Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
6 ноември 2024
Мислења
761
Поени од реакции
1.381
Пријавувај бе столе.

Јас од денес само пријавувам и не постирам ништо од сега се додека не се смири ситуацијава.

На другата тема развива дискусии за дивоградби..

Овде твитер муабети...

Бог знае што е следно
Не пријавувам. Само јавен таг ставам да си ја заслужат репутацијата како најдобри супермодови.
 
Член од
11 октомври 2024
Мислења
510
Поени од реакции
923
Според мое гледање на работите, но читам и странски веб портали МВР и Министерство за здравство до сега одлично ја вршат работата.

Ако остане на 59 жртви, тогаш тоа е огромен успех со оглед колку има тешко повредени. И не треба да се бара влакно секаде. Капацитетите на државата се тие и треба да се помага во овие моменти, а не одмага.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.683
Поени од реакции
20.284

Да, ама касно му текна на МВР да си ја врши работата. Да си ја вршеле работата како што треба немаше сега 59 деца да закопаме.
 
Член од
11 октомври 2024
Мислења
510
Поени од реакции
923
Да, ама касно му текна на МВР да си ја врши работата. Да си ја вршеле работата како што треба немаше сега 59 деца да закопаме.
Не им текнало доцна. На време си ја завршија работата. Дури истата вечер имало полицајци во цивилка што требало да следат продажба на дрога, а како што прочитав 14 годишен лик продавал (поправете ме ако грешам).

МВР е многу многу покомплексна структура од тоа што мислиш. Едни на други си удираат нож и треба многу време чистење.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.683
Поени од реакции
20.284
Не им текнало доцна. На време си ја завршија работата. Дури истата вечер имало полицајци во цивилка што требало да следат продажба на дрога, а како што прочитав 14 годишен лик продавал (поправете ме ако грешам).

МВР е многу многу покомплексна структура од тоа што мислиш. Едни на други си удираат нож и треба многу време чистење.
Не ме разбираш, мислев ако немало пропусти од нивна страна претходно.
Порано рација кога правеа се затвараше локалот и во марица сите кои немаат лични карти па идеа родители од станица децата си ги земаа.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
3.626
Поени од реакции
5.647

Во меѓувреме
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.635
Поени од реакции
15.304
Во следен период две работи можат да бидат пресудни.

Прва, дали ќе се направи студентско движење без влијание од компромитирано нво и партиски подмладоци.

Веќе се појавуваат судири и пред формално да се организираат. Едните се и за преодна влада (не сите, но има од нво и партии), другите, по рецепт на колегите од Србија, да се бара правна држава, институциите да функционираат и такви работи, па дали да бидат блокирани факултетите, кој би бил поводот и сл.

Втора, власта т.е. ДПМНЕ дали ќе отиде по патот на 2016 година, а некои веќе почнаа во тој правец. Повикуваат на апсења, жестока битка, второ полувреме со шарените. Тука има активни политичари, бивши функционери и луѓе што им се по медиуми, како онаа група што им е околу Курир (не се тоа само новинари).

Доколку им преовлада таа структура, пиши пропало за нив. Мора да направат дистинкција и да не го изедначуваат сето незадоволство со "шарените" и со сите да се пресметуваат, затоа што тогаш ќе направат две страни, а таа на која што тие ќе бидат, никој паметен сам не ја бира.
 
Vartolu

The Infamous Mobb
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.409
Поени од реакции
6.179
Се е пропаганда, го изнасликаа Пендиков и бистреа политика по сите телевизии, ги пратам бугарите и го зборувам нивниот јазик, многу добро го знам нивниот менталитет како и тој на србите, ти ако мислиш дека се хуманисти добро, твое право.
Абе другар џабе е, не се сфаќаме. Сите пратиме, ти реков не треба да генерализираш и треба да разграничиш државна политика од помош и сочувство за ваква трагедија.

Хуманисти? Ти да не прашваше човек по човек во Бугарија, и да не тргаше црти кој е хуманист а кој не е? Генерализацијата е лоша работа...
 
Член од
9 август 2014
Мислења
566
Поени од реакции
1.967
Овој независниот пленумец, по падот на режимот прво вработување директ во Влада. По некоја година му отворија маркетинг агенција. Први проекти на агенцијата - сајтот од СДСМ и сајтот koronavirus.gov.mk. Потоа и други владини сајтови.
За восхит е колку вакви неспособни паразити крепиме како држава. Само овде можеш да немаш буквално никаква квалификација која е маркетабилна на пазарот и да успееш.
Овој беше запишан на медицина,една година навреме,се врткаше по студентски организации( какп секое дете на комуњарски директори и професори).Тотален шалабајзер, се отпиша и се запиша на нешто како кобајаги на Фон, нешто во смисла политички наука. Не знам дали дипломира, директ го вработија како што кажа ти во некое од министерствата, па му отворија агенција. Препотентна, арогантна креатура која што пд вештини единствено знае да користи нож и вилушка.
Интересно како последен проект на агенцијата е во јуни кога падна сдс од власт.
Иначе стара комуњарска бањата фамилија. Таткото психијатар, но и кариерен криминалец Ѓорѓе Хаџи- Ангелковски:
Screenshot_20250321_184114.jpg
Условни казни за малтретирање, принудна работа и експериментирање врз пациенти додека бил директор на Бардовци. Во 2012 исто така условна казна за барање мито за инвалидски пензии на лица на кои им следувале. Малтретирање пациенти,насилство и се на крај со условна казна, рехабилитационо,во духот на психијатријата. :D
 
Прегледај го приврзокот 446593

про бро, дан требит работа? :icon_lol:
Шибај!
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.394
Поени од реакции
7.183
моментално ситуацијата е - не мора избори,да го ставиме апасијата премиер и претседател на држава и собрание па нека си игра диктатор

апасијата ќе го поверуваа многу луѓе ако одеше по идеологија односно стварање на синдикати кои се борат за права на вработените,вака како што е сега како делува себично и егоистички може да се нарече обичен куртон на политичката сцена
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.683
Поени од реакции
20.284
Јас пак сум скептична околу овие инспекциски проверки и дека ќе не биде во иднина.
Ќе го земам за пример Расчекор од Битола, ако сте биле некогаш во тој клуб ќе знаете дека во гужва не можиш до тоалет да отидеш, ти требаат 15 минути а камоли во случај на евакуација.
Еден влез е, има уште една врата, не знам дали се излегува од таму, се користи за складиште на локалот, и да е врата со излез таа е на страната на влезната, назад зад шанкот нема излез.
Друг проблем е што локалот е практично во куќа, на вториот спрат мислам луѓе живеат, во урбана населба се наоѓа.
Трет проблем е што нема паркинг простор.

Како овој клуб има легална лиценца мене не ми е јасно.
За против пожарни апарати не знам дали имал и во колкав број.

Внатре излегуваат скоро 50% малолетници, се пуши и немаа соодветна вентилација во местото.
Од Инспектори, од државни функционери сите имаат таму забави правено и сите тие работи пред очи им беа, нека не ми глумат сега многу многу.

Јагода на пример дознав дека општината не му издава дозвола оти не ги исполнуваат критериумите за работа, и тоа беше штала патем, во буквална смисла ама, порано стока се чувало внатре.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom