Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.310
Поени од реакции
18.146
Овај график кажува многу. Трамп победи иако имаше само 47% републиканци. Тоа значи добил солиден број гласови од независните.

1706164523322.png

 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.681
Поени од реакции
11.911
Како што Германија во 1930-те години послужи како пример за тоа како се уништуваат основните човекови слободи и права на еден народ по легален и се разбира демокраски пат, тогаш несомнено таквиот пример во 2020-те години, ако не и во целата прва половина на 21-от век, ќе биде сојузната американска држава Калифорнија.

https://off.net.mk/vesti/svet/kalifornija-onamu-kade-shto-slobodata-odi-za-da-umre

Калифорнија, онаму каде што слободата оди за да умре

25 јануари 2024 - 14:02

Некогаш синоним за слобода и животни шанси, денес Калифорнија пишти под разбудената агенда на гувернерот Гавин Њусом и суштински еднопартиската држава на која може да позавиди и кинескиот претседател. Децата во Калифорнија денес повеќе знаат за клима и зелени каузи отколку таблица за множење или граматика. А наскоро и рагби ќе им забранат.



Таканаречената Златна Држава прво беше дом на Златната треска, потоа на Холивуд па на технолошката револуција во Силициумската долина. Калифорнијците долго време се гордееја со тоа наследство. За време на дебатата во 2022 година против гувернерот на Флорида Рон ДеСантис, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом се пофали дека неговата држава е симбол на слободата.

„ Иако ова некогаш можеше да биде вистина, под раководство на Њусом и на, во суштина еднопартискиот законодавен дом на државата, Калифорнија се трансформираше во нешто непрепознатливо “, пишува Џоел Коткин.

Калифорниската власт денес ги принудува продавниците да имаат родово неутрален дел за играчки. Се обидува да извлече милијарди како репарации за ропството. Упорно пробува да го контролира говорот и да ги индоктринира младите. Се обидува да го регулира буквално секој аспект од животот во име на „спасување на планетата“.

Иронично, денес најмногу слобода во Калифорнија уживаат мигрантите без документи, бездомниците и ситните криминалци можат да прават срања без многу да се секираат дека некој ќе ги гони.



Кога Њусом водеше кампања за градоначалник на Сан Франциско пред 20 години, вети дека ќе го елиминира бездомништвото за 10 години. Сега бројот на бездомници во Калифорнија расте, не само во Сан Франциско, туку и низ целата држава.

Севкупно, во Калифорнија се 30% од вкупното американско бездомно население.

Оние што плаќаат даноци, држат семејства, рентаат или купуваат куќи имаат „слобода“ да ја трпат највисоката стапка на криминал во последната деценија. Средната и работничката класа во Калифорнија имаат „слобода“ да плаќаат меѓу највисоките даноци во земјата.

Во меѓувреме, бизнисите претрпуваат регулаторно цунами, со над 400.000 правила до кои треба да се придржуваат, број што не е споредлив со која било друга држава.

Калифорнија можеби некогаш беше либерална и слободарска, но сега тлее под сè понелибералната „прогресивна“ агенда. Уште како градоначалник, Њусом бараше од фармерските пазари во градот и добавувачите на храна да нудат само „здрава и одржлива храна“ а ги принуди градските работници да ги сечат крофните на половини или четвртини, за да не се дебелеат.



Законодавците на Калифорнија донесоа закони кои го ограничуваат она што лекарите можат да им го кажат на своите ковид пациенти. Овие правила ги спречија експертите од Универзитетот Стенфорд да сведочат на суд за образовното влијание на карантините.

„ Калифорнија сè повеќе ефикасно функционира како еднопартиска држава. Владата на Њусом покажа авторитаризам на кој би можел да позавиди кинескиот претседател “, пишува Коткин.

Додека наводно „репресивните“ републикански држави како Тексас и Флорида работат на спречување на онлајн цензурата, Калифорнија на Њусом се обидува да ја контролира содржината на социјалните медиуми. Сериозно ги намали правата на семејствата, цврсто поддржувајќи ги училиштата за да им дозволат идентификација на родово збунети деца и тоа зад грбот на нивните родители.

Забранија вајпање и размислуваа да забранат цигари за сите родени по 2007 година, засекога. А тоа е држава каде што марихуаната е суштински легална.

Еден од последните предлози: да им се забрани на деца помлади од 12 години да играат американски фудбал.



Најголем авторитаризам има во образованието во кое суверено владее светото тројство „диверзитет, еднаквост и инклузија“ и секој сомнеж во таа агенда може да резултира со добивање отказ.

Истиот тој школски систем маестрално не успева да ги едуцира децата. Помалку од половина од учениците ги исполнуваат националните стандарди за писменост и едвај секој петти ги исполнува оние за математика.

Ама затоа им се додаваат нови лекции, за климатски промени, за раси... Под палка на добро организирани даскали-активисти, децата од Калифорнија денес се повеќе запознати со деколонизацијата и зелените прашања отколку со таблица множење или граматика.

Државна работна група ja поддржа идејата за доделување 1,2 милиони долари на секој потомок на робови. Сето ова во држава во која ропството никогаш не било легално, барем кога била американска контрола. Се разбира, Калифорнија нема пари за оваа програма за репарации поради нејзиниот огромен буџетски дефицит. Долгот се има зголемено благодарение на тројно зголемување на јавната потрошувачка по глава на жител во последните 50 години.



Ништо не го забрза падот на Калифорнија колку државниот фетиш околу климатските промени. Под Њусом, Калифорнија усвои низа закони (ги викаат „Зелениот Џим Кроу“) кои прават речиси да е невозможно да се изградат станови сo прифатливи цени.

Прилагодено на трошоците за живот, Калифорнија сега има најголем процент на луѓе кои живеат во сиромаштија. Со други зборови, милиони Калифорнијци имаат слобода да бидат сиромашни.
 

Макед0нер

Red Devil
Член од
7 март 2012
Мислења
755
Поени од реакции
642
Нешто се спрема во Тексас многу телеграм канали пренесуват инфо прорускиот Intel Slava Z деновиве освен за Тексас нема објавено инфо за руско/украинскиот конфликт
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.401
Поени од реакции
40.220
Нешто се спрема во Тексас многу телеграм канали пренесуват инфо прорускиот Intel Slava Z деновиве освен за Тексас нема објавено инфо за руско/украинскиот конфликт
Тексас жели да избаци Бајденови федерални вукови са границе и да воспостави своја контрола.
 

Макед0нер

Red Devil
Член од
7 март 2012
Мислења
755
Поени од реакции
642
Тексас жели да избаци Бајденови федерални вукови са границе и да воспостави своја контрола.
25 сојузни држави го подржуват и Трамп дади подршка допрва доаѓат проблеми за сенилниот старец кој неможе да стави ред во државата а соли памет и демократија низ цел свет да му ебам све по список издуван куртон
 

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.351
Поени од реакции
1.961
Додека наводно „репресивните“ републикански држави како Тексас и Флорида работат на спречување на онлајн цензурата, Калифорнија на Њусом се обидува да ја контролира содржината на социјалните медиуми. Сериозно ги намали правата на семејствата, цврсто поддржувајќи ги училиштата за да им дозволат идентификација на родово збунети деца и тоа зад грбот на нивните родители.

Какво е тоа наводно спречување на цензура од страна на Флорида објасни ми?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.967
Поени од реакции
7.354
25 сојузни држави го подржуват и Трамп дади подршка допрва доаѓат проблеми за сенилниот старец кој неможе да стави ред во државата а соли памет и демократија низ цел свет да му ебам све по список издуван куртон
:neetaka:
Не е дека не можат да стават ред. Намерно и прецизно плански се прави, со децении. Народ во меѓувреме го залажуваат, на празно да се надева, додека си ги реализираат плановите.

 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.098
Поени од реакции
4.878
Нешто се спрема во Тексас многу телеграм канали пренесуват инфо прорускиот Intel Slava Z деновиве освен за Тексас нема објавено инфо за руско/украинскиот конфликт
Не се спрема, спремно е со децении само сега дојде време да еруптира.

Прашање прво, на колку чекори од граѓанска сеанса се?
(на 5 :D )

И второ, дали заради оваа може да се случи да нема демоНкратски избори во земјата на стара демоНкратија?
(сите чекаме :D, само.... дали ќе дојде до смена на името?)
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.098
Поени од реакции
4.878
Администрацијата на Бајден му постави ултиматум на гувернерот на Тексас Абот, барањето е да престане со самоволието на границата и да се потчини на Вашингтон.
Му дале еден ден (24 часа) за ова.
Обвинителот од Тексас одговори со обвинување за администрацијата на Бајден за дослух со мексиканските нарко-картели за шверц на бегалци преку границата во САД.
Гувернерката на Јужна Дакота изразила подготвеност да испрати национална гарда на државата во Тексас за да му помогне на Абот.

...ај нека е со арно...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom