Сандерс, иако(најверојатно) нема да победи на претстоечките избори, ги начнува почетоците на социјалната револуција во САД, и веќе создава(некаква) култура на отпор кон корпоративниот капитализам во кој е западната земјата. На почетокот беше комплетен анонимус, за сега да стигне до ситуација, иницијалниот главен фаворит на демократите - Клинтон, да биде повеќе заплашена од него, него ли од републиканските кандидати(тоа може да се провери и потврди од јавните дебати).Сандерс себеси се дефинира како „социјален демократ“, етикета која во менталната матрица на американскиот народ секогаш се става во негативна конотација (американците презираат социјализам или било која идеологија блиска на социјализмот) Вака етикетиран, идеолошки е на различна линија од партијата за која се кандидира. Храбар потег, со оглед на фактот што не може да собира политички поени врз основа на идеолошката заднина на партијата за која формално е номиниран, а која е една од двете најподдржувани во Америка, и можеби чекор напред кон рушење на поларната хегемонија на Републиканската и Демократската Партија, кои немаат ништо ново да им понудат на народот - освен она познато статус кво, дека ќе работат во интерес на мултинационалните корпорации. Друга работа, кој ме тера да верувам дека и самиот тој верува и стои зад тоа што го зборува, е конзистентноста на неговите ставови низ целата негова (дооолга) политичка кариера(човекот има 73 години), за разлика од психопатката Клинтон, која нон стоп релативизира, и ги менува ставовите „како ќе дувне ветрот“, се' само заради собирање на политички поени. Околу надворешната политика, Сандерс беше категорично против нападите на Ирак, а Клинтон од друга страна, изгласа „за“ ( и подоцна самата призна дека згрешила во однос на тоа). Е сега, колку тој може да ја смени империјалистичката политика на земјата - не знам, оти супер овде, некој спомна дека претседателите се прилагодуваат на истата, а не обратно. И уште еден, можеби мал индикатор дека би работел во интерес на „средната класа“, е финансирањето на неговата претседателска кампања. Сандерс, за разлика од сите останати кандидати кои се финансирани од корпорации, ги одбива донациите од истите, и го лимитира износот на 250 долари од донација. Моментално просечна донација му е 33 долари.
Имаше една интересна шега која циркулираше низ интернетов, од Џими Фелон
"Ben & Jerry's ice cream wants to make a flavor inspired by Bernie Sanders. Whatever flavor it winds up being, we know Bernie will hate it for being too rich." –Jimmy Fallon