Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Јас мислам дека кој и да победи на избориве ќе има нагoлемо непризнавање на резултатите, па тегавење плачење и чуда.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Руди е глуп ко шерпа. Не знам зошто Трамп е опкружен со вакви луѓе, ама целата таа пирамида започна да се руши. Пак, ако изгуби, нема да изгуби затоа што Хајден е паметен или затоа што тој има добар тим, туку затоа што Трамп има долг јазик и не знае да си го избере тимот. Мекенини ( :love: ) мора подобро да го спрема, а Руди мора пенисот да го чува во панталони до изборите.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Анализите и статистичките анкети се добри,,затоа што на површина го исфрлаат нивотѕо на наивност на тие што ги читаат па истите тие ги анализираат.
Американската многумилениумска демократија која до пред половина век отворено ги дискриминираше црнците за последнава година истите тие црнци велат дека сеуште се дискриминирани е сегрегирани во истото тоа нели многумилиениумско демократско општество каде еден човек има 50 милијарди долари а 50 милиони Американци имаат помалку од тој еден човек, е навистина за рубриката верувале или не,мислата дека таму решавачки ќе бидат некој гласови на некој таму.........
Вистинската битка започнува веднаш после изборите и таа ќе трае трае трае па мое мислење(или подобро речено желба) е се додека не ја доживее судбината на Британската империја .
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436

Ти си мојот јунак, чесен збор. Штета што не пишуваш почесто за господинот Трамп и светската политика.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Време е за вистински реформи во САД.
Дојдено е времето исто како кај нас 1990,Треба да почнат вистински реформи за да дојде до тоа мора да се подржи господин Трамп како најголем реформатор во амриканската историја(сличен на нашиот најголем реформатор Црвенковски) прво ќе мора да се избори за потоа да дојдат реформите кои ќе го променат од корен американското општество.Мора прво треба да се уништи се што е гнило.Ме бендиса како вистински ги ословува Бајденовци без ракавици.Еден фин културен речник кој за жал го користи и Бајден.Е сега тоа ги разочара проамериканците низ целиот свет кои такви бајки им раскажуваа на своите сонародници за ветената земја,да сега ќе треба време за да го преболат и заборават овој срам што им го донесе оваа предизборна трка помеѓу неприкосновениот господин Трамп против Бајденовци.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Се сеќавам на дискусиите на почетокот на 90-тите кога како многу млад човек ги учев од тогаш новопечните либерални демократи кои до вчера беа комунистички демократи,дека најважната разлика меѓу нашето дотогашно општество и ветената земја е во почитување на процедурата безпоговорно и така процесното право води кон вистинска демократија и праведно општество.
Млад човек лесно ќе поверува во убавите приказни и бајки, но кај мене тоа не помина без тоа да го видам па на крајот и сето тоа доктринарно да го проучам.
Се сеќавам ни велеа дека американскиот потпредседател после мандатот како потпреседател се кандидира за преседател и ако загуби од противкандидатот се повлекува од политиката и може да има само накое почесно место.Се сеќавам дека кај нив има такви закони и непишани правила да непотизмот е незамислива појава.
Се сеќавам дека нивото на американска демократија е таков да лични навреди обвинувања напади со побуди на ниски страсти и сите останати појави кои се слични на претходноспоменатите се оставени далеку во минатото.
Се сеќавам дека велеа дека расисмот нацизмот се толку успешно решени да се земаат како пример за тоа како треба да се уредат и другите општества.
Се сеќавам на тоа дека објективното новинарство е синоним со американската демократија,и пулицеровата награда е Ѕвездата водиља а СНН прав бастион на објективното и професионално новинарство се со цел на Американецот да му достават објективни информации од кои ќе може сам да донесе заклучок за настаните.Нешто спротивно од Латас.
Се сеќавам дека секое праведно општество ќе мора во одредена мерка да ги има принципите на Француската револуција особенои братство и еднаквост.
Се сеќавам...........
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Затоа треба да се вратиме на старата и добра царштина или пак советската империја. Чим умре лидерот се собираат тие 5-6 души во ЦК и фино лепо бираат нов 85 годишен лидер, па после година две истото. Потоа лидерот ги бира регионалните намесници и нивните намесници и све така по ред. Ако некој спомне нешто во медиуми веднаш отров во шишето и нека цркне. На протест од 500 души пушташ исто толку полицајци па нека ги искршат од тепање, кој курац па тие да протестираат против царот, зашто ако царот рекол така мора да е така. Ако имаш ваму ЦНН и Фокс, во царштината имаш само ЦНН или само Фокс. Или па ако некој спомне/напише за царот нешто лошо веднаш во зандана. Тоа мене ми се чини дека е подобро, кој курац па да се размислува малку поразлично. Не е на народот да мисли и да протестира, си има цар тој ќе му ја да мисли за нив. Царот не смее да биде сменет, ниту да му се меша некој во изборот за наследник. Кој ќе го избере честитиот и мудар цар тој ќе ја владее царштината, а народот збор да не писне за царот, зашто царот знае најдобро е најмудар и најчесен.
 
