Се мислев каде да го напишам коментаров дали тука или во темана за Европска Унија па одлучив тука дека е pinned thread. Кој има нешто да додаде бујрум.
Едно предвидување за Америка и Европа, и односите помеѓу САД и ЕУ во наредните 10-20 години.
Исходот од војната во Украина ќе доведе до раскол помеѓу САД и ЕУ. Европа веќе премногу изгуби додека Америка се држи релативно добро.
Трамп веќе најави дека ќе мава рекет и ќе бара останатите НАТО членки да го зголемат нивниот придонес кон буџетот на алијансата. Доколку се врати на власт очекувам да се влошат односите помеѓу Европа и Америка. А и да победи Бајден, ми делува дека е неизбежно некој со исти ставови како Трамп да стане претсадател во наредните 10-15 години.
Следен чекор на Брисел ќе е поголема централизација, цензура и одење фул ЕУССР со цел да им парира на САД и Кина. Ништо чудно и да пробаат да направат ЕУ армија која нема да му се допадне ни на САД ни на Русија.
Меѓутоа Европската Унија не може никогаш да биде САД. Америка е основана од луѓе кои избегале од опресивната Европа, Америка е идеја и начин на живот која за жал се уништува се повеќе и повеќе. Плус еврото нема никогаш да биде како доларот.
ЕУССР не само што ќе биде нападната од надворешни сили, првенствено САД, туку и од внатрешни центри на моќ. Се работи за унија составена од држави/империи со вековен континуитет и само прашање на време е кога национализмот ќе се врати на голема врата. Не може вечно да се игнорираат националните прашања и проблеми на буквално сите држави само за да се задоволат комуњарите во Брисел.
Макрон е олицетворение на оваа политика - кур го заболе за Франција, побитно му е да стане лидер на ЕУ. Чим една Франција која е нели светска сила не може да тера сопствена политика, што останува за останатите.
Еве една тазе анкета - дали држава е на прав пат
Печена е Европа за радикални промени.
Дали ова значи распад на ЕУ? Можеби.
Во Америка како што се менува демографската слика така ќе се менува и политиката.
Процентот на луѓе со потекло од Европа константно се намалаува, а се зголемува на Латиносите. Еден Латино го заболе таквото за Европа.
Војна во Украина? Уво нема да му чуе на некој Гомез или Хернандез кој го води Стејт департментот за немири во Европа. Не се презива Нуландски или Блинкен чии баби и дедовци биле избркани од Русија па да има вековна желба за одмазда и да праќа стотици милијарди долари и тенкови во неповрат.
Исто ќе биде и со Израел, многу маски паднаа после 7 октомври. А статистиката покажува дека младата генерација во САД гледа негативно на Израел. Сепак таа конекција помеѓу САД и Израел е првично европска. Според многумина Израел е последниот бастион на европскиот колонијализам, а згора на тоа ја имаш и колективната вина што ја чувствуваат западњаците за холокаустот.
Латиносите, црнците, азијатите, итн. не се емотивно поврзани со Европа и Израел.
Прашање е како Америка ќе се справи со губењето на статусот на светски полицаец. Дали ќе успеат да ја зачуваат федерацијата и успешно да свртат ново поглавје ќе видиме, само времето ќе покаже.
Просто кажано - светот ќе се врати на геополитичката состојба пред Првата Светска Војна со повеќе регионални сили и неколку доминантни империи.
Дали ова значи повеќе конфликти? Да.