Во ред е да имаш фаворит, па макар и тоа да е Берни Сандерс.
Се што спомна ти држи вода, но не заборавај дека тука станува збор за кандидати со политичка и деловна позадина, а тоа во превод значи дека имаат свои интереси во позадина кои ги негуваат со својата кандидатура и кои ќе ги негуваат со својот евентуален избор за претседател на САД.
Јас лично немам доверба во ниту еден политичар, сите ги сметам за лажговци, измамници и лицемери.
Земи го Доналд Трамп за пример - актуелниот фаворит кај Републиканската Партија на САД.
Доналд Трамп до вчера се правеше поддржувач на Демократската Партија на САД, па дури и отворено и јавно потврди дека донирал финансиски средства за потребите на изборната кампања на Хилари Клинтон во 2008 година, а сега типот преку ноќ стана конзервативец. За волја на вистината, се претставува себеси како либерален конзервативец кој нема ништо против хомосексуалците и абортусот, но сепак истовремено ги брани христијанството, семејните вредности и фискалната одговорност. А истиот овој тип кој говори за фискална одговорност е основач и сопственик на компанија која во два наврати - во 2009 и во 2014 година, има прогласено банкрот и во двата наврати, од никаде како магија успева да обезбеди капитал со кој ја спасува фирмата од ликвидација. Е овој тип ми говори за фискална одговорност
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
.
Со други зборови кажано, се претставува себеси како човек кој ќе биде избалансиран претседател на САД, односно човек кој ќе биде претседател на сите, наместо да фаворизира едни, а истовремено да дискриминира други - како што е сегашната пракса на Барак Хусеин Обама.
И да ти бидам искрен, да бев јас од вчера и ако бев државјанин на САД, со двете раце ќе гласав за Трамп ако беа утре изборите, но бидејќи не сум од вчера и знам дека типот пати од ептен пренапумпано его, не би гласал за него, освен ако единствена друга опција би ми била Хилари Клинтон.
Избор помеѓу Доналд Трамп и Хилари Клинтон е избор помеѓу голем лажливец и поголем лажливец, избор помеѓу голем лицемер и поголем лицемер, избор помеѓу големо зло и поголемо зло.
Бенџамин Карсон од друга страна, не се срами да ги спомнува отворено и јавно сите свои негативни карактеристики од детството - дека бил уличарско дете кое лесно се тепало кога, каде и со кого ќе му текнело, го мрзело да учи, но бидејќи мајка му никогаш не кренала раце од него, сепак успеал да стане човек и успешен неврохирург, а истовремено нема никаква деловна или политичка позадина за разлика од останатите кандидати.
Но кога сме кај генетички модифицираните отрови, компаниите кои се занимаваат со нивното производство и со нивниот извоз, дистрибуција и продажба, на дебело ќе профитираат доколку биде усвоено и доколку стапи на сила Транс-Пацифичкото Партнерство (ТПП) кое токму Бен Карсон отворено и јавно го поддржува.
Токму затоа, и покрај тоа што од сите кандидати најмногу ми се допаѓа Бен Карсон, сепак не би гласал ни за него токму поради неговата поддршка за ТПП.
А дедото Берни Сандерс е од редовите на Демократската Партија на САД, а ако претседателите на САД кои беа избрани од редовите на таа партија покажаа и докажаа нешто низ вековите, тогаш тоа е дека секогаш имаат прикриена агенда и секогаш имаат задни намери.
Не дека Републиканците се нешто поарни, но барем за Демократите се знае дека се покажани и докажани лажговци, измамници и лицемери.
Додека Републиканците се обожаватели на големите бизниси и корпорациите, Демократите се обожаватели на лобистите и подмитувачите, а особено на малцинствата, бидејќи од Граѓанската Војна во САД во 19-от век па наваму, Демократската Партија на САД речиси никогаш не успеала да ја ужива целосната доверба на американското мнозинство, а Франклин Делано Рузвелт е исклучок кој го докажува ова што сега го спомнав, бидејќи Рузвелт беше избран за време на Големата Економска Депресија, но сепак и тој се покажа и докажа како лажливец, измамник и лицемер, типично за припадник на Демократската Партија на САД.
Во својот инаугурален говор во март 1933, Рузвелт говори за регулирање на работата на банките и банкарите кои ја предизвикаа економската криза од 1929 година, а откако ја превзеде власта, сеуште не ја ни загреа фотељата во Овалната канцеларија, а веќе ја потпиша и ја издаде една од неговите најозлогласени извршни наредби во април 1933 со која им го конфискуваше сето злато на сите граѓани на САД и нареди истото да биде стопено во златни прачки и транспортирано во американската воена база Форт Нокс, а со истата оваа извршна наредба го направи незаконско поседувањето на злато за американските граѓани и го направи казниво криминално дело. Типот ја укина Прохибицијата на алкохолот и на алкохолните пијалоци, ама затоа воведе нова Прохибиција, овој пат Прохибиција на злато, која беше укината дури 42 години подоцна - во 1975 година од страна на претседател на САД од редовите на Републиканската Партија - Џералд Форд, откако неговиот претходник Ричард Никсон - исто така од редовите на Републиканската Партија, во 1971 година го напушти златниот стандард со кој вредноста на американскиот долар се темелеше врз количината на злато со кое располагаат резервите на злато на САД.
Покажани и докажани лажговци, измамници и лицемери - најкраток можен опис за припадниците на Демократската Партија на САД и сите службени лица кои биле избрани на избори за било која јавна функција, а биле или сеуште се членови на оваа американска политичка партија.