Постов е добар затоа што е на вистинска тема и ја отсликува внатрешнополитичката американска денешница.
Втората поента на постов е жесток напад на комунизмот кој е мртов.Значи обид е да се убие веќе мртвиот .
Трето,некој паметен човек рекол дека полоши од комунистите се само антикомунистите.
Четврто и најважно е неможноста на многу луе да направат баланс помеѓу минатото сегашноста и иднината.Некој остануваат закопани во минатото и се борат со битки кои поминале па ги искривуваат нивниот тек па претпоставуваат па што би било кога би било.....вторите се тие кои живеат во иднината и нив најлесно ги дефинира поимот фантазери, и третите кои се реалисти и живеат во сегашноста но толку преокупирани со неа што немаат световид да проникнат во иднината и подлабоко во општествениот живот.
Вистинскиот баланс е многу тежок за пронаоѓање,а за пишувачов на постот и за сите такви како него заробени во минатото апсолутно недостижен.
За жал тоа е така.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592

Г-динот Бачев со поддршка и писмо до г-динот Трамп.

„Моето обраќање до Вас се темели врз едноставна правдина - да ја држиме судбината во наши раце и врз желбата на мојот македонски народ гордо да ја ставиме Македонија на прво место во согласност со вашите залагања да ги ставаме своите земји на прво место и дека тоа е во ред и тоа е она што треба да го правиме.

Ние високо ги цениме вашите упорни усилби за еден нов свет на слободни, национални и суверени држави. Затоа, имам задоволство да ве информирам дека во пресрет на изборите во САД на 3 ноември, сите очи на Македонците во земјата и странство се свртени во ваша победа на изборите која е големата шанса за човештвото и македонскиот народ.

Во вакви тешки и одлучувачки моменти за г-динот Трамп оваа поддршка сигурно ќе му го зацрта патот кон победата, а и потоа соодветно ќе биде наградена.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180

Сигурен сум дека Трамп ќе седне и со елан ќе го чита писмото на Бачев. :pos:
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Мудар потег на Трамп е што ја преместил неговата адреса од државата Њујорк во Флорида, и со тоа стекнал право и гласаше на овие избори во Флорида, да направи реклама и да проба да привлече некој неопределен гласач плус во Флорида. Флорида му е поважна на Трамп и таму ќе има неизвесна трка околу победникот во Флорида и освојувањето на електоратите, во Њујорк и Калифорнија Трамп немаа шанси. Иако не е Трамп за предвремено гласање ниту на избирачки места ниту преку пошта, Трамп гласаше баш преку пошта на изборите за Конгресот пред две години.

Оние кои мислат дека Трамп нема да признае резултати од изборите, нека заборават на такво нешто, тоа не е боранија од држава за да поединци се ставаат на дрзок начин над останатите во државата, нема да има таму циркуси како кај нас што имаше на 27 Април 2017.

Прочитав дека гласовите кои ќе пристигнат по пошта ќе се броеле 20-тина денови а мнозинството на луѓе кои гласаат преку пошта се подржувачи на Бајден, за очекување е дека после 3 Ноември и изборниот ден Трамп или ќе има тенка предност или ќе бидат горе-долу изедначени резултатите со Бајден, и прилично ќе одлучуваат гласовите по пошта.
Бајден ќе слави 78 роденден на 20 Ноември и ќе биде интересно во каква атмосфера ќе го прослави роденденот.

Во 2000 за 537 гласови победи Џорџ Буш јуниор на Флорида против Ал Гор и со тоа стекна клучни ( тогашни) 25 електорати од Флорида, за 271-266 победа за Буш во електорати. Сега на овие избори може да има таква неизвесна трка во Висконсин, Пенсилванија.....

Трамп тоа писмото на Бачев може да го искористи за потпалување на оган да се стопли. ;)
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.152
Поени од реакции
35.239
Доколку победи Бајден, а по се изгледа така ќе биде, ќе мора да го испорача социјализмот што го вети Берни, а он се залепи како мува на гомно за да земе гласови. После тоа ќе почне крајот на Америка каква што ја знаеме.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Доколку победи Бајден, а по се изгледа така ќе биде, ќе мора да го испорача социјализмот што го вети Берни, а он се залепи како мува на гомно за да земе гласови. После тоа ќе почне крајот на Америка каква што ја знаеме.
Ништо нема да испорача, Берни му даде подршка на слепо, со една комисија и три ветувања, ќе ги прелаже како по обичај, смешно е што Трамп го обвинува Бајден за социјализам, Бајден е умерен центристички републиканец по речиси сите параметри.

Ќе се разочараат тие левичари и прогесивци кај Берни од Бајден многу повеќе од што мислат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom