Сакаше да кажеш:
Значи каков циркузант е овој Берни Сандерс.
Навистина неверојатно е како е можно во втора деценија на 21-ви век во светска суперсила како САД, да постојат вакви циркузанти кои себеси се исмеваат до толку ниско ниво.
Ај кога би било ова Колосеумот во Рим или некој циркус, глупостите кои Сандерс ги тропа не на кило, туку во тони, килотони, мегатони, гигатони, тератони... би биле темели на добра комедија.
Но не, овој идиот се исмева себеси пред американската и пред светската јавност затоа што е платен за да и` ја овозможи на Хилари Клинтон номинацијата на Демократската Партија на САД за кандидат на партијата за претседател на САД на редовните претседателски избори кои треба да се одржат во ноември 2016.
Кога би се случувало ова во некоја уназадена вукојебина - вклучувајќи ја и нашава вечна татковина како што пвеводбениците милуваат да ја нарекуваат - би било добар циркус, но кога човек ќе види дека нешто вакво се случува во светска суперсила како САД, навистина треба да се штипне себеси за да се увери дека не сонува.