- Член од
- 1 февруари 2005
- Мислења
- 1.309
- Поени од реакции
- 1.831
Сигурно е корисно тоа, но колку повеќе, толку поубаво, башка има многу различни центрови во мозокот, а меморијата се развива со учењето, има краткорочна и долгорочна меморија, има и нормално својство мозокот да заборава. Во секој случај стариот тип образование во САД, Југославија или Сталинските учебници, генерираа силен кадар, набилдан мозок , со огромен логички потенцијал, ако потпадне на плодна почва може да стане гениј. Не случајно наши стари кадри се ценети на запад, тука се вклучувам и себеси. Но ако да речеме останеш во Македонија, нема фабрика каде да се развиеш, конструираш нешто, остануваш ништо.Za vezbanje na mozokot dovolno e sekojdnevno pol saat da igras šah, sudoku ili krstozborki..
Прва етапа е образованието, втор е развој, специјализација во фирмата, добиваш внатрешни информации како се конструира мерцедес, тие детали не се предаваат на факултет, а се внатрешни тајни на фирмата добиени преку многу години труд на многу луѓе, дел заштитени со патентни права.
Ајнштајн ако бил на село и немал услови ќе бил овчар, ако живеел сега во либерално образование, сигурно немало да биде истиот.
Тоа се прости закони, дел зависи од тебе, твој предиспозиции, поголемиот дел зависи од системот, целото образование и после образованието има ли фирми , фабрики, институти каде да се развиеш.
Последно уредено: