И познавајќи ги условите за време на големата депресија и стандардот на злато, лоша одлука беше конфискувањето и топењето на златото или не?Додека Републиканците се обожаватели на големите бизниси и корпорациите, Демократите се обожаватели на лобистите и подмитувачите, а особено на малцинствата, бидејќи од Граѓанската Војна во САД во 19-от век па наваму, Демократската Партија на САД речиси никогаш не успеала да ја ужива целосната доверба на американското мнозинство, а Франклин Делано Рузвелт е исклучок кој го докажува ова што сега го спомнав, бидејќи Рузвелт беше избран за време на Големата Економска Депресија, но сепак и тој се покажа и докажа како лажливец, измамник и лицемер, типично за припадник на Демократската Партија на САД.
Во својот инаугурален говор во март 1933, Рузвелт говори за регулирање на работата на банките и банкарите кои ја предизвикаа економската криза од 1929 година, а откако ја превзеде власта, сеуште не ја ни загреа фотељата во Овалната канцеларија, а веќе ја потпиша и ја издаде една од неговите најозлогласени извршни наредби во април 1933 со која им го конфискуваше сето злато на сите граѓани на САД и нареди истото да биде стопено во златни прачки и транспортирано во американската воена база Форт Нокс, а со истата оваа извршна наредба го направи незаконско поседувањето на злато за американските граѓани и го направи казниво криминално дело. Типот ја укина Прохибицијата на алкохолот и на алкохолните пијалоци, ама затоа воведе нова Прохибиција, овој пат Прохибиција на злато, која беше укината дури 42 години подоцна - во 1975 година од страна на претседател на САД од редовите на Републиканската Партија - Џералд Форд, откако неговиот претходник Ричард Никсон - исто така од редовите на Републиканската Партија, во 1971 година го напушти златниот стандард со кој вредноста на американскиот долар се темелеше врз количината на злато со кое располагаат резервите на злато на САД.
Покажани и докажани лажговци, измамници и лицемери - најкраток можен опис за припадниците на Демократската Партија на САД и сите службени лица кои биле избрани на избори за било која јавна функција, а биле или сеуште се членови на оваа американска политичка партија.
Дај боже да победи!!!ШОКАНТНА ВЕСТ ЗА САД: Сандерс има 6 отсто повеќе гласови од Хилари Клинтон!?
Трката во Демократската партија на САД, кој ќе биде кандидат на претстојните претседателските избори го достигна својот врв. Според последните анкети, Берни Сандерс, во целата земја има шест проценти повеќе гласови од Клинтон.
Студијата траела пет дена, а резултатите се објавени денеска. Според нив, за Берни Сандерс би гласале 41,7 отсто од приврзаниците на Демократската партија, додека Хилари Клинтон добила поддршка од 35,5 отсто од гласачите.
Во Америка, процентот на грешка е пет отсто, така што односот на гласовите се третира како “мртва трка”.
Сепак, ова е шокантна вест за американската политика, затоа што само за еден месец се случи голем пресврт. Според досегашните истражувања, објавени на 23 јануари, Хилари Клинтон имаше пет проценти повеќе гласови од Берни Сандерс. Но, сега излегува дека за еден месец поддршката на Клинтон паднала за цели 11 проценти.
http://reporter.mk/2016/02/24/фото-шокантна-вест-за-сад-сандерс-има-6/
И познавајќи ги фер и демократските услови во кои беше избран Франклин Делано Рузвелт во 1932 година, ако навистина конфискувањето на златото на американските граѓани беше од јавен интерес, зошто Рузвелт немаше тестиси за да предложи предлог закон или резолуција за да биде усвоена од американскиот Конгрес и/или американскиот Сенат, туку директно издаде извршна наредба за преку ноќ да биде конфискувано сето злато на сите граѓани на САД ?И познавајќи ги условите за време на големата депресија и стандардот на злато, лоша одлука беше конфискувањето и топењето на златото или не?
Или сепак било од јавен интерес?
Или си апла игнорантен или си недоволно информиран за случајов кој сам го отвори на темава.И познавајќи ги фер и демократските услови во кои беше избран Франклин Делано Рузвелт во 1932 година, ако навистина конфискувањето на златото на американските граѓани беше од јавен интерес, зошто Рузвелт немаше тестиси за да предложи предлог закон или резолуција за да биде усвоена од американскиот Конгрес и/или американскиот Сенат, туку директно издаде извршна наредба за преку ноќ да биде конфискувано сето злато на сите граѓани на САД ?
Или па ајде, да речеме дека конфискувањето на златото навистина било од јавен интерес, дали мислиш дека 42 години беше оправдана забраната за купување и поседување на злато ?
Па нели Големата Депресија заврши со јапонскиот напад врз Перл Харбор на 7 декември 1941, со што САД и официјално станаа учесници во Втората Светска Војна, а од истата таа војна во 1945 година излегоа како победничка држава и како светска суперсила ?
Ако веќе државата ти е светска суперсила која штотуку извојувала победа во глобален вооружен конфликт, зошто веќе во 1945 година не ја укинаа забраната за купување и поседување на злато, наместо дури 30 години после победата на САД во Втората Светска Војна ?
По логика на твојот начин на размислување, еве ти едно прашање за една друга држава западно од Беринговиот Проток:
Дали присилната колективизација, масовните депортации на цели народи - претежно малцинства, и тоа за време на мир, односно во периодот помеѓу двете светски војни, па големиот глад на почетокот на 1930-те години, познат кај Украинците како Гладомор, па големиот терор и чистките од 1930-те години, над 15 милиони затвореници низ советските гулази во 1930-те години, беа од јавен интерес за Советскиот Сојуз ?
Бидејќи ако ги погледнеш статистиките, златните резерви на Советскиот Сојуз ептен брзо пораснале во текот на 1930-те и 1940-те години, бидејќи рудниците во Арктичкиот Архипелаг, Магадан и други региони работеле турбо. Е сега, за волја на вистината, луѓето кои ја ископувале рудата биле робијаши во советските гулази со задолжителна дневна квота која секој рудар морал да ја исполни, или во спротивно ризикувал да го остават без храна и да го натераат да работи уште една смена и да надомести за неисполнетата квота, а истовремено да исполни уште една квота, а во зима ризикувал да го остават и без храна и гол да го исфрлат надвор на студот, па нека се снаоѓа како знае и умее, но сепак златните резерви масовно пораснале.
Јосиф Висарионович Сталин дури имал и свој приватен тефтер во кој водел статистика за големината на златните резерви на Советскиот Сојуз, а исто како и Франклин Делано Рузвелт и Барак Хусеин Обама, имал телефон и пенкало, па потпишувал и издавал наредби за погубување на десетици илјадници луѓе, но најверојатно и тоа било од јавен интерес, нели ?
Намерно го употребив Советскиот Сојуз како контра-пример наспроти политиките на Франклин Делано Рузвелт, бидејќи знам колку голем обожавател си на Русија, инаку ќе те прашав и за нас - македонските смртници - дали ни е од јавен интерес да плаќаме високи цени на нафтените деривати и на струјата, само бидејќи државата не се откажува од парите од акцизите, кои континуирано ги поскапува како што цената на нафтата на светските берзи паѓа, или станува збор за организиран државен грабеж ?
Јас не отворив никаков случај на темава, туку само спомнав дека сите припадници на Демократската Партија на САД, исто како и сите јавни функционери кои произлегле од редовите на истата таа партија, се покажани и докажани лажговци, измамници и лицемери, а Франклин Делано Рузвелт може да се третира како исклучок кој го докажува ова што пред малку го спомнав, само бидејќи е единствениот претседател на САД кој бил избран за 4 претседателски мандати по ред, а бил припадник на истата таа Демократска Партија на САД.Или си апла игнорантен или си недоволно информиран за случајов кој сам го отвори на темава.
Зошто веќе во 2 поста за случајов не успеа да спомнеш дека всушност златото не било крадено од рацете на невините жители, туку заменето за долари, и зошто не спомна дека заради стандардот на злато и ‘хордањето‘ на истото се случуваше огромна дефлација на доларот, што би ја направило одлуката на Рузвелт неопходна за оживување на американската економија.
Значи повеќе се работи за форсирање на народот да го продаде златото кое што ја уништувало вредноста на доларот отколку крадење на златото, ама тоа не звучи баш толку добро во контекст на демонизација на владата, нели?
Всушност нема што да се расправаме, историските факти зборуваат сами за себе, а тие се дека Рузвелт им го спаси газот на америте за време на големата депресија и покрај тоа што ти продолжуваш со твојата реторика дека америте се спасиле не со неговите реформи туку со втората светска војна.
