Единствена која од тие пленумци влезе во политика и си ги продаде идеалите беше Туфекџиќ. Повеќето од другите членуваа во Левица воглавно, ама Димчета не ги бендиса и ги избрка сите до еден. Никој од нив ниту има политичка кариера, ниту пак накалемил пара за тие протести кои ги водеа во минатото (не зборувам за парена револуција, туку студентското движење кое прво ја крена свеста во тој период).
Голем дел од нив водат најразни видови отпори цело време. Да не мислиш дека овие што јадат лајна цело време дека се протестирало селективно, ги воделе протестите за загаден воздух, дивоградби, промена на името и францускиот договор во владеењето на сдс?
Еднаш кога ќе се изгореш, после губиш волја. На страна гнасни фаци ко Тричко, Серала и ред други, 90% од момците/девојките кои водат протести за права се многу океј луѓе, кои ниту се партиски зависни, ниту работат во државни сектори, ниту одработуваат за партии.
Лично познавам многу од нив (и сум учествувал во нивни протести и ни давале помош за локални протести), а од друга страна знам какво мислење за нив имаат штаоските пацови од двете партии. Едниве викаат одработуваат за дпмне, другиве одработуваат за сдс, а тие луѓе се 100000000 поголеми луѓе од оваа штапска пацована.