Limbo
maybe an alien
- Член од
- 26 декември 2007
- Мислења
- 835
- Поени од реакции
- 1.471
Моментално не стојат добро за Берни работите, но не стојат добро и за демократите на изборите, Бајден е многу лош кандидат против Трамп. Иако на хартија Бајден нема да има големо водство (Калифорнија уште се пребројува), наративот кај корпорациските медиуми сега е дека трката е решена, дури повикувааат дека уште сега треба да се откаже. Тие секогаш и отворено беа против него, сега уште толку имаат простор за манипулација и гушење на борбата понатаму, а голем дел од постарите генерации тоа го примаат нефилтрирано и не се толку бистри да сфатат што се случува. Конзервативните демократи се консолидираа брзо (има многу индиции дека добар дел од конците во позадина ги повлекол лажниот прогресивец и полубог кај демократите Обама). А дури и ако освои повеќе делегати сега, тоа нема да биде убедливо и нема да му дозволат да биде тој кандидат на конвенцијата, без разлика што тоа уште повеќе ви ја поткопало нивната позиција на генералните избори, па и понатаму. Ворен ако имаше и најмал сомежнеж досега, сега се потврди дека е, со нејзини зборови „just a player in the game" и тука е само да му биде кочница на Берни, се надевам барем ѝ е ветено нешто, во спротивно е политичар со најлоши политички инстинкти и се изглупира за ништо. Не верувам дека е до толку глупава колку што е дволична, но од друга страна Трамп ја натера да прави ДНК тест за индијанското потекло така да...
Има улога медиумската пропагандата и сеењето страв од „социјализам“, позадинските договори меѓу естаблишментот и ред други сплекти кои дел отпосле ќе ги дознаеме, меѓутоа голема вина нормално има и самиот Берни со неговиот „џентламенски“ пристап на недиректно напаѓање на „пријателите“ Бајден и Ворен, кои му забија 100 ножа во грб и не пропуштааа прилика да го оцрнат. Тој вели дека те секогаш те презирал зошто си сакал Обама да има противкандидат, ти викаш Бајден е многу добар пријател и пристоен човек, уште му се извинуваш зошто некој од твоите со аргументи разложил дека е корумпиран иако скандалот со син му е очигледно класичен пример за корупција, без разлика дали Трамп направил нешто неконстутиционално или не во тој случај. Ворен ти прави хајка дека си сексист и не знам што уште драми увежбани сцени пред камери, ти не сакаш да се "спуштиш" на тоа ниво и да посочиш дека таа била сеуште републиканец додека ти се имаш залагано за правата на жените. Со среќа сега што ќе им објасниш на 60+ годишни медиумски лоботомизирани дека имаш подобра програма за обичниот човек и подобра историја на гласови. Дури и со медиумите играше „фер“ со благи поплаки, ама во стилот еве јас не сум Трамп не ве обвинувам дека сте непријатели на луѓето ...освен што, има многу индиции дека е така и Трамп на тој начин ги делигитимизира, а ти после секое „извинување“ им даваш легитимитет и простор да ја поместуваат границите понатаму, а ти мора да се правдаш и објаснуваш за сѐ поапсурдни обвинувања. Го сфаќам гледиштето дека ако ги нападнеш Бајден и медиумите ќе те обвинат дека ја делиш партијата, му даваш аргументи на Трамп и ќе те споредуваат со него - но, тие тоа и онака го правеа тоа и досега. Секако од сега е главен виновник ако Бајден изгуби во Ноември, без разлика што ќе се понижува пак да му дава поддршка по собири ко на Хилари и да лиже тоа што (со право) го плукал. Не можеш на витешки начин без ни малку да си ги извалкаш рацете да освојуваш политичка борба од тој обем, посебно не кога имаш такви моќни противници и кога тие најмалку се грижат за ферплеј. Тоа требаше да го научи од 2016та. За Берни дополнителна штета е што нема дебати дури до 15ти Март, затоа што Бајден евај склопува реченици и што повеќе простор има за зборење повеќе треска глупости, Трамп без разлика што не е когнитивно многу поарен, ќе го уништи во директен дуел. Можам да замислам само кога републиканците ќе го испречат на реклами како им ги мириса косите и непристојно допира мали девојчиња, најдобриот кандидат да се победи Трамп

Аха, лудачата е решена повеќе од било кога да ја продолжи „борбата“, мислиш во тесна трка е за прво место. Кои ќе беа реакциите на нејзините поддржувачи ако таа беше на место на Берни... Единствено што може е да го попречи уште повеќе, ништо чудно и да и е веќе ветено нешто само до остане во трката, СуперПАК-от што излезе да ја поддржи со 10ина милиони, спроти досегашните нејзини божемни принципи не е случаен, а не е сигурно ни затоа што некој верува дека има шанси да победи. И на минатите избори и било ветено ВП дека ќе биде на Хилари, па не го поддржа Берни, само што на крај извиси. Лесно се откажува од борба против естаблишментот, одма се повлече од М4А штом ѝ намигнаа дека е нивни моментален фаворит, а не пак во овој момент да се реши да направи непријателство со нив, дури ако се откаже поверојатно ми е дека ќе го поддржи Бајден моментално. Ворен се откри дека нема идеологија, масовен опортунист е, плива на бранот на популарноста, платформата и беше препишана од Берни. Дури има изразени психопатски карактеристики кои многу повешто ги крие од Хилари на пример, па многу луѓе ја перцепираат како автентична и искрена, иако во добар дел од животот била републиканец и има долга историја на навидум ситни политички неискрености, кои откриваат многу. Ако во моментов ако сака да поврати дел од кредибилитетот кај прогресивните гласачи е да се откаже и поддржи Берни, но мислам дека не и е гајле за тоа а и секако е предоцна.Најверојатно Блумберг ќе го подржи Бајден. Останува само да видиме дали Ворен ќе му даде подршка на Сандерс и бар да му помогне да остане во живот во трката.