![]()
![]()
Па уште и твојата споредба на одредбава на Рузвелт со Гладоморот е, во најмала рака, комична.
И ај кажи ми, што требаше да направи Рузвелт поинаку? Да не ја направеше одредбава, што требаше да стори за да го сопре стандардот на злато кој ја уништуваше американската економија?
Па уште и за нафтени акцизи тропаш, дај, попаметен си ти од ова.
Зар не е Сандерс уште порадикален и поспротивставен спрема Трамп од Хилари? Тие имаат заедничко што се марионети (Хилари од големи корпорации, магнати, Вол Стритери и Сорос, а Трамп од конзервативното расистичко лоби, ред други магнати и тајкуни, и богатине фамилии од билдерберг груп).После 1 март ќе биде појасно, пошто во многу држави ќе има гласање. Баш би сакал Трамп против Клинтон да биде на крај. Имаат крајно спротивставени ставови.
Трамп е претставник на реакционерите, а Сандерс на социјалистите. И двете движења беа длабоко заспани, пред Русија од првото да направи државна идеологија, а второто да ја финансира насекаде низ Европа.Зар не е Сандерс уште порадикален и поспротивставен спрема Трамп од Хилари? Тие имаат заедничко што се марионети (Хилари од големи корпорации, магнати, Вол Стритери и Сорос, а Трамп од конзервативното расистичко лоби, ред други магнати и тајкуни, и богатине фамилии од билдерберг груп).
Сандерс го финансира народот на пример.
Две кладби губиш ако Берни стане претседател, така? ДВЕ!Трамп е претставник на реакционерите, а Сандерс на социјалистите. И двете движења беа длабоко заспани, пред Русија од првото да направи државна идеологија, а второто да ја финансира насекаде низ Европа.
И сега, ако во САД се случат избори во кои ќе се судрат претставници на тие движења, наместо стандардните политичари од калап, ќе биде баш забавна иронија.
Не се кладев на Трамп, не импутирај ко Заев. Се кладев против Сандерс. И против оној британскиот Сандерс.Две кладби губиш ако Берни стане претседател, така? ДВЕ!
Едната е дека внатре ќе ја добие Хилари, втората дека ќе го победи било кој од републиканциве. Тоа ќе биде еден многу убав ден. Ќе купам тегла, како Картман ќе ти ги собирам солзите у таа тегла, да бидат живо сведоштво за тоа дека некогаш си се кладел на Трамп.![]()
Мислам дека (лажам дека мислам, гуглав сеа малку) Обама имал огромен коефициент таму негде кон крајот на 2007ма. Наеднаш почнал да се намалува во Март, после победата во Ајова. Ако си следел во тој период, стварно така се движеа тогаш коефициентите? Оти еве го Март, а Берни добро се држи.Коефициентот за Клинтонка дека ќе биде номинирана за кандидат за претседател падна на 1.14. Не си го лажете умот со Сандерс, нема шанса.
Навистина не се сеќавам. Не се сеќавам дури ни дали сум следел во тоа време. Стар човек, јеби га, заборавам.Мислам дека (лажам дека мислам, гуглав сеа малку) Обама имал огромен коефициент таму негде кон крајот на 2007ма. Наеднаш почнал да се намалува во Март, после победата во Ајова. Ако си следел во тој период, стварно така се движеа тогаш коефициентите? Оти еве го Март, а Берни добро се држи.
http://understandinguncertainty.org/node/222Навистина не се сеќавам. Не се сеќавам дури ни дали сум следел во тоа време. Стар човек, јеби га, заборавам.![]()
Види, и спортски настан да е, малиот коефициент не укажува на тоа дека некој исход сигурно ќе се случи. Пресврти се секогаш можни. Не се сеќавам тогаш што точно се случи за да дојде до толку драматичен пресврт во коефициентите. Но во секој случај, коефициентите на кладилницие во глобала даваат одлични назнаки што ќе се случува во иднината на некој настан или серија на настани.http://understandinguncertainty.org/node/222
Еве дел. Не навлегов нешто многу длабоко во текстов, ама гледам тоа плавкото () почнува баш во овој период да скока. Од Март па до крајот на кампањата Обама од аутсајдер станува главен фаворит. Не знам како било, не сум следел кладилници, ама се сеќавам дека тогаш баш стаив кабловска у станот на факултет и гледав Си-Ен-Ен кај шо викаа "харизматичниот аутсајдер Обама, допадлив за младата популација" или нешто слично.
![]()