Сепак нешто да објасниме... за протести.
Прво, протести, собири, веројатно и пленуми - ќе има.
Големо и реално е незадоволството од тоа каква е државата, институциите, системот, претставничката демократија.
Младите, студентите имаат право да се борат, да бидат идеалисти, па и оваа нова генерација треба да има право на своја борба. Особено кога имаат ваков повод.
Бидејќи наративите ќе бидат преземени од Србија, тоа инсистирање на директна демократија, поради фалинките на претставничката, не ми се допаѓа. Директната демократија е добра само како коректив, а не како главно оружје. Има доста примери во историјата, што се негативно носи.
Се изгоревме од Шарена револуција, па сега дуваме на се.
Но, не може поради тоа што некогаш нешто се случило, да бараме од нив да бидат пасивни. Нека бараат свој пат.
Не е добро веднаш нивното незадоволство да биде изедначено со "шарените", особено тоа не смее да го прави власта.
Сега не сме 2016 година, меѓународните околности се поинакви, избори имавме пред помалку од една година, а колку и да ни е проблематична претставничката демократија, изборен легитимет постои, за разлика од изборите пред шарената, а за неколку месеци пак ќе имаме избори.
Едноставно кажано, нова шарена револуција, не зависи од волјата на шарените, од нивната сила, меѓународниот фактор, па ни студентски протести, во каква и форма да бидат, туку од потезите на власта.
Само со инфантилно однесување на власта, со одење во пресметка со студентите, со што ќе се постават како заштитници на системот, може да има големи политички потреси.
Но, доколку се толку политички идиоти (или свесно го штитат "системот"), тогаш не ни треба да се на власт и да ја водат државата.
Што треба да прават? Се спротивно од Вучиќ. Дај им поддршка, не ги напаѓај, плукај, пцуј, тепај, гази со кола, туку заштити ги. Остави да прекинат настава за да одадат почит, не им врши притисок преку директори на уличишта, декани.
Па, премиерот е професор на факултет, треба да е идиот да тргне во судир со студенти. Биди Тито и кажи: "Студенти су у праву".
И започни суштински промени или фаќај џаде, во спротивно не те бива за политика и да водиш држава.
******
******
Е сега да видиме за заблудите на нашата "интелигенција". Овие ставови ќе ги слушаме често, повеќето се глупости, а само мал дел држат вода.
1) Експертска влада, од независни експерти, интелектуалци, околу кои ќе има политички консензус е голема заблуда.
Нема ништо позависно од независен експерт кој ќе биде поставен да владее. Ниту, пак постојат такви чисти, совршени суштества, ниту во Македонија има луѓе кои што можат да управуваат одредени институции, да имаат искуство, а да не се дел од некоја структура.
А и секој што ќе дојде на власт, ќе мора да делува политички и да бара политички легитимитет.
2) Отворени листи и една изборна единица, е многу глупа комбинација и ништо не решава.
Ова глупост стана општоприфатена.
- Ако имаме една изборна единица и отворени изборна листи, значи дека испод секоја партија или движење ќе имаш листа на 120 (или 90 доколку направат реформа) имиња, од кои ќе одбереш едно.
Најголемиот дел ќе гласаат за лидерот, потоа доаѓа некој истакнат член, активист и единствено "позитивно" е што може да се протне некој "дисидент", но и тој може да биде ставен за незадоволните симпатизери, да не отидат да гласаат за друга листа.
Замислите една изборна единица, и ливче на кое ќе има барем 7-8 листи со по 120 имиња?! Па тоа ќе биде телефонски именик, а не гласачко ливче.
- Тоа што сака да се постигне, пратениците да одговараат на граѓаните, а не на лидерот, се прави со мнозински систем, а за да не се изгуби пропорционалната застапеност, најдобро е комбиниран изборен систем, нешто налик на 1998 година.
4) Ветинг или некоја проверка и прочистување му е добра идеја.
5) Идеализирање на странците, видовме дека е заблуда. Ќе мора ние да го изнесеме тој терет.