Чекајте малку, мене стварно не ми е јасно како може да води Трамп? Една асална работа немам прочитано на нетов за него, една. Сите можни популарни веб сајтови, youtube-ери, фејсбук страни цело време зборат против него.
Еве, последно, видете и децава од KIDS REACT што мислат за него.
Дури мислам и како намерно цело време да зборат против него, а пак тепа. А ме потсеќа и на ситуацијава во земјава.
Тука ги заборавам голем дел од Американците кои не користат интернет и гледаат само републиканско-наклонети телевизии и презимето Трамп ги асоцира на успех или има уште нешто?
Па, во последната реченица делумно ти лежи одговорот на прашањето зошто Доналд Трамп ужива висока доверба и популарност кај американците.
Да, добар дел од американците го кажуваат своето мислење во јавност, а не на Интернет, каде што врие од тролови, но не - телевизиите кои застапуваат про-републикански ставови, не се ни малку обожаватели на Доналд Трамп.
Типот е успешен бизнисмен кој вработува илјадници работници од секакви националности, раси и религиски определби низ сите делови на САД, и знае добро да ги искористи своите бизнис врски за да допре до средната класа, која е најзагрозена во моментов во САД.
Ајде за споредба погледни го портфолиото на неговите противници - Тед Круз, Марко Рубио, Хилари Клинтон, Берни Сандерс - кој од овие кандидати е успешен бизнисмен или направил нешто добро за обичниот американски смртник ?
Батали ги Интернет коментарите и статиите, тие имаат бумеранг ефект, додека нивните автори очекуваат нивните негативни критики и плукања по Трамп да резултираат со помала доверба во него кај гласачите и помала популарност, во пракса се случува спротивното - со секоја нова навреда и негативна критика упатена кон Трамп, неговата доверба и популарност кај гласачите расте.
На крајот од денот, типот е уште еден најобичен профитер и манипулант, но сепак пристапува кон американските гласачи поинаку од неговите противници - не излегува со политички приказни и со секојдневни ветувања, туку излегува со конкретни планови, како на пример, неговиот план за даночна реформа, кој предвидува секој граѓанин кој не е во брачна врска, а заработува до 25.000 американски долари годишно, да не плаќа данок на личен доход, а истото да важи и за брачните парови кои заработуваат помалку од 50.000 американски долари годишно.
За останатите, Трамп планира намалување на даноците, така што најнискиот данок би изнесувал 10% од годишната заработувачка, а највисокиот данок би изнесувал 25% од годишната заработувачка.
Еве ја табелата со планираниот даночен план од
официјалниот веб сајт на изборната кампања на Доналд Трамп за 2016 година.
Бог знае дали ова воопшто ќе стане реалност во САД доколку Трамп биде избран за претседател, но барем типот излегува со конкретни бројки и знае како да игра со зборови и ветувања, за разлика од останатите политичари кои претежно само дудлаат, и токму тоа придонесува за големата доверба и популарност која Трамп ја ужива кај американците.