано дека со него играчки нема.Така да се додека нему не му е доста сепак твоите перцепции остануваат само твои.
Твојата перцепција е ограничена од локалниве настани.
Е ова болеше.
А форумов Свет и меѓународни случувања а јас не сум мрднал од него
.Значи ептен сум ја згрешил.
Не знам што за тебе е новинар или новинарство, но секако перцепцијата ти е лимитирана накај ликовите и делата на локалните квази новинари за кои се согласувам дека се нечии кучки...Латас,Миленко,Јанко,А-1,Канал-5 и кои уште не да не ги набројувам џабе...
Не погрешно си ме сватил.Во мојата перцепција пробувам да ти повлечам паралела како погоре меѓу нашето општество и Руското,од проста причина што ја делиме истата болка,транзиција после распад на еден систем и земја,и истите форми на притисоци и специјална војна од блокот кој ни беше и сеуште ни е делумно противник.(Не ме бомбардирајте и јас сум за интеграции и запад ама ЈБГ тие сакаат да ме избришат како нација а во мојот речник тоа ке му дојде некој вид на војна не?)А ова со ,,пртисоцците врз слободното новинарство,, и ,,газење на човековите права,, ми се ептен клишеа па заради тоа и со резерва ги земам сите тие работи.Жал ми е сепак што мислам дека демократијата на начин на којшто ти ја гледаш не е баш апликативна на општества како нашево или Русија.Сеуште не.
И неквалитетот,партиската послушност и немањето кичма ги проектираш општо на новинарството како професија - глобално...
Што е точно за многу земји но во никој случај не е правило...
Но колку и да ти изгледа неверојатно има квалитени новинари кои истражуваат и работат крајно совесно и професионално од двете страни на океанот,вклучително и Русија...
Ех ех пак ме маваш со лоши камење.Јас убаво кратко јасно и концизно си го завршив моето воведно излагање на темава
Со сета должна почит кон оние малкумина новинари кои егото не го ставаат пред интересите на општеството.
Така да немој со таа муниција
.
Знаеш можеби и немаше да се вмешам на темава да не влезеше ти со тешката артилерија.Барем за една работа со перцепцијата сме тука,не сакаме да се шират дезинформации.
А кој е крив?
Замешани се државни стреуктури а во некои случаи се и организатори...тоа ти е...
Тоа се сериозни обвинувања.Тешко дека можеш да го аргументираш.
И што има разлика во тоа дали бил комунизам или капитализам?
Па има.Ама поентата ми е воглавно во контекст на она плукањето по Русија.Тој систем не чинеше,овој не чини и на крај се сведува на она што го кажа ти јасно,најубаво да пропадне Русија како општество,и сето тоа малку фрла сенка врз твоето ,,реално,, перцепирање на Русија и системот.
Системот им е крајно корумпиран и нефункционален...
Твој предлог за систем компатибилен за Русија?Ако воопшто постои таков?
Народот е бесен и бара,точно,но читни ги и реакциите на локалните жители кои се тотално рамнодушни,како тоа да се случува некаде во соседна галаксија а не кај нив...
Јас тоа некако пробувам да ти го потенцирам веќе на неколку теми,ама изгледа безуспешно.Да,РУсите како народ се ладни и безчуствителни или како што ти би рекол рамнодушни.И не само кон ова.Постојат милион примери во кои Русите го докажале тоа низ историјата,исто како што докажале дека не знаат да простат,па макар да е и Путин.Не за џабе државата им е 1/5 од светската територија.